Промовирани огласи »

И директорите ќе мора да објавуваат на што трошеле народни пари

До 20 јуни директорите ќе мора јавно да покажат колку трошат

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за објавување на службените трошења на директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, акционерските друштва во државна сопственост и органите во состав на Министерствата, на официјалните веб-страници, соопшти Владата.

Најдоцна до 20 јуни се задолжуваат директорите и замениците на директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на Министерствата и на Инспекцискиот совет, на своите веб – страници да ги објават податоците за нивите службени трошоци за периодот од 1 декември 2014 до 31 мај 2015 година и за периодот од 1 декември 2017 до 31 мај 2018 година- соопшти Владата.

Истото, им се укажува да го сторат и директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и акционерски друштва во државна сопственост.

Промовирани огласи »

И на „Максим Горки“ ќе се наплаќа паркирање по 100 за првиот час, а секој нареден 50 денари

Се подготвува единствен концепт за паркинг системот

Не е исклучена можноста наскоро и на улицата „Максим Горки“ паркирањето да се наплаќа по 100 денари за првиот час, а секој нареден 50 денари, пренесува Независен.

На оваа улица во строгиот центар на градот, функционира зонско паркирање на „Градски паркинг“. Таа е една од локациите, како што смета градоначалникот Петре Шилегов, каде фрекфенцијата од сообраќај, поточно паркирани возила треба да се намали. Тоа би се постигнало со воведувањето на посочената локација со зона А0.

Сѐ уште правиме анализи, но голема е веројатноста новата зона да почне да се применува и на ‘Максим Горки‘, информира Шилегов.

За прв пат, таа зона, впрочем и најскап паркинг, почна да важи од изминатиот викенд на Средно Водно.

Промовирани огласи »

ГДУ: Да се воведе еднократен паушален надомест за користење на автопатите без ограничување

ГДУ предлага да се воведат месечни, неделни и годишни претплати со налепници, со што граѓаните ќе заштедат, а метежот и чекањето на нашите патарини во критичните периоди ќе стане минато.

Наместо властите да се знимаваат и да размислуваат за воведување што повеќе патарини, подобро ќе биде да ги засукаат ракавите и да го направат она што уште пред многу години требаше да се направи – да се воведе еднократен паушален надомест за користење на автопатите без ограничување, кој овозможува тоа да го правите за време од 7 или 10 дена, еден месец или цела година, како што е во Швајцарија, велат од Граѓанско-демократската унија.

Овој систем го има и во Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија. Сличен систем има и во Австрија. Надлежните најавуваат пет рампи од Скопје до Гевгелија наместо досегашните три. Граѓанско-демократската унија смета дека моделот на плаќање е веќе застарен, но и премногу скап, особено за оние што секојдневно локално патуваат. Остро реагираме на ваквите најави и бараме плаќање како во Европа. Во спротивно, ако ништо не се промени, покрај останувањето на сите криманални недостатоци на досегашната наплата и возење по уништени автопати, Македонија ќе стане и светски рекордер по број наплатни рампи на жител порачаа од ГДУ.

ГДУ предлага да се воведат месечни, неделни и годишни претплати со налепници, со што граѓаните ќе заштедат, а метежот и чекањето на нашите патарини во критичните периоди ќе стане минато.

Денес во Европа има неколку начини на плаќање на патарините на автопатиштата, но само во Македонија на секои 20-30 километри се инсталирани наплатни рампи и времето што го штедиме во возење по автопат го трошиме во застанување на патарини. Ова мора да се промени!
Само со европски мерки сме поблиску до Европа! се додава во соопштението на Граѓанско-демократската унија.

Промовирани огласи »

Ќе се затвори секоја трета кладилница во Македонија

1000 луѓе без работа - ќе се затвори секоја трета кладилница во Македонија

Бизнисот за обложувалниците станува невозможен. Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) реагира на измените од Законот за игри на среќа, тврдат дека новите одредби ќе ги натераат да стават клуч на најмалку третина од објектите, а околу 1000 вработени ќе останат без работа.

На текстот со измените во законот кој беше објавен во декември, Асоцијацијата испрати куп забелешки. Во верзијата од текстот објавена минатата недела, само незначителен дел од барањата на обложувалниците е вметната. Обложувалниците ќе треба да бидат оддалечени најмлаку 100 метри од училиштата, а не 300 како претходно. Прифатено е и лиценцата наместо три да важи шест години. Другите забелешки кои се финансиски силен товар за бизнисот, не се прифатени.

Па така, наместо 300.000 евра сега обложувалниците за лиценца за секои 50 уплатни места ќе треба да имаат половина милион евра банкарска гаранцијам што значи дека големите обложувалници кои имаат стотина уплатни места ќе треба да чуваат над милион евра како гарација. Им се зголемува и месечниот паушал кој го плаќаат кон државата. Освен 23% од бруто приходот кој го плаќаат сега и кој беше меѓу највоските во Европа, им се воведуваат дополнителни 1600 евра т.н минимален праг за секое уплатно место.

На прашање на Сител кои од забелешките на Асоцијацијата се прифатени, предлагачот на законот, МФ, не одговори. Велат дека ќе очекуваат сугестии до крајот на месецот на текстот кој беше објавен минатата недела.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »