Европската комисија (ЕК) го објави почетокот на процесот на намалување на роаминг тарифите помеѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, објави прес-службата на претставништвото на ЕК во Бугарија.

Лидерите на шесте партнери од Западен Балкан вчера потпишаа изјава во Софија за поддршка на започнувањето на Дигиталната агенда за Западен Балкан. Како дел од оваа посветеност, тие се согласија да ја подобрат инвестициската клима за реализација на дигитални проекти во регионот и да придонесат за стабилни, предвидливи и конкурентни пазари во телекомуникацискиот сектор. Тие се согласија да соработуваат со Европската комисија за воспоставување и спроведување на заеднички регулаторен дијалог за ИКТ кој ќе ги поддржи реформските процеси во регионот.
Како основен елемент од изјавата за поддршка за започнувањето на Дигитална програма за Западен Балкан комесарот за прашањата на дигиталната економија и општество Марија Габриел објави патоказ за намалување на тарифите за роаминг помеѓу Европската унија и Западен Балкан.
Патоказот воведува процес на мониторинг кој ќе се врши од Органи на европските регулатори во областа на електронските комуникации (БЕРЕК) и телекомуникациски регулатори на Западен Балкан за пазарите на големо и на мало, па да се оцени на место, реалното намалување на цените на роаминг.
Ова лето корисниците ќе видат нови намалени комерцијални понуди кои се однесуваат на роаминг, почнувајќи со пакетите на податоци. Операторите ќе продолжат да преговараат за нивните билатерални роаминг договори, па од летото на 2019 година може да видиме цени на мало на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан не повисоки од 70 евроценти за мегабајт, при користењето на податоци.
Ја поздравувам посветеноста на телекомуникациските оператори во регионот да ги намалат роаминг тарифите за своите клиенти за ЕУ ова лето. Ние гледаме напред и очекуваме да видиме како цените ќе продолжат да се намалуваат, слично на процесот во рамките на ЕУ, рече Марија Габриел.
За време на самитот во Трст во јули 2017 година, шефовите на земјите од Западен Балкан ја одобрија дигиталната интеграција како еден од четирите компоненти на повеќегодишниот план за акција за регионален економски простор.
Заклучоците на самитот за Западен Балкан од 17 мај 2018 година ја поддржуваат идејата за стартување на Дигитална програма за Западен Балкан што ќе биде објавен во детали на крајот на јуни за време Дигиталното собрание во Софија.
Изјавата за поддршка на дигиталната програма за Западен Балкан беше потпишана во рамките на самитот на ЕУ и Западен Балкан во Софија на 17 мај 2018 година од страна на претставниците на партнерите на земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Црна Гора, Србија).
Една од клучните активности ќе биде намалувањето на давачки за роаминг меѓу самите земји од Западен Балкан и меѓу регионот и Европската унија.