Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Од полноќ конечно намалување на цените

Поевтинуваат горивата - Еве колку

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,35%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,27%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,749 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 33,785 ден/кг.

Промовирани огласи »

Ако сакате да одите на патување со автомобил, потребен ви е зелен картон - ева како да извадите и колку ќе ве чини

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари

Ако сакате да патувате со автомобил надвор од границите на својата држава потребно е да имате зелен картон.

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер) кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Промовирани огласи »

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Надоместок ви следува за следните трошоци:

  • Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)
  • Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство
  • Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)
  • Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.
  • Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км.

Законски надоместоци:

  • Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот
  • Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

  • Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици
  • Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици
  • Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица
  • За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица
  • За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата
  • При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

Промовирани огласи »

Одлична вест за македонците во Германија: Владата донесе закон за доселеници

Германија, конечно, доби закон за интеграција

Германија нема доволно млада популација. Ако земјата сака да ја одржи благосостојбата, тогаш мора да прифати доселување, но селективно и контролирано, смета Александер Кудашеф.

Германија, конечно, доби закон за интеграција. Германија се обидува да ги регулира правата и обврските на доселениците. Германија, конечно, согледува дека мора да се погрижи за интеграција на доселениците.

Во таа смисла, усвоениот закон за интеграција е историска пресвртница. Тука се во право канцеларката и владата. И, конечно, во Германија сериозно се размислува што треба да направат доселениците, што треба да се очекува од нив.

Но, и овој закон за интеграција, кој многу доцни, не е замена за еден закон за доселување, кој е неопходен. Во поранешните векови Германија беше земја од која луѓето емигрираа, но одамна таа стана цел на миграција. Многумина не сакаа да го согледаат тоа, многумина сакаа да го потиснат тој факт.

А доселеници ѝ се потребни на Германија, оти овде се раѓаат премалку деца. Недостасува подмладок – во стопанството, индустријата, истражувањата, науката, кај стручната работна сила и инженерите.

Ако Германија сака да си ја зачува благосостојбата, мора да прифати доселување – но селективно и контролирано.

Неопходниот закон за доселување мора да регулира три работи: саканото доселување, правото на азил (за прогонувани опозиционери, дисиденти, писатели, активисти за човекови права, припадници на особено загрозени малцинства), како и правото за бегалци (кое ќе гарантира привремено прибежиште – додека трае војната или слични катастрофи). Правото на азил не мора да се менува.

За прогонетите има азил. Но, тоа на смее да биде причина за негово изигрување – за легални или илегални доселеници.

Ова јасно го покажува фактот дека годишно само на неколку илјади лица им се одобрува азил во класична смисла на зборот, а истовремено стотици илјади луѓе доаѓаат во земјата и бараат азил. Кој го поткопува правото на азил и го користи за се‘, во крајна линија го разорува тоа право.

Сосем е поинаку со саканото доселување. Тука Германија вели – ни требаат лекари, програмери, германисти, физичари, етнолози, учители, хемичари, машинопроизводители – и нив ги бараме во целиот свет, од Нов Зеланд до Шпанија.

Затоа што ни се потребни, оти сакаме да дојдат, ние, покрај работно место, им нудиме и обезбеден регуларен престој.

Тие доселеници можат бргу да станат и Германци, ако сакаат. Мора да биде само по себе разбирливо на универзитетот во Росток да има германист од Индија, како и африкански свештеник во Горна Баварија или боливиски инженер кај Мерцедес.

Остануваат уште бегалците. Тука никој не може да знае колку долго ќе трае војната или граѓанската војна од која побегнале. Доволен е само примерот на Сирија. Бегалците, според меѓународното право, добиваат статус за престој. На нив се однесува новиот закон за интеграција.

Во најдобар случај тој ќе ги наведе добро да научат германски и овде да работат, а за младите, сосем младите, содржи и шанса од бегалци да станат доселеници. Тука Германија е исправена пред голем, долготраен тест за докажување.

Ова ништо не менува во потребата на германското општество од сакани и селектирани доселеници, а за тоа е потребен закон за доселување, што се бара со години. Големата коалиција би морала да успее да го донесе.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »