Промовирани огласи »

Бесплатни обуки за напредни ИТ-вештини за невработени лица

Семос Едукација и АВРМ го започнаа вториот циклус на бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Започна вториот циклус на бесплатни обуки за јава-програмери и софтвер-тестери, едни од најбараните профили на пазарот на трудот во ИТ-индустријата.

На проектот организиран од Агенција за вработување, во соработка со „Семос едукација“ како спроведувач на обуките, ќе може да се пријавуваат сите невработени лица што се заинтересирани за еден од следните програмски пакети: ORACLE – официјална обука за Java SE8 Programmer или ISTQB – официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

Иако станува збор за напредни ИТ-вештини, кандидатите не е потребно да имаат претходни познавања во оваа област, односно потребно е само познавање на основните компјутерски вештини. Kандидатите потребно е да имаат минимум завршено средно образование и да бидат евидентирани како невработени лица, без разлика на нивната возраст. Обуките ќе се спроведуваат во период од 2 до 4 месеци вклучувајќи настава со користење официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување испити за стекнување со меѓународно признаен сертификат.

Заинтересираните ќе може да се пријавуваат во сите канцеларии во Агенција за вработување на Република Македонија, a огласот ќе биде отворен сè до целосно пополнување на предвидениот број кандидати.

Промовирани огласи »

Административците со плати од 300 до 1.500 евра – далеку над македонскиот просек

Каде се најголеми, а каде најмали „државните“ плати

Просечната месечна нето-плата во администрацијата се движи од 18.174 денари до 90.215 денари, покажува анализата направена од Фондацијата за демократија на „Вестминстер“ во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа “.

Анализата покажува дека најголеми средства за бруто и нето плати по вработен на месечно ниво во 2016 година се издвоени за Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тоа по 96.071 денар просечна бруто, осносно 63.854 денари просечна нето-плата по вработен.

А најниски месечни расходи за бруто и нето плати во 2016 година биле реализирани во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор со најниска месечна бруто-плата од 26.542 денари, или 18.174 денари месечна нето-плата по вработен.

Од 2010 година до денес, може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017. Ваквиот тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто-плата која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување е во постојан пораст и од 42.474 во 2010, се искачил на 47.364 во 2016, што претставува околу 15 отсто од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период, се вели во анализата.

Извештајот исто така покажува дека, според податоците во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати и надоместоци по вработен кај сите буџетските корисници на централниот буџет изнесува 42.563 денари, што е за скоро 10.000 денари поголем износ во однос на просечната бруто-плата во Македонија за 2016 година. Или просечната месечна нето-плата по вработен кај сите буџетски кориници за 2016 година изнесува 28.700 денари, што пак е поголема за 6.360 денари од просечната месечна нето-плата во државата.

Што се однесува пак до платите во регулаторните тела, може да се забележи дека просечните бруто и нето плати на сите 10 институции се поголеми од просечната бруто и нето-плата во државата. Тие се движат од 58.291 денар месечна бруто, односно 39.033 просечна месечна нето-плата по вработен, во Комисијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до 136.194 денари просечна месечна бруто или 90.215 денари просечна месечна нето плата по вработен, во Регулаторната комисија за домување, се додава во извештајот.

Оваа анализа е првично изработена за потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија, со цел да им даде дополнителни информации кои би ги користеле во рамките на собраниската дебата, како и да им помогне во вршење на поквалитетен финансиски надзор врз работата на извршната власт./Meta

Промовирани огласи »

Утврдено кои групи ќе добиваат бесплатно болничко лекување

Еве за која група станува збор

Владата ја донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година. 

Од владината прес-служба за инфрмирање соопштија дека министрите ги усвоиле и конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на јавната здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот. Владата, како што се наведува, ги испратила двата ревизорски извештаи до Основното јавно обвинителство. Од владината прес-служба за инфрмирање соопштија дека министрите ги усвоиле и конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на јавната здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот. Владата, како што се наведува, ги испратила двата ревизорски извештаи до Основното јавно обвинителство. 

Промовирани огласи »

Никогаш не би помислиле на тоа: Жените пред интервју за работа прават една работа која ќе ве изненади

Жените пред интервју за работа прават една работа која ќе ве изненади

Англиските медиуми пишуваат дека постои една невообичаена работа која голем број жени го прават пред самото интервју за работа.

Освен тоа што треба да дознаат се за компанијата каде што аплицирале, да одберат репрезентативна деловна комбинација за да можат да бидат убедени оти разговорот ќе помине во најдобро светло.

Меѓутоа, многу дами, според британски Мирор, пред самото интервју ја вадат бурмата.

Статистичките податоци покажуваат дека речиси секоја трета жена ја вади бурмата пред разговорот со работодавачот.

Оваа статиска се однесува само на оние жени кои се во брак, но таа покажува и дека 29 отсто од жените се плашат оти ќе бидат дискриминирани поради својот брачен статус.

Тагови: интервју за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »