Промовирани огласи »

Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари

Македонците ги заменија хартиените банкноти со пластични: Дали и српскиот динар го чека истата судбина – е насловот на статијата која во понеделникот беше објавена во српски Телеграф

Македонците ги заменија хартиените банкноти со пластични: Дали и српскиот динар го чека истата судбина – е насловот на статијата која во понеделникот беше објавена во српски Телеграф.

Само неколку земји меѓу кои Австралија како пионер во воведувањето на полимерните банкноти, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи и Романија ги имаат заменето традиционалните хартиени банкноти со полимерни, а на ова семејство од 15-ти мај му се приклучи и Република Македонија откако Народната банка во оптек ги пушти новите 10 и 50 денарки.

На прашањето на Телеграф дали и Србија ќе го следи овој тренд, Народната банка на Србија одговара дека засега монетарните власти не планираат емисија на банкноти изработени од полимер. Според нив, пластичните банкноти покрај предности, имаат и маани како што се:

  • Трошокот за нивно производство е поголем отколку за хартиените;
  • Ракувањето е со овие банкноти е отежнето кога постои влага
  • Бојата избледува кога се изложени на сонце
  • Не е во потполност потврдена компатибилноста со машините за уплата и исплата

Промовирани огласи »

Владата ќе воведе нови субвенции во авиосообраќајот

За периодот од 2018-2021 година

Владата денеска на седница ќе расправа за, како што соопшти, потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година.

На предлог на Министерството за транспорт и врски, треба да се разгледа и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиската поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.

Промовирани огласи »

Англиските медиуми пишуваат дека постои една невообичаена работа која голем број жени го прават пред самото интервју за работа.

Освен тоа што треба да дознаат се за компанијата каде што аплицирале, да одберат репрезентативна деловна комбинација за да можат да бидат убедени оти разговорот ќе помине во најдобро светло.

Меѓутоа, многу дами, според британски Мирор, пред самото интервју ја вадат бурмата.

Статистичките податоци покажуваат дека речиси секоја трета жена ја вади бурмата пред разговорот со работодавачот.

Оваа статиска се однесува само на оние жени кои се во брак, но таа покажува и дека 29 отсто од жените се плашат оти ќе бидат дискриминирани поради својот брачен статус.

Тагови: интервју за работа

Промовирани огласи »

Вработените во Универзална сала која две години не работи, редовно одат на работа и земаат плата

Вработените во Универзална сала која две години не работи, редовно одат на работа и земаат плата оти работат на други проекти кои ги организира Градот

Вработените во Универзална сала која две години не работи, редовно одат на работа и земаат плата оти работат на други проекти кои ги организира Градот, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во Универзална сала вработени се 22 лица и директор. Мината недела градоначалникот Шилегов ја смени директорката Вера Бошковска и на нејзино место го постави Филип Аврамчев. Како што објаснуваат од Градот вработените и директорот имаат обврски односно во текот на годината се со целосен ангажман реализирајќи проекти од програмата за култура на Град Скопје. Годинава тие работат на седум проекти.

Јавната установа од областа на културата Универзална сала не функционира само во делот на изведбата на сценските активности. Вработените реализираат повеќе проекти, тешки повеќе од десет милиони денари на повеќе локации и во временски интервали кои опфаќаат по неколку месечна работа на секој од нив поединечно. За оваа година предвидени се седум големи проекти во вредност од 14,2 милиони денари кои веќе се одржани или се во тек подготовките за одржување. Така на пример дел од работната продукција на сите вработени и директорот ќе бидат фестивалите ‘Лица без маски‘, ‘Скопје креатива‘, изборот на улични музичари, новогодишниот базар, како и перманентната активност за промоција  на Скопје-Европска престолнина на културата и други, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Платите за вработените во концертната сала објаснуваат од Градот се обезбедуваат преку дотации од Министерството за култура кое ги префрла на Град Скопје, како што е за сите културни институции под надлежност на Град Скопје.

Универзална сала нема да проработи најмалку уште три години. Градоначалникот Петре Шилегов минатиот вторник најави дека рекoнструкцијата на салата ќе почне догодина. За финасирање на проектот Град Скопје потпиша договор со Министерството за култура. Шилегов при потпишување на договорот рече дека сеуште не е одреден проектот според кој ќе се гради салата и дека тој допрва ќе се доработува.

Постојат три проекти за Универзалната сала меѓу кои што дел се неразработени, дел се изведени надвор од каква било постапка и процедура и за нив не се обезбедени финансиски средства. Ги доразработуваме проектите да го најдеме оптималното решение за изградба на салата. Откако ќе биде завршен градежниот проект ќе се знае колку ќе чини, рече при потпишување на договорот  Шилегов.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »