Ако се решите да направите чекор и да си отворите свој бизнис, луѓето во вашиот живот, од фамилија и пријатели до инвеститори, сите тие ќе имаат мислење кое секако ќе го споделат со Вас, без разлика дали тоа го барате од нив или не.
Вистината е, може да ги добиете сите совети на светот од многу почитувани извори, но ако не се чувствувате дека се во ред, тогаш треба да верувате на вашата визија и мисија.
6 претприемачи ги споделуваат најлошите совети кои ги добиле и што научиле од нив.
1. Облекувај се како сите за да се вклопиш - Алексис Мејбанк, Project September
Многу луѓе ќе ви кажат дека треба да се облекувате и однесувате на одреден начин за да се вклопите во една средина. Вие сте ваш сопствен бренд и колку поудобно ви е во вашата кожа, толку посамоуверени ќе бидете и луѓето полесно ќе ве запаметат.

2. Слушајте го малцинството од вашите корисници - Луис вон Ан, Duolingo
Кога се обидувате да изградите проект, вообичаен совет е слушајте ги вашите корисници. Сопственикот на Дуолинго открил дека ова е ужасен совет, барем за него. Ако каналите преку кои добивате фидбек се такви да само неколку корисници зборуваат со вас, вие само ги слушате најгласните, не сите од нив, а тоа е погрешно. Ако ги слушате само луѓето кои допираат до вас, тоа е малцинство на луѓе кои се многу гласни. Ова не секогаш е случајот, но освен ако не знаете што правете, треба да бидете внимателни со овие гласови.

3. Играј безбедно - Даниела Јачобовски, BaubleBar
Oва е тешко бидејќи понекогаш ова може да биде корисен совет во зависност од контектстот. Повеќе се работи за прифаќањето на овој совет и начинот на кој го имплементирате во вашиот бизнис. Еден момент може да е кога ја напуштате моменталната работа за да се вложите во нешто друго.
4. Да се обидуваш да бидеш некој кој не си - Енџи Хикс, Angie`s List
Доколку сте млад претприемач, многу често може да ви се делат совети за тоа како треба да се однесувате и какви да бидете. Следењето на тој совет може да е кобно за вашиот бизнис, доколку не се пронаоѓате себеси. Најдобро е вашито бренд да се претставува Вас и какви сте вие како личност.
5. Вработувајте само за да пополните позиција - Џордана Киер, Lola
Едноставно, вработете некој колку позицијата да не стои празна. Процесот на вработување е за пронаоѓање на вистинските луѓе и бара многу време. Идејата да ги пополнвате позициите е најлошиот совет, затоа што подоцна можете да се каете. Донесувањето нова личност во вашиот тим влијае на вашата култура и го води вашиот бизнис.

6. Не се пријавувајте за ништо - Тина Шарки, Brandless
Не волонтирајте за ништо. Овој совет е многу неетички, особено ако доаѓа од личност која не ве познава. Кога постои можност, шанса, искористете ја и откријте како може да направите разлика. Многу поголем број на шанси може да ви се појават и ќе ги гледате можностите и каде не постојат.
