Промовирани огласи »

Шефот на Apple доби помала плата поради слабите продажби

Apple за прв пат под казна му ја намали платата на директорот Тим Кук

Тим Кук кој неколку години по ред беше еден од најуспешните директори во САД со постојан раст на профитот на компанијата, а со тоа и еден од најбогатите, за прв пат по долго време е казнет од Apple поради намалената продажба на iPhone, iPad и останатите производи. 

На Тим Кук платата му е намалена за околу 2 милиони долари. Исто така повеќе директори на Apple ќе земат помали плати со скратени бонуси бидејќи компанијата оствари за 3.7% помал приход од планираното, односно за фискалната 2016-та има 215.6 милијарди долари. Приходот од iPhone 7 изнесува 60 милијарди долари или за речиси 1% помалку од предвиденото. 

Тим Кук иако е извршен директор на Apple нема најголема плата, но затоа пак има поголем број на вредни акции и останати бонуси кои ги носи самата функција. 

Промовирани огласи »

Најдобрата работа на светот: За три фотографии дневно, заработка од 65 илјади долари

За три фотографии дневно, заработка од 65 илјади долари

Компанијата за организирање на туристички крстарења „Ројал Карибиан“ бара професионално ангажиран „човек за одмор“, чија единствена задача ќе биде за време на турите да објавува по три фотографии дневно на Инстраграм, за што ќе заработи 65.000 долари...

„Вработениот турист“ ќе добие три платени крстарења со брод по Карипското Море во траење од по три недели, за време на кои треба да објавува фотографии од морската шир, пристаништа, бродските простории и несекојдневни искуства.

Покрај „работата“ на бродот, работните обвски вклучуваат и да се учествува во најмалку три екскурзии на копно на секое од трите крстарења.

Заедно со објавувањето на фотографиите на Инстаграм, негова задача ќе биде и да ги поттикнува остантите корисници на мрежата да ги коментираат снимките, да споделуваат свои искуства од крстарењата или да даваат препораки кои места треба да се посетат.

Промовирани огласи »

Доларот на највисоко ниво од 2002 година

Доларот зема замав - на највисоко ниво од 2002 година

Доларот на првиот ден од тргувањето во 2017 година за многу финансиски центри, го забележа највисоко ниво од крајот на 2002 година наваму.

Оваа вредност доларот ја достигна, по податоците за производството во САД, кои ги надминаа очекувањата, уште еднаш заканувајќи се дека ќе достугне паритет со еврото, кое падна на 14-годишен минимум од 1.0340 долари.

Промовирани огласи »

Пронајдени 20 милиони долари … под душек

Околу 20 милиони долари се пронајдени под душек на Бразилец

Околу 20 милиони долари се пронајдени под душек на Бразилец, обвинет за перење пари во Масачусетс, САД. Тој бил вмешан во финансиски измами за милијарди долари, соопштија од “Гардијан”.

Федералните судии во Бостон го обвинија Клебер Рене Ризарио Рошан, на 28 години затвор за соучество во истрагата за корпорација Телекс Фриј. Фирмата, која се претставувала како интернет компанија за телекомуникации, била голема пирамидална шема. Таа објавува банкрот во април 2014 година и должи над 5 милијарди долари на своите над 965.225 корисници во САД. Во Бразил фирмата должела над 1,76 милијарди, кога го објави стечај.

Адвокатот на обвинетиот одби да даде коментар. Бразилецот бил издаден од анонимен сведок, а полицијата го следелад некое време пред да нвлезе во неговиот дом и да ги открие парите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »