Луѓето ја сакаат рутината. Правењето на една иста работа постојано, секој ден е безбедна, предвидлива и ги задоволува нашите потреби. Кога автобусот доаѓа секој ден на време секое утро, знаеме дека се е во ред. Накратко, ние како луѓе, сакаме да ни е удобно.
Меѓутоа, комфорните зони може да станат инкубатори. Додека се чувстувате пријатно планирајќи ги деновите околу вашето навикнато однесување, многу е лесно да паднете во стапицата на никогаш не променувајќи се и останување исти.
Особено за претприемачите, ако нештата не се менуваат, не растете. Ако вие и вашиот базнис не се развивате, може многу лесно да станете ирелевантни.
За да се развивате како на лично така и на професионално ниво, потребно е да излезете од комфорната зона, дури и ако е за многу малку. Правењето на нешта од кои ви е непријатно може да ве научат многу за Вас, вашиот карактер и вашиот потенцијал.

- Не почнувајте преамбициозно додека не сте целосно подготвени
Да се направи чекор надвор од комфорната зона е самото по себе непријатно. Затоа, најдобро е првиот чекот да ви биде мал. Наместо да се обидувате телефонски да побарате десет луѓе, како би било да побарате само еден? Или уште подобро, еден телефонски повик на ден, во текот на пет дена.
Комфорните зони се токму тоа, комфорни. Тие се полни со нешта кои прават да се чувствуваме безбедно и се исклучени од нешта кои не плашат. Но, не можете да го добиете главниот клиент ако не ризикувате да добиете одбивања, кои скоро секој го плашат.
Најголемиот дел од нештата од кои се плашиме - одбивање, критика, неуспех - не се толку ужасни како што ги правиме да бидат. Сите ние сме биле одбиени и критикувани и сите сме биле неуспешни во еден или друг момент. Повеќето од нашите стравови не содржат реална опасност по живот. Затоа поставете си го прашањето „Од што сум исплашен/а? Што е најлошото што може да се случи?“ Кога ќе реализирате дека дури и најлошото да се случи, пак ќе преживеете, тогаш ќе добиете храброст да дадете чекор напред дури и ако грешите.
Пречките кои треба да ги преминете во движењето на вашиот бизнис напред се вашите. Не е Џеф Безос тој кој ја одбива вашата понуда, туку тоа сте Вие кој се убедувате себеси да не му се јавите. Да, тој возможно е да ја добие вашата понуда, но тоа никогаш нема да го знаете освен ако не излезете надвор од комфорната зона и го иницирате повикот.

Бидете вие иницијаторот и започнете да тропате на врати.
- Повторување, повторување, повторување
Излезете од комфорната зона и соочувајте се со вашите стравови секојдневно. Секој пат кога барем малку ќе излезете, вие се обучувате себеси да бидете комфорни со неудобноста.
Како што се повеќе станувате удобни со тоа да ви биде неудобно, ќе откриете дека сте го претвориле вашата мината неудобност во нова комфорна зона. Ова е единствениот начин за постигнување успех, постојано откривање на нови комфорни зони кои ќе ви помогнат за да ги постигнете своите цели.