Промовирани огласи »

Потпис и од Македонија за размена на даночни информации: нов обрач околу даночните тајни

Државата поактивно се вклучува во борбата со даночната евазија и со сивата економија на глобално ниво

Македонија конечно ја потпишала Конвенцијата  за заедничка административна помош за даночни прашања на Организацијата за економска соработка (ОЕЦД) и на Советот на Европа. Со потписот државата поактивно се вклучува во борбата со даночната евазија и со сивата економија на глобално ниво, односно за тие цели со другите држави автоматски ќе разменува податоци.

Станува збор за Kонвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Taa овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли и слично. Конвенцијата претставува глобален инструмент за даночна соработка помеѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Инаку оваа конвенција беше првично создадена во 1988 година, а протоколот е усвоен во 2010 година. Станува збор за значаен мултилатерален инструмент достапен за сите форми на даночна соработка. Моментно потпсиници се 124 земји, а на списокот Македонија уште не фигурира што значи дека нашиот потпис ќе биде 125 по ред. 

Промовирани огласи »

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 19.07.2018г, поради уличен дефект ф-400мм во пределот помеѓу с.Кондово и с.Свиларе, прекинато водоснабдување ќе имаат  корисниците од с.Кондово и с.Свиларе од 10:00ч до завршување.

Промовирани огласи »

Криптовалутите денес продолжиле да јакнат, при што биткоинот, прв пат од јуни, ја проби границата од 7 500 долари, јави блумберг.

Најпопуларната дигитална валута на почетокот на тргувањето пораснала за дути 3,1 отсто, на 7 543 долари, а нешто подоцна тој раст спласнал на 0,8 отсто во Лондон, според пресметките на агенциите.

Ривалските валути, како рипл, етерум и лајткоин, забележале мешовити резултати, но воглавно ги задржале добивките остварени ден порано.

И покрај најновото јакнење, вредноста на биткоинот и понатаму е за 30 отсто пониска од историскиот рекорд, забележан во декември минатата година.

Промовирани огласи »

Тарифата во роаминг не ја знаат третина од корисниците

Третина од корисниците не ја знаат тарифата во роаминг

Речиси една третина (29 проценти) од корисниците на роаминг од Македонија не ја знаат тарифата кога ја користат услугата, покажува последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Во последните 12 месеци 18 проценти од населението користело роаминг. Мал дел од испитаниците (17 проценти) што знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг и од нив 20,4 проценти го користеле. Мнозинството од корисниците на регионален роаминг (80 проценти) сметаат дека тој е значително поевтин.

Најслабо запознаени со роамингот се лицата што имаат основно или пониско образование (54,7 проценти  не знаат што е роаминг) и лицата постари од 60 години (54,6 проценти не знаат што е роаминг). Повеќе од половина од испитаниците (59,3 проценти) што знаат што е роаминг не знаат дали имаат добра понуда за роаминг од својот оператор.

Според податоците од испитувањето на АЕК, во Македонија мобилна телефонија користи 95,8 проценти од населението, од кои 64,1 процент користат мобилен интернет, што е зголемување во однос на лани.

Задоволството кај тие корисници во однос на брзината на мобилниот интернет останува релативно иста (86 проценти), а цената и квалитетот се исто така на високо ниво како и во 2017 година.

Оне.ВИП, како што стои во наодите од испитувањето, е перцепиран како главен оператор кај 52,8 проценти од корисниците на мобилна телефонија, Македонски Телеком кај 46,5 проценти, а Lycamobile кај  0,9 проценти од корисниците. Процентот на корисници што се со двегодишен договор бележи мал пад од 1,7 проценти во однос на 2017 година и изнесува 58,4. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплаќаат за телефонски апарат (46,2 проценти) или пак го добиваат бесплатно (31,8 проценти) од испитаниците.

Телефонски приговори упатиле 11,8 проценти од корисниците на мобилна телефонија, а бројот на незадоволни корисници од одговорот е намален за 10,6 проценти во однос на 2017 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »