Промовирани огласи »

Граѓаните оставени на милост и немилост на извршителите – наплатата ќе се извршува како и досега

Извршителите ќе земаат пари од граѓаните како и до сега, пресече Уставен

Тарифата по која извршителите наплаќаат долгови од граѓаните и фирмите останува иста како и до сега. Уставниот суд ја одби иницијативата за преиспитување на постапката со која е донесен овој правилник.

Поднесена е лани од извесен Андреја Насковски, кој барал уставен да провери дали кога министерот за правда го креирал ценовникот побарал мислење Комората за извршители. На судот му биле доставени докази дека законската процедура е запазена па поради ова не гледа ништо спорно во уставноста на тарифникот – информираше Телма телевизија.

„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од Комората на извршители е неосновано од причина што мислењето прибавено од Комората на извшрители на Република Македонија е доставено до Уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од Комората на извршители како што предвидува законот за извршување“, соопштија од Уставен.

Инаку тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите е објавена во 2016 година, а ја донел министерот во претходната влада, Валдет Џафери. Извршителите за себе наплаќаат награда и надоместок на трошоците според цена за администрирање, цена на извршните дејства и награда за извршените дејства. Висината на цената се пресметува според висината на главното побарување но и според видот, обемот и времетраењето на извршувањето.

Но, последниот случај покажа дека на граѓанин кој должел само еден денар за парно греење, по барање на БЕГ извршител му наплатил повеќе од 200 евра. До уставниот пристигнала уште една иницијатива поврзана со законот за ивршители, а ја поднела заменик извршител од прилеп каролина танеска. Барала преиспитување поврзано со условите за извршителите променети со новиот закон, но и оваа иницијатива е отфрлена.

Промовирани огласи »

Со 24 години е најмлад милијардер на светот и сопственик на фирма

Какви планови има за во иднина?

Густав Магнар Вико има 24 години, а неговото богатство се проценува на 1,9 милијарди долари.

Роден е во Норвешка и таму живее. Неговиот татко му оставил половина од фабриката која се занимава со обработка на риби и конзервирање, а тој преку неа успеал да направи неверојатни пари за само неколку години.

Густав сака да троши и ужива во раскошниот живот, а неговиот Инстаграм профил служи како сведоштво за тоа. Тој на социјалната мрежа обожува да поставува фотографии и видеа од своите авантури и од своите скапоцени играчки, нешто слично како Ден Билзеријан и Кендимен.

Младиот милијардер планира да основа технолошка компанија преку која ќе вложува во најмодерните геџети и уреди и вели дека ќе проба да создаде норвешки бренд кој ќе им парира на компаниите како што се Apple и Samsung.

Промовирани огласи »

12 факти кои ги отсликуваат македонските газди

Имаат право, дури и со месеци да ти кажуваат дека платата ќе доцни, барајќи разбирање, а тој за еден ден тргнува на далечно патување со сопругата.

Македонските газди се еден посебен феномен. Далеку се слуша за нивните нечовечки дела. Слушаме секојдневно како се однесуваат со своите вработени. Од враќање на дел од платата, па одат и до степен да им исечат на работниците од платата, бидејќи имаат добиена повисока сметка за струја од предвиденото.

Секој втор денеска може да отвори некаква фирма и да го добие името како “газда”, но не секој може да се носи со таа функција и достојно да стои зад своето име.

Ви издвојуваме 12 факти кои ги отсликуваа македонските газди:

1. На првиот разговор се договарате за плата од 20.000 денари и осигурување. Неколку дена пред плата, наоѓа некои изговори дека не е задоволен и цело време е нервозен. Добиваш плата од 12.000 и не си пријавен. Ако дојде инспекција ќе се преправаш дека таму си дојден случајно за некоја потреба.

2. Секој ден слушаш една иста приказна. Да бидеш среќен што работиш кај него, ехе да знаеш само какви газди има во Македонија. Слушаш и се чудиш...

3. Не дај боже да се разболиш. Тој е поболен од тебе. А и плус ти си виновен што си болен, што не си внимавал... Ќе бидеш исечен од плата, бидејќи не си на работа една недела.

4. Едвај добиваш десет дена одмор и тоа само летен. Плус ти е страв да прашаш, да не ти се изнавика. Ќе ти дозволи, ама ќе се чувствуваш некако непријатно. Како да му бараше кој знае што, а не денови за одмор кои те следуваат. И ќе бидеш слободен една недела, а потоа ќе ти се јави да те викне на работа, бидејќи тој треба да оди по 100 пат во Грција.

5. Ти си дипломиран или магистар, а тој е со средно. Нема врска со она што се работи, но ќе ти соли памет, како треба. А тој и е газда, па ќе го слушаш.

6. Те боли срцето, кога ќе ти каже дека денеска секој може да заврши факултет. Се е лесно...

7. Климата или е пуштена на најслабо или е исклучена. Стандарден е муабетот кога ќе влезе од надвор, внатре: “Леле ќе се загушите, колку е топло...”, а надвор има само еден степен...

8. Ако дојде поголема смета за струја од предвидената, им се крати од платите на работниците, за да се плати истата.

9. Отворено си прашуваат планираш ли да се мажиш или да раѓаш. Немаат тие простор да се заморуваат со трудници и лица кои треба да користат боледување.

10. Имаат право, дури и со месеци да ти кажуваат дека платата ќе доцни, барајќи разбирање, а тој за еден ден тргнува на далечно патување со сопругата.

11. К-15, што е тоа? Ти го пуштаат, а потоа да го вратиш. Што сакате, па така прават сите фирми, што сме ние повеќе?

12. Ние живееме во Македонија, треба да ни е јасно тоа дека не можеме да се споредуваме со другите европски земји. Се вели испружи си ги нозете колку ти е чергата, а неговата черга е многу голема, благодарејќи на нашите грбови.

Промовирани огласи »

Анѓушев: Нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата

Со либерализација на пазарот на електрична енергија што треба да се случи по донесување на новиот Закон за енергетика нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата

Со либерализација на пазарот на електрична енергија што треба да се случи по донесување на новиот Закон за енергетика нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата, кажа вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес конференција, пренесува СДК.

Тој рече дека сегашната цена на струјата за домаќинствата ќе се задржи и по стапување во сила на новите законски решенија, бидејќи со нив е предвидено граѓаните да може да купуваат струја од универзален снабдувач, кому ЕЛЕМ во 2019 година ќе бидат должни да му продаваат 80 отсто од произведената електрична енергија.

ЕЛЕМ во 2019 година на универзалниот снабдувач ќе му дава 80 отсто од производството а со текот на годините овој процент ќе се намалува и во 2025 тоа ќе изнесува 30 отсто од производството на ЕЛЕМ. Цената за домаќинствата покрај со ова е загарантирана и со програмата за социјална сиромаштија, со која граѓаните во социјален ризик ќе добиваат и субвенции, кажа Анѓушев.

Тој кажа дека новиот закон е со европско знаменце и дека со него ќе се урнат сите монополи, но од друга страна дека има и заштитни механизми со кои граѓаните ќе ги заштитат од превисоки цени. Рокот за избор на универзален снабдувач е 90 дена од носење на законот. Анѓушев кажа дека со новите законски решенија Електрани на Македонија остануваат под контрола на Владата, МЕР ќе биде под контрола на Министерството за економија, а МЕПСО под контрола на Министерството за транспорт и врски.

Новиот закон ја стимулира изградбата на обновливи извори на енергија. Ако сега имаме 16 мегавати во фотоволтаици, со овој закон очекуваме дека таквата инсталирана снага ќе порасне до 200 мегавати во следните 3-4 години. Ветерните електрани ќе бидат приоритет и очекуваме да има 150 мегавати инсталирана снага, а досега има 36. Очекуваме да се изградат сите хидропотенцијали, кои се лимитирани, рече Анѓушев.

Во рок од 30 дена од стапување во сила на законот Регулаторна комисија за енергетика треба да добие нов претседател и двајца нови членови. Нив ги предлага Владата, а ги бира Собранието. На прашањето дали со тоа Владата се меша во независноста на Регулаторната комисија за енергетика, Анѓушев рече:

Регулаторната комисија сега е зависна, оти ја води човек од опозицијата и навистина сакаме независна регулаторна комисија. И досега Владата го предлагаше, но многу е важно кој човек ќе го предложите. Ќе има конкурс и се надевам дека ќе избереме стручен човек.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »