Промовирани огласи »

Триесет еко-автобуси до крајот на годината во Скопје

Постапките за набавка се во тек

Tриесет нови еколошки автобуси со погон на гас ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие. Ова го најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во обраќањето пред присутните на италијанско-македонскиот бизнис форум „Инвестициски проекти и можности во секторот транспорт, енергетика и животна средина во Македонија” што се одржа во Скопје.

Изминатиов период Градот Скопје и ЈСП интензивно работат на модернизација на возниот парк на јавното претпријатие и до крајот на оваа година очекувам да завршат постапките за набавка на 30 нови еколошки автобуси кои работат на гас. Новите екоавтобуси имаат значително помала потрошувачка, и речиси воопшто не емитуваат штетни гасови во воздухот. Покрај овие автобуси, сериозно размислуваме за набавка и на електрични автобуси, со што значително ќе се намали загадувањето на воздухот во Скопје – рече Шилегов.

Тој ги спомена и другите инвестиции и проекти кои Градот ги реализира во повеќе сектори, а заради заштита на животната средина, како што се зголемување на енергетската ефикасност во објектите во надлежност на Градот Скопје, пред се на објектите на средните училишта, новите сообраќајни и инфраструктурни планови, изградбата на прочистелна станица и друго.

На форумот учествуваа голем број италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за соработка со партнери од Македонија. Исто така, беа презентирани проекти и програми поддржани од Европската унија и од меѓународни финансиски институции, како и инвестициските и развојните проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и во животната средина.

Промовирани огласи »

Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Рафинериските цени на нафтените деривати од ноќеска се намалија во просек за 3,35%.

Рафинериските цени на нафтените деривати од ноќеска се намалија во просек за 3,35%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, е намалуена во просек за 2,27%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), е намалуена за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 0,749 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг. 

Промовирани огласи »

Повеќе не е потребна помала пензија од 200 евра за бесплатна болничка партиципација

Измина потребниот еден ден од објавата во „Службен весник“

Промената и дополнувањето на програмата за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери веќе е објавена во „Службен весник“ и со тоа на сите пензионери веќе не им  се наплатува учество во 2018-та.

Досега партиципацијата се покриваше при користење на болничката здравствена заштита само за пензионери со помала пензија од 12.600 денари, а од сега  се брише овој критериум и сите од оваа старосна група ќе може да се лекуваат бесплатно.

Бесплатни се и болничките здравствени услуги за децата под 18 години чии семејства се корисници на правото на социјална помош во Република Македонија.

Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Од полноќ конечно намалување на цените

Поевтинуваат горивата - Еве колку

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,35%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,27%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,749 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »