Промовирани огласи »

За лична карта, возачка и пасош ќе може да се закажува и преку мобилен телефон

Од денеска термин за лични карти и пасоши можете да закажете и преку мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска започна со закажување термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072929292.

Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (http://termin.gov.mk/) и со телефонското закажување на  бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски  број 072929292.

Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи, информира МВР.

Промовирани огласи »

Поскапи цени на катните гаражи

Од овој месец

„Солунски конгрес”, „Разловечко востание”, „Смилевски конгрес”, „Кресненско востание“  се катните и подземните гаражи каде веќе важат новите повисоки цени. Од почетокот на овој месец месечниот билет за физичките лица, од илјада денари цената е качена на илјада седумстотини и седумдесет денари.

Месечните билети на катните гаражи ги утврдува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. .

Директорот на институцијата се правда дека станува збор за порамнување на високите трошоци за одржување.

Економската исплатливост за одржување на тие гаражи. Трошоците за тие гаражи се исклучително високи и од таа причина пристапивме да ги израмниме цените со цената која е од 2014 година донесена за паркиралиштето спроти Холидеј Ин, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДСДП.

Промовирани огласи »

Слободни над 8000 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Најмногу работници недостасувале во услужните дејности и продажба, а според регионот најбарани биле работници во пелагонискиот регион

Во првите три месеци од годинава во Македонија имало 8331 слободни работни места. Најмногу работници недостасувале во услужните дејности и продажба, а според регионот најбарани биле работници во пелагонискиот регион.

Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,68 процент. Највисока стапка на слободни работни места има секторот  Административни и помошни услужни дејности 4,25 отсто, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,20 отсто.

Најмногу работници се барале во деловните субјекти со број на вработени од три  до девет, каде стапката на слободни работни места изнесувала 1,91 отсто. Стапката на слободни работни места во пелагонискиот регион изнесува 3,15 проценти. Но според бројката најмногу слободни работни места имало во скопскиот 4.137.

Според објавените податоци во групат аработници во служни дејности продажба имало 2.929 слободни работни места.

Промовирани огласи »

Со радари по патиштата ќе се подобрува безбедноста во сообраќајот

Според анализите, споредбено со 32 земји во Европа, Македонија е меѓу последните 5 земји по безбедност на сообраќајот

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се обрати на Меѓународната конференција на тема Безбедност на патиштата.

Во своето обраќање, министерот Сугарески потенцира дека безбедноста е комплексен проблем каде што се бара мултисекторски пристап и неопходност од поставување на механизми за ефикасно и ефективно управување, координација и одржливо финансирање на системот на безбедност.

Многу е важно е да се мобилизраат и подготват сите клучни институции и секоја од нив да превземе соодветни активности во својот делокруг на работа. Доколку ги земеме во предвид показателите дека во земјите од ЕУ има во просек 5,2 жртви во сообраќај на 100.000 жители, а во Македонија има 7,1 жртви во сообраќајот на 100.000 жители неопходно беше да се превземат конкретни чекори. Според анализите, споредбено со 32 земји во Европа, Македонија е меѓу последните 5 земји по безбедност на сообраќајот. Тоа беше аларм, серизно да се зафатиме со оваа проблематика и во следниот период да најдеме конкретно решенија со кое ќе ги подобриме условите на патиштат и ќе ја зголемиме безбедноста. Во така насока се јави потребата да се формира една водечка институција односно Извршно тело кое ќе има крајна одговорност и задача за подобрување на безбедноста и намалување на бројот на жртви на патиштата во Република Македонија“ – изјави министерот Сугарески.

Тој пред присутните истакна дека веќе е формирана работна група која до крајот на 2018 година ќе даде конкретен предлог за формирање на Агенција за управување со безбедноста на сообраќајот. 

Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу истакна дека Министерството за внатрешни работи презема сет на безбедносни мерки и во координација со другите институции работат на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

На конференцијата се обрати и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов кој истакна дека во рамките на претпријатето формирани се секторски одделенија кои ќе работат исклучиво на квалитетни проекти во патната инфраструктура заради подигнување на безбедноста на патиштата.

Конференцијата е во организација на Министерството за транспорт и врски, ЈП за државни патишта и Светска Банка.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »