Секој знае дека комуникацијата е клуч на продуктивниот однос, но и покрај тоа секој од нас прави грешки во комуникацијата.
Многу често се случува да испратете мејл кој содржи непријатна содржина која може да ве чини многу, особено во бизнис светот. Дури и оние кои се посебно внимателни може да згрешат бидејќи сепак, ние сме само луѓе и грешиме.
Доброто во комуникациските грешки е што е лесно да се идентификуваат и секоја промена започнува со знаење и откривање на истата. Во продолжение, прочитајте за 10 најчести комуникациски грешки кои треба во најбрз можен рок да ги исфрлите од вашата комуникација.

1. Криете лоши вести
Во човековата природа е да избегнува конфликти и додека ви се чини дека неискажаниот лош фидбек е подобар отколку кажаниот, избегнувањето може да ве доведе до поголеми проблеми во иднина. Наместо да се обидувате да ги скриете лошите вести, подгответе се за тежок разговор однапред. Одлучете за што ќе разговарате, размислете што ќе кажете и презентирајте ги вашите идеи како јасни.
2. Вие ги уништувате вашите мостови
Дури и најпрофесионалните комуникатори може да бидат водени од емоциите понекогаш. Кога нешто сериозно ќе излезе од колосек, може да биде огромно искушение да пресечете и да заминете. Завршувањето на бизнис односите може да биде правилниот избор, но особено е важно тоа да го правите со почит и професионализам. Никогаш не го потценувајте влијанието на долг рок кое рушењето мостови во денешно време може да го има врз вашата кариера. Не само што ќе ги уништите професионалните референци, туку може да пропуштите и идни можности ако личноста разговара со поранешните ваши претпоставени.
3. Не одговарате, туку реагирате
Ако го почустувате импулсот да реагирате со фрустрација, шок или бес, паузирајте. Размислете за фактите и смирено одговорете на ситуацијата наместо да реагирате. Емоционалните реакции, без разлика за кој вид се работи, може сериозно да ви ја нарушат репутацијата.
Наместо тоа, станете активен слушател и контролиран комуникатор. Имплементирајте ги следниве пет принципи на слушање:
- Примање - Слушнете ја пораката
- Разбирање - Интерпретирајте ја пораката и процесирајте ја информацијата
- Евалуирајте - Формирајте ги вашите мисли и ставови за информацијата која штотуку сте ја слушнале
- Меморирајте - Запомнете ја информацијата за идни референци
- Одговорете - Обезбедете фидбек
4. На вашите пораки им недостига јасност

Сите знаеме што се случува кога претпоставуваме и зошто тогаш продолжуваме да го правиме тоа на дневна база?
Ако праќате мејл до колега, не претпоставувајте дека мејлот е примен и разбран. Доколку не добиете одговор до даден рок, пратете уште еден мејл со објаснување.
5. Не поставувате прашања
Прашањата се клучни за водење на еден бизнис и непоставување на вистинските прашања е едно од најголемите комуникациски грешки кои можете да ги направите.
Секоја задача која ви е помалку од 100% јасна, поставете прашање.
Затворените прашања, односно прашањата на кои можните одговори се „Да“ или „Не“, може да не ви ја доловат поентата и може да бидат доловени како вршење притисок. Обидете се да поставувате отворени прашања кои започнуваат со „Како“, „Зошто“ или „Што“ кој охрабрува поширок одговор.
6. Се потпирате премногу на вашиот мејл
Електронската комуникација - мејлови, текст пораки имаат огромен удел во олеснување на бизнис комуникациите. Меѓутоа, тие можат да бидат и недостаток ако се потпирате премногу на нив, особено ако се работи за чувствителни теми.
Секоја форма на пишувана комуникација, без разлика колку емотикони користете, нема да ја омекне пораката како што говорот на телото и невербалната комуникација прават.
7. Непотребно извинување
Преголем број на професионалци паднале во стапицата наречена „пречесто извинување“ каде се искажува жалост за ситуации кога нема потреба да се искаже. За некои од нив ова е лоша навика, но во други случаи, оваа навика има пораснато во рефлексна реакција која може да биде форма на самоодрекување.
Прекумерното извинување може да биде знак на недостаток на самодоверба, па дури и прифаќање на незаслужена вина. Дополнително, оваа реакција може да биде земена како неискрена во ситуација кога извинување е навистина потребно.

8. Ја практикувате „една голема за сите“ комуникација
Како што постојат и различни карактери, така и различните луѓе комуницираат на различни начини. Одбирањето на погрешниот начин на комуникација може да ги демотивира активните слушатели, но може целосно да го уништи вашиот комуникативен труд.
Скоро секој користи еден од четирите комуникациски стилови, засновани на нивните потреби и очекувања.
- Аналитички - Насочени кон цврсти информации, реални бројки, статистики и факти.
- Интуитивен - Јасно кон целта, избегнување непотребни детали и фокусирање на големата слика
- Функционален - Желба за детали, рокови, специфични процеси и целосни планови
- Личен - Вреднување на емоционалниот говор и човечките поврзувања