Промовирани огласи »

Се подготувате за одмор: Ова се важни правила кои треба да ги знаете ако одите во Грција

Патувањето во Грција за многумина е сериозен предизвик. Долгиот пат, големата гужва и полициските контроли даваат дополнителна тежина на патување

Патувањето во Грција за многумина е сериозен предизвик. Долгиот пат, големата гужва и полициските контроли даваат дополнителна тежина на патување. Имајќи во предвид дека летниот период патувањата во нашиот јужен сосед се зачестени, постојат неколку правила кои ќе ве спасат од полицијата и казните.

  • Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
  • За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казната за непочитување на ова правило ќе ве чини 100 евра.
  • Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.
  • Од задолжителна опрема во автомобилот законот во Грција предвидува задолжително носење сигурносен појас и употреба на детско седиште во автомобилот.
  • Пред да тргнете на пат важно е да запаметите дека за влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

Промовирани огласи »

Познат бројот колку Македонци станале Бугари во 2018

Официјални податоци

1 402 Македонци станале бугарски државјани од почетокот на годината.

Овие податоци денеска ги изнесе  бугарската заменик-претседателка Илијана Јотова која како што пренесуваат медиумите од Бугарија вкупно 2 098 странци се стекнале со  бугарско државјанство по потекло.

Според она што се пишува најмногу лица се стекнале со бугарско државјанство врз основа на документи за бугарско потекло, а бројката по други основи, на пример со натуралиузација, се многу помали. 

Истакнала дека не станува збор за построги правила по другите основи, туку дека нема начин како да се примат како веродостјни барањата на кандидатите за бугарско државјанство, кои немаат никаков документ за потекло.

Промовирани огласи »

Триесет еко-автобуси до крајот на годината во Скопје

Постапките за набавка се во тек

Tриесет нови еколошки автобуси со погон на гас ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие. Ова го најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во обраќањето пред присутните на италијанско-македонскиот бизнис форум „Инвестициски проекти и можности во секторот транспорт, енергетика и животна средина во Македонија” што се одржа во Скопје.

Изминатиов период Градот Скопје и ЈСП интензивно работат на модернизација на возниот парк на јавното претпријатие и до крајот на оваа година очекувам да завршат постапките за набавка на 30 нови еколошки автобуси кои работат на гас. Новите екоавтобуси имаат значително помала потрошувачка, и речиси воопшто не емитуваат штетни гасови во воздухот. Покрај овие автобуси, сериозно размислуваме за набавка и на електрични автобуси, со што значително ќе се намали загадувањето на воздухот во Скопје – рече Шилегов.

Тој ги спомена и другите инвестиции и проекти кои Градот ги реализира во повеќе сектори, а заради заштита на животната средина, како што се зголемување на енергетската ефикасност во објектите во надлежност на Градот Скопје, пред се на објектите на средните училишта, новите сообраќајни и инфраструктурни планови, изградбата на прочистелна станица и друго.

На форумот учествуваа голем број италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за соработка со партнери од Македонија. Исто така, беа презентирани проекти и програми поддржани од Европската унија и од меѓународни финансиски институции, како и инвестициските и развојните проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и во животната средина.

Промовирани огласи »

Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Рафинериските цени на нафтените деривати од ноќеска се намалија во просек за 3,35%.

Рафинериските цени на нафтените деривати од ноќеска се намалија во просек за 3,35%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, е намалуена во просек за 2,27%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), е намалуена за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 0,749 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »