Промовирани огласи »

Со плати од околу 400 евра за општ лекар и околу 700 евра за лекар-специјалист веќе со години се гради здравствениот систем во државата

Со плата од 3.000 евра и неделни дежурства од 800 евра, лекарите во Словенија се меѓу најплатените на Балканот

Само неколку причини се клучни зошто македонските лекари заминуваат во странство. Тука се соочуваат со мали плати и со недоволни услови за работа. Но, како е во странство?

Со плата од 3.000 евра и неделни дежурства од 800 евра, лекарите во Словенија се меѓу најплатените на Балканот. За разлика од нив,  лекарите во Хрватска добиваат 1.100 евра месечно, додека „белите мантили“ во Романија, Србија и во Црна Гора заработуваат од 500 до 700 евра. Така барем покажуваат регионалните статистики.

Токму од тие причини, веќе неколку години тресе балканскиот синдром на миграција на лекарите, незадоволни од својот статус и од платите. Бројката станува алармантна. Повеќе од 650 лекари лани ја напуштиле  Србија, додека околу 300 лекари годишно од Хрватска заминуваат на работа во западноевропските земји.

Вакви се статистиките во соседните земји. Но, ништо поразлична не е ниту состојбата во Македонија. Со плати од 400 евра за општ лекар и околу 700 евра за лекар-специјалист веќе со години се гради здравствениот систем во државата. Токму затоа лекарската фела во земјава ја зафати треска за работа во странство, а миграцијата се сведува само на билет во еден правец.

Додека се „креираат“ здравствени реформи, лекарите масовно продолжуваат да го фаќаат првиот авион за Германија!

Промовирани огласи »

Видео: Првите 3Д-пешачки премини во Скопје

„Улици и патишта“ на неколку улици во Скопје обележа 3Д-пешачки премини, кои, според претпријатието, создаваат оптичка илузија кај возачите дека има предмет на патот и ги принудуваат да ја намалат брзината.

„Улици и патишта“ на неколку улици во Скопје обележа 3Д-пешачки премини, кои, според претпријатието, создаваат оптичка илузија кај возачите дека има предмет на патот и ги принудуваат да ја намалат брзината.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве почнаа пилот-проект за имплементација на тридимензионални пешачки премини. На улицата „Самоилова“ кај Музејот на современа уметност веќе е изведен таков пешачки премин, а во наредниот период ќе се бележат и други локации кои се посочени како црни точки.

Тридимензионален пешачки премин се изведе на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петрoв, пред основното училиште „Ѓорче Петров’’. Се користат четири бои, црвена, жолта, бела и сива за да бидат повоочливи за возачите и особено за децата пред училиштата, градинките и слично, велат од претпријатието.

Видео: Првите 3Д-пешачки премини во Скопје

Фото/Видео: Мкд.мк

Промовирани огласи »

Се подготвува закон за отпишување на каматите на неплатените долгови за струја

До крајот на месецот треба да биде завршен

Предлог закон со кој на граѓаните ќе им се простуваат каматите за старите долгови, најави заменик министертот за правда Оливер Ристовски во емисијата Економски магазин на Алсат М.

Како што најави заменик министерот Ристовски, Предлог законот треба да биде готов до крајот на овој месец. Предлогот е на иницијатива на пратеници и од власта и од опозицијата. Во него ќе бидат вклучени и некои од барањата на здруженијата кои со години укажуваат на недостатоците во системот на извршување.

Се работи за долгови стари и до две децении кои со новото законско решение во 2011 година прешле на извршување од судовите кај приватните извршители. Со ваквите долгови се засегнати околу 100 илјади граѓани.

Но, за Ристовски главна дилема е како ќе им се наложи на приватните компании да простуваат камати.

Да отпишете со закон камати на приватна компанија мислам дека не оди. Каде што е вода, таму е лесно. Водостопанствата се сепак локални претпријатија, таму не е проблем. Јас лично разговарав со правната служба на ЕВН и тие се подготвени да направат отпис на каматите. Нормално, тука треба да се разговара и со ЕЛЕМ бидејќи се делат паричните средства, рече заменик – министерот за правда, Оливер Ристовски.

Промовирани огласи »

И следната година акционерските друштва нема да плаќаат данок на капитална добивка, им порача Драган Тевдовски, министерот за финансии, на компаниите што котираат на берзата, за време на панел-интервјуто на 19.годишна конференција на Македонска берза во Охрид.

Во меѓувреме од таму потврдија дека акционерските друштва ќе продолжат со уплаќањето на задолжителната котација на берзата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »