Промовирани огласи »

Во декември 2017, францускиот министер за образование објави дека мобилните телефони ќе бидат забранети  во основните  и средни училишта, нарекувајќи го прашањето за "јавното здравје“. Почнувајќи од септември 2018 година, на студентите нема да им биде дозволено да ги користат телефоните на одмори, на ручек, или меѓу часовите.

Децата повеќе не играат на пауза, изјави тогаш Жан-Мишел Бланкер за медиумите.

Тие ги користат само нивните паметни телефони и од образовна гледна точка, тоа е проблем.

Емануел Макрон, младиот нов претседател на Франција, предложи слична забрана во неговата кампања претходно во 2017 . Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, исто така, се обиде да забрани мобилни телефони во 2006 година, но родителите се жалеа на неконзистентно спроведување и дека не можат да контактираат со своите деца. Бил де Бласио, наследникот на Блумберг, ја укина забраната во 2015 година, повикувајќи се на нееднаквост (политиката беше повеќе употребена во училиштата со метални детектори, кои имаат тенденција да бидат посиромашни). Сега директорите во Њујорк измислуваат сопствени политики за мобилни телефони, или стандардно на стандардот: Студентите можат да ги носат своите телефони на училиште, но мора да ги чуваат надвор од видното поле.

Истражувањето е на Блумберг и од страна на француската влада. Според еден работен документ од 2015 година (pdf) објавен од Лондонската школа за економија, училиштата што ги забранија мобилните телефони покажаа дека резултатите од тестовите за 16-годишниците се подобрени за 6,4%, или еквивалент на додавање на пет дена во учебната година. „Утврдивме дека не само што се подобри успехот на учениците, туку и дека учениците со ниски примања добија најмногу", изјавија економистите Филип Беланд и Ричард Марфи за Би-Би-Си.

Промовирани огласи »

Медицинските сестри ќе земаат од 440 до 544 денари за ноќна смена

Продолжуваме да работиме на унапредување на условите и капацитетите во здравствениот систем, како и за зголемување на надоместоците на целокупниот медицински кадар во земјава“ велат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство соопшти дека анексот на колективниот договор за зголемување на коефициентот на медицинските сестри денеска го потпишале двата здравствени синдикати.

Самостојниот синдикат на клиничките центри и Самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита го потпишале анексот на колективниот договор со кој се зголемува додатокот на плата за прекувремена работа, работа ноќе и работа на дежурство.

Според анексот процентот за ноќен труд на медицинските сестри ќе се пресметува по нов повисок коефициент од 0,50 проценти, а претходно тој беше 0,29.

Сега за осум часа ноќен труд, медицинските сестри со средна стручна спрема ќе земаат нето износ од 440 денари, медицински сестри инструментарки 446 денари, медицинска сестра со висока школа 483 денари, а медицинска сестра со висока стручна спрема 544 денари. Продолжуваме да работиме на унапредување на условите и капацитетите во здравствениот систем, како и за зголемување на надоместоците на целокупниот медицински кадар во земјава велат од Министерството за здравство.

Унијата на здруженија на медицински сестри, акушерки и техничари вчера кажа дека не се согласуваат со претходниот предлог од Министерството коефициентот да се зголеми на 0,40 со што ќе добијат плус 80 денари за ноќен труд. Тие побараа Министерството да направи измени на член 216 од Законот за здравствена заштита и место да им плача за работа во смени да им плаќа за дежурство како на лекарите.

Според нив поради недостиг од средно-медицински кадар во многу јавни здравствени установи медицинските сестри работат и по 16 часа и повеќе. Тие вчера го известија Самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита за нивните барања, кој пак денес го потпие анексот на коелективниот договор за зголемување на коефициентот на медицински сестри за ноќен труд на 0,50. Самостојниот синдикат на клиничките центри уште на вчерашната седница на Советот одлучи да го прифати предлогот од Министерството за здравство.

Промовирани огласи »

И директорите ќе мора да објавуваат на што трошеле народни пари

До 20 јуни директорите ќе мора јавно да покажат колку трошат

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за објавување на службените трошења на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, акционерските друштва во државна сопственост и органите во состав на Министерствата, на официјалните веб-страници, соопшти Владата.

Најдоцна до 20 јуни се задолжуваат директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на Министерствата и на Инспекцискиот совет, на своите веб – страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 1 декември 2014 до 31 мај 2015 година и за периодот од 1 декември 2017 до 31 мај 2018 година- соопшти Владата.

Истото, им се укажува да го сторат и директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и акционерски друштва во државна сопственост.

Промовирани огласи »

И на „Максим Горки“ ќе се наплаќа паркирање по 100 за првиот час, а секој нареден 50 денари

Се подготвува единствен концепт за паркинг системот

Не е исклучена можноста наскоро и на улицата „Максим Горки“ паркирањето да се наплаќа по 100 денари за првиот час, а секој нареден 50 денари, пренесува Независен.

На оваа улица во строгиот центар на градот, функционира зонско паркирање на „Градски паркинг“. Таа е една од локациите, како што смета градоначалникот Петре Шилегов, каде фрекфенцијата од сообраќај, поточно паркирани возила треба да се намали. Тоа би се постигнало со воведувањето на посочената локација со зона А0.

Сѐ уште правиме анализи, но голема е веројатноста новата зона да почне да се применува и на ‘Максим Горки‘, информира Шилегов.

За прв пат, таа зона, впрочем и најскап паркинг, почна да важи од изминатиот викенд на Средно Водно.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »