
Рецептот за создавање белег кој ќе има влијание во иднината го има Маркус Велдон, сопственик на Bell Labs, компанија за научен развој која била наградена со дури осум Нобелови награди. Тој е многу добро запознаен со изуми, иновации и решавање на проблемите на луѓето.
1. Фокус на човековата потреба
Преку решавањето на проблемите на луѓето, секогаш ќе бидете еден чекор напред. Луѓето секогаш ќе имаат потреба од добра и тоа добра кои може брзо да ги добијат. Амазон е една фирма која го решава овој проблем на многу добар начин. Едно одлично прашање кои можете вие да си го поставите е: „Кој постар проблем може да го развиете или решите?“

2. Целта на иднината е да им се заштеди време на луѓето
Времето е една удобност која е во ограничени количини и за кое не постојат многу начини за оптимизирање. Неколку примери кои го заштедуваат времето:
- Машина за принтање наместо рачното пишување? Машината за принтање ви заштедува време.
- Возење автомобил наместо одење пешки? Со автомобилот ќе стигнете побрзо.
Ако сакате да креирате неопходен производ или услуга за во иднина, откријте го следниот најдобар начин за да им заштедете на луѓето од нивното скапоцено време.

3. Автоматизацијата = иднината
Велдон предвидува технологија која ќе ја надвладее информатичката ера за која знаеме. Идната технолошка револуција ќе биде фокусирана на автоматизација на сите нешта, за да им заштеди на луѓе повеќе време.
4. Креирајте знаење
Кој е следниот проблем на човештвото? Премногу информации. Постојат премногу информации кои креираат дистракции од нештата кои вообичаено би биле важни. Ако можете да откриете начин за ди претворите сите тие и корисни и неважни информации во нешто кое луѓето го вреднуваат - вие ќе имате продукт или услуга која со сигурност ќе има влијание на иднината.
