Промовирани огласи »

ОД ПРВИ ЈУНИ: Обука за 25 оџачари и плата од 27.000 денари

Шилегов со оџачари ќе се бори против загаденоста во Скопје

Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, ќе трае три месеци, а пријавувањето е до 10 мај.

Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.
За таа цел, оваа година Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари.

Додека воздухот во Скопје е релативно чист, а грејната сезона е речиси зад нас, работиме на тоа еден по еден да ги елиминираме причинителите на загадувањето. Минатата недела беше пуштен во употреба новиот филтер во “Дрисла# со што депонијата повеќе нема да биде фактор за загадување следната зима. Истовремено тече и јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување печки на пелети преку кој предвидуваме средства за околу 500 нови домаќинства идната грејна сезона да се греат на пелети, како алтернативен начин на затоплување на домовите. Од оваа недела, пак, фокусот го ставаме врз оџаците кои поради наталожените честички го загадуваат воздухот. Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, односно тоа е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во Скопје. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци кои многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак. Сега, со овој чекор, предвидуваме илјадници оџаци да бидат исчистени до почетокот на идната грејна сезона – рече градоначалникот Шилегов.

Шилегов нагласи дека ова не го решава целосно проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје во зимскиот период, но Град Скопје работи на тоа еден по еден да ги елиминира причинителите за тоа загадување, на долг рок.

Промовирани огласи »

Царовска: Ако работодавачот отпушти вработен, следните 2 годни нема да може да вработи друго лице

Владата со нови мерки за зголемување на платите и заштита на работниците

Без социјален дијалог, нема унапредување на работничките права. Со измените во законот ќе се добијат прецизни договори за работен однос, но и заштита за работникот да не остане без неговото работно место, рече Царовска, која додаде дека доколку работодавачот отпушти вработен, на истото работно место нема да може да вработи друго лице следните две годни.

Министерот за финансии Драган Тевдовски потсети дека владата ја зголемила минималната плата на 12.000 денари, а пак просечната плата во споредба со минатаа година ја подигнала за 4,6 проценти. Тој вели дека платите мора да растат, за да се покачи животниот стандард на граѓаните.

За мерката која ја најави премиерот Зоран Заев, вели дека секој работник ќе добие покачување на плата, а фирмата добива 30 проценти од покачената сума.

Со оваа мерка се опфатени фирми кои не добиваат никаква поддршка од државата, а фирмите не треба да прават високи профити. Поддршката ќе се испалаќа од МТСП, по апликациите од фирмите и нивно проверување во УЈП, рече Тевдовски додавајќи дека мерката ќе се исплаќа откако фирмата ќе ја исплати платата.

Промовирани огласи »

СТРАВИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Повеќе од 30 милиони луѓе ќе умрат за 6 месеци!

На каква епидемија предупредува милијардерот?

Основачот на Мајкрософт и милијардер Бил Гејтс смета дека светот би требало да се подготви за пандемијата која претстои.

Гејст верува дека смртоносна епидемија ќе го погоди човештвото во  текот на наредните 10 години, а дека болеста ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за неколку, најмногу шест, месеци.

Ова апокалиптично предупредување, Гејтс го изнесе во петокот на научен собир во Масачусетс, а за тоа говореше и порано, само со нешто помала убеденост во своите тврдења.

Напоменувајќи дека „Обично е оптимист“, Гејтс изјавил:

Постои едно подрачје во кое светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа е подговетноста за избивање на пандемии, рекол тој, напоменувајќи дека следната епидемија може да потекне од екраните на компјутерите.

Промовирани огласи »

Од 15 мај нема да може да плаќате со книжни 10 и 50 денари

Но ќе можете да ги замените со пластични доколку не ги потрошите

Kнижните банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај нема да важат и со нив не ќе може да се плаќа. Од Народна банка информираат дека наместо книжните, во промет ќе бидат пуштени пластични пари, а кованите 10 и 50 денари и понатаму ќе важат.

Доколку граѓаните поседуваат и на 15 мај книжни пари, нив ќе можат бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари. Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, замената ќе може да се врши во деловните банки а по 15 мај следната година замената ќе се врши исклучиво во Народната банка, информираат од Народна банка.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »