За некои луѓе, пишувањето на CV може да се опише како „шпагети на ѕид“ филозофијата - искористете ги сите карти што ги имате и видете која ќе биде успешна. Но, на регрутерите и менаџерите за вработување, најважен им е квалитетот, не квантитетот. Вие имате само седум секунди за да го задржите нивното внимание и затоа е подобро веднаш да ги презентирате добрите работи. Поради ова, добро е одвреме навреме да вршите проверки на вашите назначени вештини, способности и искуства во CV-то.

Ако се уште се прашувате што би можеле да отфрлете од вашето CV, можете да започнете од следниве карактеристики:
- Јазик кој сте го учеле само во средно образование
Да, можеби сте учеле француски јазик за време на целото ваше средно образование, но дали навистина го поседувате тоа знаење да се чувствувате удобно во секојдневните разговори со луѓе чиј овој јазик им е мајчин? Ако одговорот е „не“, тогаш не треба да припаѓа во вашето CV. Не е важно дали имате основно или средно познавање на еден јазик - ако не можете да го искористете за работа, оставете го.
Најлошо можно сценарио е вашиот регрутер или менаџер да го зборува течно тој јазик и за време на интервјуто да разговара со вас, што значи и ако лажете во CV-то веднаш ќе бидете откриени.

- Основни компјутерски вештини како e-mail или Microsoft Word
Во ова време, именувањето на овие две како вештини е еднакво на именување „читање“ или „основна математика.“ Тие не ве прават поразлични - тие се очекувани да ги поседувате како знаење.
На регрутерите ова може да им се чини како да се обидувате да го зголемите волуменот на вашето CV бидејќи немате релевантен број на вештини за позицијата за која аплицирате. Еден исклучок од ова правило е ако сте имале специфична задача за која ви била потребно да ги користете мејлот или Microsoft Word - тоа е друг случај кој вреди да биде спомнат.

- Социјални медиуми (ако не сте ги користеле како дел од работата)
Можете да имате илјадници следбеници на Twitter, пријатели на Facebook и бескраен број на допаѓања на Instagram, но менаџирање на вашиот личен бренд и менаџирањето на професионалниот бренд на компанијата се две сосема различни работи. Работењето на социјалните медиуми во професионално опкружување често бара многу повеќе од само објавување на содржина - најчесто вклучува анализа на податоците, искуство со платена содржина и слично.
Ова е малку трик карактеристика бидејќи регрутерите сакаат да видат збир на меки вештини во вашето CV. Меѓутоа, тие мораат да бидат презентирани преку примери отколку само да бидат именувани. Да кажете дека сте одличен комуникатор е бескорисен факт ако немате конкретни примери да го докажете.

Особено е важно да ги прикажете вашите меки вештини на многу јасен начин во вашето CV. На пример, наместо да внесувате само „Лидерство“ или „Вештини за мултитаскинг“, подобро е да напишете „Водење на проект за комплетирање на X% стапка на ROI преку релевантна позиција.“ На овој начин, ќе може да биде мерливи до одредени граници вашите меки вештини и ќе му дадете отворена можност на регрутерот да ги провери истите.
Работобарателите многу често ги копираат вештините од конкретен оглас во нивното CV. Но, ако немате ниедна од наведените вештини, не ги вклучувајте само и само поради работата. Ако сметате дека ќе се извлечите, неспособностите ќе излезат на виделина.
Ако немате одлични вештини за јавно говорење, не го ставајте ова во вашето CV. Ако вашата работа бара секој ден да застанете пред 100 луѓе и да одржувате говор, многу е веројатно дека ќе пропаднете во работата особено брзо.
Но, ова не значи дека треба да ги имате сите потребни вештини кои се прикажани во огласот за да аплицирате за работа - едно добро правило е дека 80, 90% е добар процент за да аплицирате.

- Ирелевантни или смешни вештини
Ова може да звучи многу очигледно, но навистина постојат луѓе кои би вклучиле во нивното CV „експертско ниво на правење њоки“ или „шампион во пинг-понг.“ Не вклучувајте вештини кои се ирелевантни за работата за која аплицирате. Дури и да знаете дека поседувате некои вештини некогаш е подобро да не ги напишете. Да, постојат некои регрутери и менаџери за вработување на кои оваа карактеристика ќе им биде смешна. Но, кога аплицирате за работа, не знаете кој ќе ги цени овие способности, а кој не. Затоа е подобро да си останете професионални до крај.