Промовирани огласи »

Бугарија од август го поевтинува роамингот за Македонија

Од август поевтин роаминг кон Бугарија

Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.

Тој очекува наскоро поевтинување на роамингот и за останатите земји од Западен Балкан.

Московски информира дека мобилните оператори од Бугарија, Македонија и Србија веќе активно работат на потпишување спогодба.

Активностите течат во координација со бугарската еврокомесарка Марија Габриел, која беше иницијатор за пониски цени за роамингот во регионот, истакна бугарскиот министер за транспорт.

Во февруари годинава беше потпишан меѓувладин Меморандум за намалување на цените на роамингот за државите од Западен Балкан, што отвори можност мобилните оператори да почнат разговори за постигнување меѓусебен договор околу намалување на цените. Пониски цени за телефонските разговори меѓу државите од Западен Балкан и од ЕУ е еден од приоритетите на бугарското претседавање со Унијата.

Промовирани огласи »

Таксата за престој се пресметува како дневен фиксен износ по соба, а не по лице. Во зависност од видот на сместувањето таксата изнесува:

Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој.

Плаќањето на таква такса е воведено во хотелите од една до пет ѕвездички, како и во останатите капацитети за сместување (апартмани, соби, вили) кои примаат гости за еден или повеќе денови. Во камповите и посебно одредените категории, не се плаќа такса за престој, објави интернет страницата Грцијаинфо.

Таксата за престој се пресметува како дневен фиксен износ по соба, а не по лице. Во зависност од видот на сместувањето таксата изнесува:

  • четири евра дневно по соба за хотели со 5 ѕвездички
  • три евра дневно по соба за хотели со 4 ѕвездички
  • 1,5 евро дневно по соба за хотели со 3 ѕвездички
  • 0,5 евра дневно по соба за хотели со 1-2 ѕвездички
  • 0,5 евра дневно за приватни соби, студија и апартмани

Таксата за престој се плаќа при одјавување на собата, непосредно пред заминување. Сопственикот или менаџерот на објектот или хотелот му издава на гостинот посебна потврда за извршена уплата, која содржи: датум на издавање, име на лицето кое престојувало, датум на престој, износ на таксата.

Иако ниту една официјална институција во Грција досега не објавила известување дека ќе се врши контрола на граничните премини за плаќањето на таксата, за секој случај потврдата обврзно да се зачува до излез од земјата. (МИА)

Промовирани огласи »

Обновата на личната документација не само што е скапа работа туку треба доста нерви и трошење на време по шалтери

Дека шалтерскиот систем во Македонија е тром покажува и неодамнешниот пример кога поради непоставувањето на директор на Матичната служба граѓаните, не по своја вина, беа изложени на тортура пред шалтерите

Честопати се случува да загубиме некои лични документи или, пак, поради истекот на важноста на истите мора да ги замениме со нови.

И тука почнуваат танталовите маки за граѓаните бидејќи обновата на личната документација не само што е скапа работа туку треба доста нерви и трошење на време по шалтери оти се случува за да извадиш еден документ од шалтер да те вратат по неколку пати, или пак, не го запазуваат рокот на издавање на бараната документација. Се случува граѓаните за да ја извадат потребната документација, поучени од искуството, да бараат дури и слободни денови од работа.

Дека шалтерскиот систем во Македонија е тром покажува и неодамнешниот пример кога поради непоставувањето на директор на Матичната служба граѓаните, не по своја вина, беа изложени на тортура пред шалтерите. Тие беа оневозможени да вадат изводи од матичните книги на родените, или пак на умрените.

Цените за вадење на нови или пак, замена на постоечките лични документи е различно во зависност од тоа каков документ се вади.

За издавање на нова лична карта цените се движат од 190 денари па нагоре.
На пример доколку вадите нова лична карта ви треба уплатница од 190,00 денари или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари, но доколку плаќате со картичка во банка ќе мора да платите и одредени провизија.

Доколку се работи пак за прва лична карта за малолетно лице (15 до 18 години возраст) цената е повисока и изнесува околу 400 денари бидејќи покрај уплатница од 190 денари мора да приложите и извод од матичната книга на родените каде што мора да платите 50 денари за образец и 100 денари административна такса плус провизија од 10% ако плаќате со картичка.

Уште поскапо ќе ве чини доколку сте ја изгубиле личната карта бидејќи покрај редовните трошоци за вадење на нова лична карта дополнитело треба на уплатница да уплатите и плус 70 денари за изгубената лична карта како неважечка да биде објавена во “Службен весник”.

Најскапо ќе ве чини замена на лична карта со промена на адреса на живеење каде што покрај задолжителните 190 денари треба да приложите и купопродажен договор заверен кај нотар за која заверка треба да платите уште 5 до 6.000 денари.

Еден куп пари ќе ви треба доколку стапите во брак и одлучите да го земете презимето на сопругот.

Промената на документите е скапа, а да не зборуваме за неколкудневното стоење пред шалтерите. По склучувањето на бракот, новопечените сопруги кои одлучуваат да го променат презимето или на своето да го додадат презимето на сопругот, ги чека и макотрпната обврска да ги променат своите лични документи, а тоа одзема неколку дена и чини повеќе илјади денари. Иако имаат важечки документи за секоја промена на документ сами си плаќаат од џебот исто како да вадат нови.

Тука има и еден хендикеп, покрај тоа што мора да ги променат сите документи, во овој меѓу период ви е ограничено правото на движење, бидејќи не смеете да ја напуштите земјата со пасош во кои ви стои старото презиме, а ако сепак се одлучите да ја напуштите државата а во законскиот рок не сте ги смениле документите ќе се соочите и со 50 евра казна.

 За пасош треба да платите од 1500 до 4800 денари

Во зависност од возраста, како и тоа дали за прв пат или поради изгубен пасош вадите нов, цените се различни и се движат од 1500 до 4800 денари.

Ако вадите пасош за дете до четири години треба да уплатите 1500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС-терминал) и 100,00 денари плус провизија ако плаќате во банка или пак во пошта. Како се зголемува возрасната граница на лицето се зголемуваат и трошоците за издавање на пасоши, па така доколку се вади пасош на дете постаро од 4 години, а не е полнолетно, треба да платите 1700 денари. Исто толку се плаќа и за пасош издаден на лица до 27 години, а за над 27 години дополнително плус 100 денари.

Доколку вадите пасош по итна постапка цената се движи од 4600 до 4800 денари во зависност од возраста за лицето за кое се вади.
Пари чини и вадење на нов пасош доколку претходно сте го изгубиле истиот и трошоците се движат околу 2000 денари.

 Возачката дозвола ќе ве чини од 2000 денари па нагоре

Од давање на куп пари не се поштедени ниту граѓаните кои сакаат да извадат возачка дозвола или пак да ја замената истата поради истечен рок или во други ситуации предвидени со Закон.
За да аплицирате за возачка дозвола ви се потребни лекарско уверение кое ќе ве чини 1500 денари, уверение за положен возачки испит.

Важечка лична карта на увид. 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка 110,00 денари административна такса плус провизија ако уплаќате во банка. Доколку пак се работи за изгубена возачка дозвола треба дополнително да платите уште 75 денари за објава на истата како загубена или пак оштетена, во “Службен весник#.
Возачката дозвола во редовна постапка се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а во итна постапка во рок од 2 работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

Од сето ова може да се заклучи дека за да ја комплетирате целата лична документација сума сумарум ви требаат околу 10.000 денари, а за изгубеното време и нерви не треба ни да се пресметува.

Промовирани огласи »

„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати и нови вработувања

„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати за периодот јануари-март 2018

Алкалоид со позитивни финансиски резултати во периодот од јануари до март годинава покажува билансот на успех.

Во овој период вкупните консолидирани продажби достигнуваат околу две и пол милијарди денари, што е за пет отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, додека вкупниот извоз на компанијата е зголемен за девет отсто.

Од вкупните продажби, 36 отсто се остварени на домашен пазар, додека 64 отсто се остварени на странски пазари.

Најзабележителен раст е остварен во САД. Гледано по групи на производи, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација и тоа 85 отсто. Во периодот од јануари до март во Алкалоид се реализирани и 51 нови вработувања .

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »