Промовирани огласи »

Казна од 200 евра ако во Грција возите без меѓународна возачка дозвола

Во земјите од регионот, меѓу кои и Грција и Хрватска, Македонците задолжително треба да поседуваат меѓународна возачка, во спротивно казната изнесува околу 200 евра

Граѓаните кои патуваат со автомобил во странство, покрај потребата да имаат зелен картон, патничко осигурување, неопходно е да имаат и меѓународна возачка дозвола, која има важност три години. Во земјите од регионот, меѓу кои и Грција и Хрватска, Македонците задолжително треба да поседуваат меѓународна возачка, во спротивно казната изнесува околу 200 евра.

Ваква дозвола треба да се има доколку се патува во повеќето земји кои се членки на ЕУ, бидејќи ако не ја поседувате, а ви се случи сообраќајна незгода, тогаш и да не сте виновен штетата ќе ја покриете целосно и дополнително ќе платите казна на државата каде што во тој момент се наоѓате.

Но, доколку граѓаните патуваат во Албанија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Словенија, Романија, Италија и Шпанија не мора задолжително да поседуваат и меѓународна возачка дозвола, доволно е да ја имаат националната, бидејќи со овие земји Македонија има потпишано договор за признавање на националните возачки дозволи.

Како што информираат од МВР, меѓународна возачка дозвола треба да се поседува, без оглед што македонската возачка дозвола е биометриска. Поседувањето на ваква дозвола е согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патишта и се спроведува со цел да послужи како доказ дека на подносителот, односно на возачот дека не му била изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило.

Од лани за да извадите Меѓународна возачка дозвола, покрај досегашните документи, потребено е да имате и потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Овој документ е доказ дека возачот нема евентуални забрани за возење во некоја странска држава. Тој се издава од страна на МВР во местото на живеење на возачот и чини 50 денари административна такса. Вкупно за да се поседува меѓународна возачка дозвола ќе ве чини околу 950 денари.

Документот се издава веднаш, бидејќи евентуалните забрани за возење во странство по било кој основ, се евидентираат електронски во местото на живеење на возачот, па оттаму и издавањето на потврдата трае кратко време.

Од АМСМ потсетуваат дека за да се извади меѓународна возачка дозвола заедно со потврдата, се потребни и две 2 фотографии, лично присуство со документ за идентификација – лична карта или пасош, но и национална возачка дозвола. Според законската регулатива по истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

Доколку планирате патување во странство, а немате сопствено возило, тоа можете да го сторите со туѓо моторно возило, но потребно е да се снабдите со Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од границите на Република Македонија. Овој вид на одобрение се издава со максимален рок на важност од една година, а се што ви е потребно е сообраќајна дозвола од возилото кое се дава на користење, лична карта на сопственикот, патна исправа на корисникот, лично присуство на сопственикот и корисникот. Цената на овој документот ќе ве чини 600 денари.

За патување во странство во автомобилот треба да се поседува и дополнителната опрема. Прописите се разликуваат од земја до земја, па возачите мора добро да се информирани пред поаѓање на пат, неопходно е во автомобилот да се има и прва помош и дополнителна автоопрема. Во некои земји бараат противпожарен апарат или атест за плин.

Тагови: меѓународна возачка дозвола

Промовирани огласи »

10 знаци дека колегите на работа ве мразат

Знаци дека колегите ве мразат

Не одржуваат контакт со очи, не го ценат вашето присуство и постојано се против вашите идеи ? Дали ви звучи познато?

Многу е лесно во приватниот живот да се справиме со хејтерите , едноставно само се одалечувате од таквите луѓе и тоа е тоа , но на работа е малку по тешко мора да минувате време со тие луѓе.

Можеби нема да се обидат да ви ја саботираат кариерата, но можете да приметите дека не ве сакаат во нивна близина , и тоа ви создава нелагодност.

Знаци дека колегите ве мразат :

1. Не можат да одржат контакт со очите со вас

2.Постојано зјапаат во вас

3. Ве избегнуваат

4. Не го ценат вашето присуство

5.Ве озборуваат

6. Ви одговараат кусо на прашањата

7. Не ве прашуваат за личниот живот

8. Постојано не се согласуваат со вас

9. Ви изиграваат шефови

10. Не ја фалат вашата работа

Промовирани огласи »

Младите во Скопје ќе плаќаат паркинг за своите мотори

На советничко прашање поставено од советникот од ВМРО ДПМНЕ, Лука Кржалоски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека ќе воведе нова давачка, а таа е плаќање на паркинг за мотори.

На советничко прашање поставено од советникот од ВМРО ДПМНЕ, Лука Кржалоски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека ќе воведе нова давачка, а таа е плаќање на паркинг за мотори.

Висината на цената на паркингот не ја соопшти, но најави дека тоа ќе го направи многу брзо.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски, го праша Шилегов дали е точно дека ќе се воведе нова давачка, односно дали граѓаните, а пред се младите, ќе мора да плаќаат за паркинг на мотори, давачка која до сега не постоеше.

На ова Шилегов одговори дека многу брзо ќе се воведе паркинг за мотори.

Инаку, ова не е единствената нова давачка. Претходно имаше и друга, кога беше воведена А1 зоната за паркирање, каде паркинг билет за еден час чини 100 денари.

Промовирани огласи »

Од понеделник патарини ќе се плаќаат и со смарт картички

Смарт картичките потоа ќе може и да се надополнат, и тоа преку телефон, лаптоп односно преку посебна апликација. За почеток наплатата на патарината ќе се одвива и во готовина и со смарт-картички и за тоа ќе бидат поделени различни ленти на наплатните стан

На автопатските делници од Коридорот 10 низ Македонија од јули патарина ќе се плаќа и со смарт паметна картичка, што ќе може да се набави на бензинските пумпи, на сегашните наплатни станици за патарина и на граница.

Смарт картичките потоа ќе може и да се надополнат, и тоа преку телефон, лаптоп односно преку посебна апликација. За почеток наплатата на патарината ќе се одвива и во готовина и со смарт-картички и за тоа ќе бидат поделени различни ленти на наплатните станици.

За тие што ќе плаќаат во готовина ќе важат сегашните цени на патарина, а за оние со картичка ќе има и попуст, како што истакнуваат од ЈП за државни патишта, за побрзо да се увидат придобивките од користењето на смарт-картичките.

За наплата со смарт-картички попустот ќе биде 5 %, а за таговите 10 % и тие се наменети за камиони и други превозници. Тоа се всушност специјални лепенки со сериски број, кои ќе се ставаат на предното ветробранско стакло., при што како што ќе се приближи возилото, од далечина, системот на рампата ќе го отчитува бројот и автоматски ќе ја отвори рампата.

Таговите ќе се продаваат по цена од 1.000 до 1.200 денари, а ќе имаат важност од седум години. Од есен, пак, ќе се воведе и принципот на траен налог.

– Од следниот месец во употреба влегуваат припејд-картичките и таговите, наменети за камиони и други превозници. Пластичната картичка се набавува само еднаш и потоа само ќе се надополнува и ќе чини онолку колку што ќе има кредит на неа. Постпејд-картичките ќе стартуваат од есен – најави деновиве Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта, кој појаснува дека целта на воведувањето на системот за електронска наплата на патарините е намалување на чекањето и застоите кои се создаваат на рампите, особено во одредени делови од годината, како што е летниот период. -Поради тоа, додека важи паралелното плаќање, постепено ќе воведеме со готовина да се плаќа само на една рампа, за да увидат возачите каква предност е електронското плаќање. Во иднина, пак, во план е на секоја рампа да има една лента само за возила со тагови, што значи дека превозниците нема да мора воопшто да чекаат – вели Китанов и додава дека системот предвидува и софтвер за надополнување на картичките и од дома. А, колку пари има на картичката освен на граница, на рампа или на бензинска пумпа, ќе се проверува и преку апликација за мобилен.

Од ЈП за државни патишта велат дека системот ќе стартува на сите наплатни рампи на Коридорот 10. Изградбата на рампата Романовце е целосно завршена, системот е веќе инсталиран, а во крајна завршна фаза е и на другите рампи на

Коридорот 10: Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Инвестицијата за автоматизацијата на наплатните рампи чини 17,8 милиони евра, од кои 15 милиони евра беа обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, а остатокот од буџетот. Проектот го реализираше турската компанија „Аселсан“. По Коридорот 10, автоматизација на рампите се планира и на автопатските делници на Коридорот 8.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »