Промовирани огласи »

„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати и нови вработувања

„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати за периодот јануари-март 2018

Алкалоид со позитивни финансиски резултати во периодот од јануари до март годинава покажува билансот на успех.

Во овој период вкупните консолидирани продажби достигнуваат околу две и пол милијарди денари, што е за пет отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, додека вкупниот извоз на компанијата е зголемен за девет отсто.

Од вкупните продажби, 36 отсто се остварени на домашен пазар, додека 64 отсто се остварени на странски пазари.

Најзабележителен раст е остварен во САД. Гледано по групи на производи, најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација и тоа 85 отсто. Во периодот од јануари до март во Алкалоид се реализирани и 51 нови вработувања .

Промовирани огласи »

Државата ќе дава дел од секое покачување на платата

Добри вести за многу фирми

Министерот за финансии Драган Тевдовски, вчера на прес-конференција потсети дека владата ја зголемила минималната плата на 12.000 денари.

За мерката која ја најави премиерот Зоран Заев, вели дека секој работник ќе добие покачување на плата, а фирмата добива 30 проценти од покачената сума.

Со оваа мерка се опфатени фирми кои не добиваат никаква поддршка од државата, а фирмите не треба да прават високи профити. Поддршката ќе се испалаќа од МТСП, по апликациите од фирмите и нивно проверување во УЈП, рече Тевдовски додавајќи дека мерката ќе се исплаќа откако фирмата ќе ја исплати платата.

Промовирани огласи »

Интересен совет на најбогатиот човек на светот за приватниот живот

Основачот на Амазон за тоа како како да бидете успешни на работното место

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос, смета дека секој човек треба да негува добар приватен живот, бидејќи без тоа, нема да има добри резултати на работното место.

Многу е важно каков ќе дојдете на работа. Сите знаеме дека на состаноците секогаш има по некој кој знае да внесе огромна негативна енергија. Затоа треба да се дојде позитивен и да се пренесе таа позитивна енергија на останатите. И во спротивно, ако си задоволен на работа, ќе ти се случуваат добри работи и во приватното време - смета најбогатиот човек на светот.

Тој е познат по тоа што не пропушта појадок со своето семејство и дека понекогаш сам си ги мие садовите, а и дека, за својот статус, има мошне мал број на состаноци на агендата.

Промовирани огласи »

ОД ПРВИ ЈУНИ: Обука за 25 оџачари и плата од 27.000 денари

Шилегов со оџачари ќе се бори против загаденоста во Скопје

Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, ќе трае три месеци, а пријавувањето е до 10 мај.

Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.
За таа цел, оваа година Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари.

Додека воздухот во Скопје е релативно чист, а грејната сезона е речиси зад нас, работиме на тоа еден по еден да ги елиминираме причинителите на загадувањето. Минатата недела беше пуштен во употреба новиот филтер во “Дрисла# со што депонијата повеќе нема да биде фактор за загадување следната зима. Истовремено тече и јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување печки на пелети преку кој предвидуваме средства за околу 500 нови домаќинства идната грејна сезона да се греат на пелети, како алтернативен начин на затоплување на домовите. Од оваа недела, пак, фокусот го ставаме врз оџаците кои поради наталожените честички го загадуваат воздухот. Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, односно тоа е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во Скопје. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци кои многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак. Сега, со овој чекор, предвидуваме илјадници оџаци да бидат исчистени до почетокот на идната грејна сезона – рече градоначалникот Шилегов.

Шилегов нагласи дека ова не го решава целосно проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје во зимскиот период, но Град Скопје работи на тоа еден по еден да ги елиминира причинителите за тоа загадување, на долг рок.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »