Промовирани огласи »

ПОЛЕСНО ДО КАНАДСКИ ПАСОШ: Канада ќе ги намали условите за аплицирање

Канада ќе ги намали условите за аплицирање

Новите мерки овозможуваат побрзо и полесно аплицирање за државјанство.

Канада е се поблиску до воведувањето на новите мерки преку кои на странците ќе им биде олеснет патот до канадското државјанство. Законските измени на Законот за државјанство се една од главните цели во агендата на новата либерална влада.

Според изјавите на пратеникот Борис Вреснескај, Законот – познат како C-6, би требало да биде изгласан пред Денот на Канада (1-јули). Со потегот Канада има за цел да ги потикне доселениците да станат натурализирани државјани кои ќе се приклучат на големото канадско семејство.

Со добивање државјанство, граѓаните ќе можат да добијат канадски пасош, да гласаат на изборите, да се кандидираат за јавна функција, како и да ја напуштат земјата и повторно да се вратат без да бидат обврзани со дозволите за престој.

Во Канада е признаено и правото на двојно државјанство според кое се дозволува странците да се здобијат со канадско државјанство без притоа да го изгубат матичното.

Меѓу предложените измени е намалување на законски задолжителниот рок кој постојаните жители треба да го исполнуваат за да се квалификуваат за добивање на државјанство. Наместо 4-6 години како досега, страницте ќе треба да живаат во Канада 3-5 години пред да аплицираат за државјанство.

Странските државјани кои имале привремен престој ќе можат да го искористат истиот за исполнување на рокот. Дополнителни, ќе се укинат и јазичните тестови за одредени кандидати.

Со новиот закон ќе се укине и спорната одредба според која од канадско државјанство беа лишени лицата кои покрај тоа имаат и друго државјанство, а се осудени за тероризам, предавство и шпионажа.

Промовирани огласи »

Внимавајте: Можете да добиете казна доколку возите со поголема брзина од дозволеното во населените места или пак на отворен пат

Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци

Можете да добиете казна доколку возите со поголема брзина од дозволеното во населените места или пак на отворен пат.

Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци.

Во двата слуачаја паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.

Ако се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволеното, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаи не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.

Слични се санкциите и за пречекорување на дозволената брзина на отворен пат. За возење 70 километри на час повеќе од дозволеното, казната е 400 евра или 65 негатиовни поени и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење за 50 до 70 километри на час, 30 до 50 километри на час и до 30 километри на час, казните се исти како претходно спомнатие за населено место.

Промовирани огласи »

Македонците сакаат да купуваат преку интернет, но се плашат дека нивните податоци ќе бидат злоупотребени

Граѓаните се уште се плашат да ги користат кредитните картички за купување преку интернет. Сметаат дека податоците можат да им бидат злоупотребени.

Граѓаните се уште се плашат да ги користат кредитните картички за купување преку интернет. Сметаат дека податоците можат да им бидат злоупотребени.

Ретко користат пејпал кој се смета за најсигурен инструмент за плаќање., но од дрга страна, се уште не дозволува да примаат пари од странство на нивните сметки. Истото важи и за фирмите.

За да се зголеми онлајн трговијата во земјава која сеуште е во зачеток, мора сите производи од земјава да бидат баркодирани., односно да поседуваат ГС1 стандард.  Со тоа ќе можат и да се  продаваат на светските онлајн платформи како што се Амазон е беј и Алибаба.

Бизнисмените од земјава согласни дека баркодирањето е неопходно. Само така ќе се зголеми сигурноста, односно фирмите ќе можат да ги контролираат своите производи од производството преку дистрибуцијата па се до крајните потрошувачи.

Статистиката покажува дека над 70 отсто од потрошувачите пред да купат некој производ ги пребаруваат неговите карактеристики на интернет. Доколку некој производ има бар код информациите ќе бидат повидливи и поточни.

Ако порано преку интернет најмногу се продаваа и купуваа книги и музика сега приматот го има електронската опрема, а не помалку  се присутни и прехранбените производи.

Промовирани огласи »

Само полицијата смее да снима: 400 евра казна за незаконско снимање од автомобил или зграда

Ова дело е казниво според Законот за лични податоци на Македонија.

Четиристотини евра во денарска против вредност изнесува паричната казна која ќе ви ја наплати државата во судска постапка, плус кривична пријава за незаконско снимање, поднесена од секој поединец чиј идентитет ќе биде утврден во снимениот материјал кој е прибавен со било каков вид камера, поставена во автомобил или во станбена зграда. Ова дело е казниво според Законот за лични податоци на Македонија.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото или во зграда, без да има одобрение, буквално, од сите станари во зградата, должен е веднаш, пред да биде казнет да ја отстрани опремата за видео надзор.

Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирани видео камера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија како и секаде во ЕУ, снимањето на личните податоци и идентитетот на граѓаните на јавно место е забрането и казниво.

Многу од граѓаните, велат експертите, понесени од разни видео клипови, кои ги прават аматери од цел свет, инсталираат камери во своите автомобили, надевајќи се дека еден ден, таа снимка ќе можат да ја искористат како „доказ“ доколку им се случи некоја непридвидена ситуација.

Но, согласно член 369 став (1)од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18 и 83/18), само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата, согласно со закон.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »