Како што и регрутерите се подготвуваат за целито процес на интервјуа, од почеток до крај, така и кандидатите за работа треба да се подготвени кога доаѓаат на интервјуа. Меѓутоа, не секогаш тоа е случајот. За да се олесни процесот и за двете страни, регрутерите имаат листа на барања кои би сакале да ги забележат и видат кај кандидатите:
CV не подолго од две страни - Постојат многу различни мислења за CV-та. Размислете за вашето CV како збир на вашето искуство. Ако сте на почетокот на вашата кариера, тогаш резиме од една страна е сосема доволно. Ако сте навлезени подлабоко во вашата кариера, треба веќе да ја имате стекнато способноста да се продавате себеси со малку зборови, односно обидете се резимето да изнесува максимум две страни.
Мотивационите писма се бонус! - Некои луѓе може да кажат дека мотивационите писма се историја, но тие се уште постојат со јасна цел. Овие писма им дозволуваат на кандидатите да опишат нешта кои вообичаено не би можеле да се сретнат во CV-a. На пример, опис на некоја ситуација која сметате дека ќе ви ги зголеми шансите за вработување или едноставно, искажување на желбата колку сакате да работите за организацијата.

Пребарајте ја компанијата - Проверете го вев сајтот на компанијата. Имајте барем основно знаење за тоа дали се работи за продажба на продукти или услуги. Ниту една компанија, барем на првото интервју не ви бара да знаете се за компанијата, но барем основите е добар почеток.
Разберете ја работата - Прегледајте го описот на работното место. Денес е лесно, со помош на Интернетот да се пребараат информации од било каков карактер, а вака ќе оставите и впечаток дека сте заинтересирани за професионалниот интерес на работата.
Соодветен дрес код - Ова не значи дека треба да сте во костум. Организациите сакаат да знаат дека секој што ќе биде најмен ќе остави добар впечаток за компанијата. Со ова е доволно кажано. Исто така, практикувајте добар говор на тело преку активно слушање и одржување на контакт со очи.
Раскажете ја својата приказна - Едно од најчестите прашања на интервјуата за работа е „Кажете ми нешто за себеси.“ Ова е првиот впечаток кој регрутерот ќе го добие за Вас. Размислете за она што сакате да го кажете. Интересната и автентичната приказна ќе направи луѓето полесно да ве запомнат.

Бидете удобни во дискутирањето на вашите слаби и јаки страни - Ова исто така, е едно од класичните интервју прашања. Регрутерите сакаат да знаат кои се вашите силни страни, според Вас и што е она што сакате да го развиете. Ова не е трик прашање. Тука се работи за свесноста за себеси.
Бидете подготвени да разговарате за вашата иднина - Без разлика дали аплицирате за работата од вашите соништа или оваа работа е само една скала до вашата конечна цел, поседувањето на план за вашата кариера е важно. Можеби компанијата нема да е фокусирана на самиот план, но тие се фокусирани на кандидати кои имаат таков план.
Поставувајте прашања! - Појавете се на интервјуто со подготвени прашања. Ова им дава до знаење на регрутерите дека се интересирате за компанијата, работната позиција но и го цените вашето време за да знаете точно во што се впуштате.

Свесноста за култура - Ова е исто така една важна карактеристика која ја бараат регрутерите, како на индивидуално ниво, така и на организационо. Компаниите сакаат да знаат дека кандидатите ќе бидат способни да ја прифатат културата на компанијата и дека ќе бидат среќни во својата работна позиција.