Промовирани огласи »

Цигарите стануваат луксуз за граѓаните: Еве кои брендови на цигари поскапеа

Се очекува до 2023 цигарите да поскапат за 40 денари

Луксуз од којшто е многу тешко да се откажат. 

Од вчера со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Родео“, „Давидов класик“ и „Голд“. Овие цигари се покачени за пет денари.

Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.

Сите брендови на цигари во земјава, се предвидува да поскапат за 4 денари од први јули.

Тагови: цигари

Промовирани огласи »

Започна изградбата на патот Штип - Радовиш

Работите ги изведува австриската фирма „Штрабаг“ која беше избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој

Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри. Градбата ќе почне на потегот клучка Штип југ-Бучин. Се апелира до возачите на внимателно управување и да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.

Работите ги изведува австриската фирма „Штрабаг“ која беше избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој.

Изградбата на патот според понудата е во вредност од околу 27 милиони евра за изградба на патниот правец.

Новиот експресен пат  ќе има  две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метра. Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба да заврши во рок од три години, а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот Затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.

Промовирани огласи »

Опомена пред казна: Крај на казните од илјадници евра без судска одлука

Максималните казни за граѓаните ќе изнесуваат петстотини евра, а казните за фирмите во прекршочна постапка не смеат да бидат над 1000 евра.

Министерството за правда подготвува измени на законот за прекршоци кој беше донесен во 2015 година. Од Министерството преку ЕНЕР велат дека актуелниот закон е со речиси идентични одредби како и законот од 2006 година, со одредени номотехнички промени.

Максималните казни за граѓаните ќе изнесуваат петстотини евра, а казните за фирмите во прекршочна постапка не смеат да бидат над 1000 евра.

Главната цел на оваа промена е да се спречи е да се спречат издавања на казни со десетици илјади евра за граѓаните.

Прекршоците се многу високи, ги изрекуваат органи на управа без судска пресуда со што се удира врз џебот на граѓаните и нивниот стандард, кажа Ана Павловска Данева.

Досега се полнеше буџетот, сега ќе има опомени.

Голем бенефит за граѓаните и фирмите ќе има кратењето на жалбената постапка, а исто така со поднесувањето на жалба ќе се стопира и извршувањето на казната, вели Данева.

Ваквото законско решение се очекува до јули да биде доставено до Валда, а веќе во септември да се најде пред пратениците.

Промовирани огласи »

Брисел: Евтин интернет во роаминг од идното лето

Мобилните податоци во роаминг ќе поевтинат од наредното лето за граѓаните на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

Мобилните податоци во роаминг ќе поевтинат од наредното лето за граѓаните на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Тие ќе плаќаат единствена цена од 70 центи за мегабајт, соопшти европската комесарка за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

Операторите ја презедоа обврската од 1 август да понудат пакети во кои цените на мегабајтот ќе бидат неколкупати пониски од сегашните. Нашата цел е до јули наредната година заедничката цена за сите земји од ЕУ и Западен Балкан да биде 70 центи за мегабајт, изјави Габриел.

Таа очекува дека до 2020 година мегабајтот би можел да чини 45, а до 2021 година – 20 центи. Таа нагласува дека пониските цени ќе важат за мобилниот интернет, но не и за разговорите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »