Град Скопје ќе вработи 50 нови пожарникари

Градот Скопје вложува во опремување и во модернизација на Противпожарната бригада

Во Противпожарната  станица во Автокоманда, вчера свечено беше одбележан 20 мај-Денот на пожарникарите.

Прославата почна со свечено постројување на пожарникарите, а Командантот на Бригадата за противпожарна заштита Звонко Томески му поднесе рапорт на градоначалникот Шилегов.

Дозволете ми најнапред да ви го честитам Денот на пожарникарството и да ви се заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста која ја покажувате вршејќи ја оваа благородна професија. Од срце Ви благодарам што секојдневно спасувате животите на нашите сограѓани, ставајќи го вашиот живот во опасност – рече Шилегов.

Тој нагласи и дека Градот Скопје вложува во опремување и во модернизација на Противпожарната бригада.

Оваа година од буџетот на Град Скопје за Бригадата за противпожарна заштита одвоивме вкупно околу 134 милиони денари. Во овие средства предвидена е набавка на нова пп автомеханичка скала минимум 75 метри и набавка на две возила автоцистерни. Испорачан е нов симулатор за пламени удари што се користи за вежби преку симулација на реални услови на пожар. Набавен е нов разгласен систем и во целост се заменети гаражните врати. Ова се само дела од тековните потреби на една модерна Бригадата за противпожарна заштита – истакна Шилегов.

Во своето обраќање Шилегов посочи дека оваа опрема долго време ја очекувале и затоа  Градот ја набавува годинава, како и дека се свесни  за нивната потреба од нова и модерна опрема согласно  со европските стандарди.

Оваа година во Бригадата за противпожарна заштита предвидено е да бидат примени нови 50 пожарникари. Согласно со европските стандарди пропорцијата е еден пожарникар на 1.500 жители, додека моменталната состојбата во Скопје  е еден пожарникар на 3.500 жители. Со овие вработувања ќе се зголеми капацитетот на бригадата за справување со предизвиците при извршувањето на работните задачи, а истовремено ќе е чекор поблиску до исполнување на европските стандарди. Заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од исклучително значење за Градот Скопје. Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет, и без вас оваа хумана мисија би била невозможна – потенцираше Шилегов.

Пред неколку месеци потцентарот Ѓорче Петров доби нова зграда за противпожарна станица, а Градот Скопје и во иднина ќе посвети посебно внимание за развој на пожарникарството и со тоа ќе даде свој придонес ва оваа суштинска област која придонесува на хуман начин да се создадат услови за  поголема безбедност на граѓаните.

Според последниот извештај на Заводот за статистика најплатените професии во Македонија се забележуваат во компјутерската индустрија. 

Статистиката за март пресмета раст на платите а компјутерџиите , на кои друштво им прават и  вработените во секторите телекомуникации и финансиско-услужните дејности добиле највисока плата.

54.606 денари легнала нма сметките на вработените во секторот компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности додека оние кои работат во  секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови - 45.677 денари.

Зад нив најголема просечни плати се забелжуваат во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (37.761 денар) и платите во секторот вадење на други руди и камен - 34.284 денари.

ДЗС сепак пресмета најголеми плати во  воздухопловството каде бруто плата е 84.452 денари.

Просечната нето плата по вработен во март изнесува 23.694 денари. 

Цигарите стануваат луксуз за граѓаните: Еве кои брендови на цигари поскапеа

Се очекува до 2023 цигарите да поскапат за 40 денари

Луксуз од којшто е многу тешко да се откажат. 

Од вчера со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Родео“, „Давидов класик“ и „Голд“. Овие цигари се покачени за пет денари.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.

Сите брендови на цигари во земјава, се предвидува да поскапат за 4 денари од први јули.

Тагови: цигари

Започна изградбата на патот Штип - Радовиш

Работите ги изведува австриската фирма „Штрабаг“ која беше избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој

Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри. Градбата ќе почне на потегот клучка Штип југ-Бучин. Се апелира до возачите на внимателно управување и да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.

Работите ги изведува австриската фирма „Штрабаг“ која беше избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој.

Изградбата на патот според понудата е во вредност од околу 27 милиони евра за изградба на патниот правец.

Новиот експресен пат  ќе има  две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метра. Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба да заврши во рок од три години, а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот Затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.