Промовирани огласи »

Што им е заедничко на сите успешни жени?

Што е она што навистина го сакаме? За што сонуваме?

На патот до успехот клучен фактор е самодовербата, а можеме да постигнеме многу само кога доволно веруваме во себе и во своите акции. Сите успешни жени имаат најразлични карактеристики, но има и 5 нешта кои се заеднички за нив.

1. Важно е да се има визија

Успехот се сведува на визија и на план. Што е она што навистина го сакаме? За што сонуваме?

Точно, соништата на сите ни се големи, но не значи дека сè треба да постигнеме преку ноќ. Поделете ги своите цели на неколку помали, па така ќе си го олесните патот кон нив.

2. Имајте ментор

Соништата сами по себе не се доволни. Често, разговор со лице кое веќе ги исполнило своите цели (или голем дел од нив), може многу да ви помогне со дискусија и совети. Најголемиот број успешни луѓе со задоволство би зборувале за својата професија или страст.

3. Најдете и вие ваша страст

Важно е да го сакате тоа што го работите. Откако ќе го одберете она што го сакате и ви е страст, нема да има сила која ќе ве запре.

4. Носете и тешки одлуки

Некогаш животот нè носи на пат кој значи дека ќе мора да се избира, било да се работи за селење, нова работа, за вложување на заштедените пари… Излезете од својот безбеден меур и размислете кои предности би ги имал ризикот, а потоа проценете ги последиците од вашата одлука.

5. Инвестирајте во себе

Научете се да се релаксирате, да бидете исполнети од активностите, да бидете инспирирани… Пристапете му на животот со страст и никогаш веќе нема да останете без енергија за секојдневните активности.

Промовирани огласи »

Мај ќе биде месец на неработни денови- планирајте го долгиот викенд

Мај е месец на неработни денови

Мај е месец на неработни денови. Ќе имаме споен викенд кога 4 дена ќе одмараме.

Власите пак ќе имаат ден повеќе тој викенд.

На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се поврзат 4 неработни денови. На 23 мај пак е Национален ден на Власите.

За сите граѓани
• 1 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

За граѓаните од православна вероисповед
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите.

Промовирани огласи »

Нови пластични пари од 10 и 50 денари - книжните кои ги имате ќе мора да ги смените во банка

Oд 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер

Oд 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.

Истовремено ќе се изврши и повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Промовирани огласи »

Во Агенцијата за вработување во моментов има отворени огласи преку кој македонските компании бараат кадри за ангажирање на околу 10.300 моментално слободни места.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата.

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници и слично.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »