Промовирани огласи »

Кои се вашите права за користење на годишен одмор и колку денови ве следуваат

Согласно Законот за работни односи имате право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Согласно Законот за работни односи  имате  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Промовирани огласи »

Во вредноста за потрошувачката на гориво што е прикажана на патниот компјутер не треба да се верува секогаш. Отстапувањата од вистинската потрошувачка на гориво обично се движат меѓу пет и десет проценти, но постојат и случаи кога се јавува неточност од 10 проценти.

Тоа е разлика што некои возачи ќе ја сметаат како незначителна, но други возачи нема да се помират со оваа непрецизност, па ќе сакаат да ја преземат работата во свои раце. Вистинската вредност на потрошувачката се одредува едноставно, со малку внимание при полнењето гориво и со калкулатор.

Наполнете го резервоарот на возилото до крај, најдобро до првото исклучување на пиштолот за точење. Поништете ја дневната километража. Тоа обично се врши со задржување на копчето под бројчаникот. Возете неколку стотина километри, резервоарот не мора да се празни до крај. Секако дека треба да се вози со вообичаениот стил, како секој ден.

Следи решавачкиот момент, односно дополнувањето на гориво во резевоарот. Повторно полнете до првото исклучување на пиштолот. Би било умно да се користи и истата пумпа за точење гориво, тие исто така подлежат на баждарење. Запишете ја количината на наполнетото гориво и прочитајте ја вредноста на километражата.

Формула за просечната потрошувачка на гориво:

Наполнета количина гориво во литри / Извозени километри х 100 = Потрошувачка во L / 100 km

Пример: Имате извозено 634 километри, а резервоарот е дополнет со 53,2 литри гориво

53,2 l / 634 km х 100 = 8,39 L / 100 km

Најпрецизен увид во потрошувачката на гориво ќе добиете кога повеќепати ќе ја извршите оваа процедура и ќе го пресметате просекот од сите одделни вредности.

А, колку изнесува трошокот за гориво за секој изминат километар?

Од голема корист за намалување на трошоците во домашниот буџет може да биде сознанието, колку се плаќа за гориво за секој извозен километар со возилото. Вистинската вредност на потрошувачката на гориво ја имаме, потребно е само уште да се погледнат цените на горивата. Цените по „првомајстото“ поскапување за два денари се 70 денари за литар 95-октански бензин и 62 денари за литар дизел.

Трошок за гориво по километар

Формула за цена за гориво од поминат километар:

Просек во l/100 km x Цена за литар бензин / 100 = Цена за километар

Со вредноста за просечната потрошувачка од 8,39 литри бензин од нашиот пример:

8,39 l/100 km х 70 ден. / 100 = 5,9 денари за еден километар

Овој податок понатаму може да се користи на најразличен начин, почнувајќи од најосновниот, дека за секои 100 километри пат ќе се потрошат 590 денари за гориво. Скопје-Охрид-Скопје за околу 2.000 денари, без патарини.

Да земеме за пример дека секојдневната рута до работното место и назад изнесува 6,8 километри. Би рекле дека тоа е незначително растојание. Но, пат од 6,8 километри помножен со 5,9 денари за секој километар, дава 40,1 денари. Секој работен ден по толку, односно околу 800 денари месечно.

Промовирани огласи »

Жените работат за пониски плати и малку ги има на раководни места

Поголема финансиска независност за жените, бара ССК

Жената мора сама да се избори за својата позиција во економијата посебно, но државата треба да создаде услови таа да може да го покаже своите претприемачки способности. Тоа е потребно за да се промени состојбата, според која, жените и покрај декларативната еднаквост сѐ уште се пониско платени од мажот за иста работа, а раководните функции се главно машки. Ова е ставот на Сојузот на стопански комори кој денеска на прес-конференција го презентира Габриела Кулебанова, член на Управен одбор на оваа комора.

Само 12 отсто од вработените жени во приватниот сектор се на раководна позиција. Не дека жените не се добри претприемачи, туку затоа што тие имаат ограничени финансиски можности да отворат и раководат фирма и дополнително нема организираност на иституциите да го следат нејзиниот ангажман и постојат бариери кои ја следат. Жените често се во позиција на работна сила на пониско ниво, што значи и пониски примања, дури и за исти професии во одредени случаи жените се помалку платени од мажите, за 12 отсто – вели Кулебанова.

За еднакви можности во приватниот сектор, вели таа, стратешки треба да се постави систем, кој ќе биде во функција на поинтензивно вклучување на жените на пазарот на труд, како и на раководни позиции, што значи да се изнајде баланс и меѓу приватниот и професионалниот живот.

Податоците за земјава, пак, покажуваат дека 33 отсто од новоотворените фирми се на жени. Од вкупниот број вработни 282.000 се жени кои чинат 73 отсто од вработените во приватниот сектор.

Промовирани огласи »

Од 18.174 денари просечна месечна нето плата кај административните државни службеници во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор  до 90.215 денари просечна месечна нето плата во Регулаторната комисија за домување е движењето на платите во јавната администрација, покажува анализата направена од Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“, со финансиска поддшка од Британската амбасада во Скопје.

Оваа анализа дава приказ на движењето на платите во јавната администрација, за период од 2010 до денес, како и просечните месечни бруто и нето плати по вработен за одделни буџетски корисници и вработените во регулаторните тела. Во Република Македонија од 2014-тата година вработените во јавната администрација се нарекуваат административни службеници.

Од 2010 година до денес, може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017 (ноември). Ваквото тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто плата која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари, што значи дека разликата помеѓу просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и просечната месена бруто плата во РМ од 6.575 денари во 2010 година се зголеми на 7.215 денари во ноември 2017 година.

Сличен тренд бележи и нето износот, и тој од 24.855 денари во 2010 година, се зголеми на 27.805 денари во ноември 2017 година, што во однос на просечната месечна нето плата е повеќе за 4.300 ден. во 2010 година, т.е. 4.609 денари во ноември 2017 година. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување е во постојан пораст и од 42,474 во 2010, се искачил на 47,364 во 2016, што претставува околу 15% од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период.

Вработените во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување според податоците од ноември 2017 година имале повисока проселна месечна бруто и нето плата од повеќето сектори на дејност. Единствено секторите: Финансиски дејности и дејности на оситувурвање (62.789 бруто/42.204 нето), Информации и комуникации (54.716 бруто/36.919 нето), С набдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (54.355 бруто/36.446 нето), Рударство и вадење камент (42.912 бруто/28.979 нето) и Стручни, научни и технички дејности (41.827 бруто/28.507 нето) имаат повисоки месечни бруто и нето плати од секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Според податоците во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати и надоместоци (бруто износ) по вработен кај сите буџетските корисници на централниот буџет изнесува 42.563 денари, што е за речиси  10.000 денари поголем износ во однос на  просечната бруто плата во Република Македонија за 2016 година, или просечната месечна нето плата по вработен кај сите буџетски кориници за 2016 година изнесува 28.700 денари, што, пак, е поголема за 6.360 денари од просечната месечна нето плата во Република Македонија.

Анализата покажува дека најголеми средства за бруто и нето плати по вработен на месечно ниво во 2016 година се издвоени за Агенцијата за странски инвестиции и  промоција на извозот, и тоа по 96.071 денар просечна бруто, осносно 63.854 денари просечна нето плата по вработен, а најниски месечни расходи за бруто и нето плати во 2016 година биле реализирани во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор со најниска месечна бруто плата од 26.542 денари, или 18.174 денари месечна нето плата по вработен.

Што се однесува, пак, до платите во регулаторните тела, може да се забележи дека просечните бруто и нето плати во сите десет институции се поголеми од просечната бруто и нето плата во државата. Тие се движат од 58.291 денар месечна бруто, односно 39.033 просечна месечна нето плата по вработен, во Комисијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до 136.194 денари просечна месечна бруто или 90.215 денари просечна месечна нето плата по вработен, во Регулаторната комисија за домување.

Оваа анализа е првично изработена за потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија, со цел да им даде дополнителни информации кои би ги користеле во рамките на собраниската дебата, како и да им помогне во вршење на поквалитетен финансиски надзор врз работата на извршната власт.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »