Сопственикот на онлајн сајтот за трговија Алибаба, милијардерот Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, и дека бројни луѓе ќе изгубат работа поради напредокот во роботиката и вештачката интелигенција.

Во интервју на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, извршниот директор и основач на Алибаба говореше детално за некој од најголемите предизвици со кои светот денес се соочува.
Вештачката интелигенција и "big data" се закана за луѓето. Јас мислам дека вештачката интелигенција би требало да им помага на луѓето. Технологијата секогаш требало да биде нешто што го подобрува животот на луѓето, а не да им го отежнува. Компјутерите секогаш ќе бидат попаметни од вас, тие не забораваат, не се лутат. Но компјутерите никогаш нема да бидат мудри. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат бројни работни места, кои во иднина ќе ги заземаат машините. Услужните индустрии нудат надеж, но тоа мора да се организира на еднаков начин, порачал Ма.
Рекол дека имаме и среќа бидејќи светот се наоѓа насред голема трансформација благодарение на технологијата.
Оваа нова технологија ќе создаде многу успешни луѓе и интересни кариери, но искрено, секоја нова технологија создава и социјални проблеми“, рекол Ма и додава дека „ако не се поврземе, човечките битија меѓусебно ќе се борат, бидејќи секоја технолошка револуција го дестабилизира светот.
Ма говорел и за односот на жените и компаниите, и порачал дека ако некој сака успешна фирма тогаш жените се најдобри за да ја водат.
Рекол и дека 37 отсто висок менаџмет во Алибаба се жени.
Некој вид на „тајна состојка“ на нашиот успех е тоа што имаме толку колешки, порачал тој.