Промовирани огласи »

Нови пластични пари од 10 и 50 денари - книжните кои ги имате ќе мора да ги смените во банка

Oд 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер

Oд 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.

Истовремено ќе се изврши и повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Промовирани огласи »

Во Агенцијата за вработување во моментов има отворени огласи преку кој македонските компании бараат кадри за ангажирање на околу 10.300 моментално слободни места.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата.

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти, адвокатски приправници и слично.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување и е добра можност за лицата кои се невработени или пак кои бараат работа детално да се запознаат со моменталната состојба на пазарот на труд и доколку ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат на истите.

Промовирани огласи »

Нови мерки: За летување во Грција ќе мора да платите данок

Дури и за половина ден резервација во хотел

Туристите кои ќе сакаат да летуваат во Грција ќе мора да платат данок дури и кога ќе резервираат хотел во текот на половина ден.

 Ова беше објавено од страна на грчките власти, објаснувајќи ги спецификите на данокот од одморалиштата, кој стапи на сила на 1 јануари оваа година.

Данокот се однесува на сите туристи кои се сместени во хотелите од сите категории или во лиценцирани опремени апартмани или куќи.

Во зависност од категоријата, данокот по турист по ден е следен:

за хотели со 1 и 2 ѕвезди – 0,5 евра;

за хотели со 3 ѕвезди – 1,50 евра;

за хотели со 4 ѕвезди – 3 евра;

за хотели со 5 ѕвезди – 4 евра.

Данокот исто така треба да се плати за краткорочни изнајмувања преку онлајн платформи, но само во случаи кога има дополнителни услуги – појадок или обезбедување на постелнина. Во овој случај, данокот по лице е 0,5 евра дневно.

Промовирани огласи »

Граѓаните оставени на милост и немилост на извршителите – наплатата ќе се извршува како и досега

Извршителите ќе земаат пари од граѓаните како и до сега, пресече Уставен

Тарифата по која извршителите наплаќаат долгови од граѓаните и фирмите останува иста како и до сега. Уставниот суд ја одби иницијативата за преиспитување на постапката со која е донесен овој правилник.

Поднесена е лани од извесен Андреја Насковски, кој барал уставен да провери дали кога министерот за правда го креирал ценовникот побарал мислење Комората за извршители. На судот му биле доставени докази дека законската процедура е запазена па поради ова не гледа ништо спорно во уставноста на тарифникот – информираше Телма телевизија.

„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од Комората на извршители е неосновано од причина што мислењето прибавено од Комората на извшрители на Република Македонија е доставено до Уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од Комората на извршители како што предвидува законот за извршување“, соопштија од Уставен.

Инаку тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите е објавена во 2016 година, а ја донел министерот во претходната влада, Валдет Џафери. Извршителите за себе наплаќаат награда и надоместок на трошоците според цена за администрирање, цена на извршните дејства и награда за извршените дејства. Висината на цената се пресметува според висината на главното побарување но и според видот, обемот и времетраењето на извршувањето.

Но, последниот случај покажа дека на граѓанин кој должел само еден денар за парно греење, по барање на БЕГ извршител му наплатил повеќе од 200 евра. До уставниот пристигнала уште една иницијатива поврзана со законот за ивршители, а ја поднела заменик извршител од прилеп каролина танеска. Барала преиспитување поврзано со условите за извршителите променети со новиот закон, но и оваа иницијатива е отфрлена.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »