Промовирани огласи »

Според Еуростат над 60 проценти од граѓаните во Македонија не можат да си овозможат летување. 

Да си дозволат една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, за повеќето граѓани на Македонија не е возможно.

Во групата со Македонија се и Србија, Кипар, Бугарија и Романија.

Граѓаните на Хрватска во однос на лани се во незначително подобра ситуација, но понатаму се во лошиот дел од листата - 58,1 проценти од населението не може да си го дозволи луксузот на еднонеделен одмор надвор од земјата.

Граѓаните на соседна Грција, која е позната туристичка дестинација, се седми по ред од дното нагоре, според финансиските можности да летуваат во странство.

Кога се во прашање останатите земји од регионот, 22,8 проценти од жителите на Словенија не можат да си дозволат летување. 

Но, повеќе од 90 проценти од Норвежаните, Швеѓаните и Швајцарците може да си дозволат барем една недела одмор надвор од земјата.

Промовирани огласи »

Oва се најмоќните економии во 2018 година

Трката е немилосрдна и оваа година

Според Меѓународниот монетарен фонд, САД ја имаат најмоќната економија на светот. 

Таа во 2018 година изнесува 20.4 трилиони долари, а лани била 19.4 трилиони долари. 

Зад нив е Кина со 14 трилиони долари, или 2 трилиони повеќе од лани. 

Јапонската економија „тежи“ 5.1 трилиони долари. 

И Европа е на врвот. Германија има економија од 4.2 трилиони долари, Велика Британија 2.94 трилиони долари, а Франција 2.93 трилиони долари. 

Зад Франција е Индија, па Италија, Бразил и Канада. 

Кина и Индија имаат голем напредок. 

Промовирани огласи »

Колку често треба да се брише тастатурата?

Taa e извор на бактерии, еве како да ја чистите

Американски лекари и медицински сестри од Националниот центар за здравствени истражувања препорачуваат да се дезинфицира тастатурата, барем еднаш дневно. Тие, исто така, препорачуваат миење раце пред и по секоја употреба на тастатурата. 

Научници од Австралија откриле дека тоалетната школка е почиста од тастатурата на компјутерот. 

Таа има педесет бактерии на два квадратни сантиметри, што не е многу, а на типична тастатура, особено онаа што ја делат повеќе луѓе, ситуацијата е 400 пати полоша.

Во една болница во Чикаго, е откриено дека високо отпорната бактерија MRSA на тастатурата може да преживее 24 часа.

Во болница во Холандија, проучувале стотици тастатури кои се користат, при што на 95 од нив се пронајдени стрептокока, стафилокока и други патогени. Се покажало дека тастатурите се највалканото нешто во целиот дел од интензивна нега.   

Промовирани огласи »

Се апелира до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.

Воедно ги информираме граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, соопштуваат од Градот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »