Во 2018 бидете компанија која е самоуверена за успехот на планираните маркетинг стратегии. Искористете некои од следниве стратегии за надградување на вашата публика во 2018та година.
Стеснете го фокусот на вашиот блог
2017та беше годината каде статистиките беа позитивни за содржинските маркетери - дури 65% од B2B маркетерите изјавиле дека оствариле поголем успех со овој маркетинг од претходната година. Вашиот брол е главната платформа за содржинскиот маркетинг и градењето на вашата публика. Може да генерира насоки, да го зголемува сообраќајот на вашата веб страна но, само ако е добро функционира. Еден начин е преку стеснување на фокусот на вашиот блог. Побарајте алатки како Google алгоритми кои им нудат на корисниците релевантни страни за пребарување кои се прецизно фокусирани. Колку подобро фокусиран, толку поголеми се шансите дека вашиот сајт ќе се појавува прв при пребарување. Објавувајте повеќе содржина која е специфична за вашата публика и ќе им ги даде потребните информации кои ги бараат.
Додадете повеќе инструкциони и „Како да - “ објави
Популарноста на овие два вида на содржини не се намалува со заминувањето на 2017. Читателите реагираат позитивно на инструкциони објави бидејќи тие имаат јасна корист и вредност. Тие служат да им ја дадат информацијата по која трагаат корисниците - јасно и едноставно.
Подобрете ги вашите инструкциони објави со одговарање на прашања кои вашата публика ги има. Читателите од секоја индустрија сакаат да читаат релевантни, корисни и информативни објави и ова ви е можност да им го привлечете вниманието.

Информирајте ја јавноста за внатрешните случувања
Зголемете го бројот на објави кои имаат поврзаност со вашиот бренд, неговата мисија и тимот кој стои позади компанијата. Ако нешто ново и возбудливо се случи во вашата компанија, објавете го како блог. Редовно информирајте ја јавноста за тоа што се случува позади сцената. Бидете транспарентни со вашата содржина, секогаш чесни и искрени. Колку повеќе ќе откриете за вашата компанија преку блог постови толку подобро за градење на долготрајни односи.
Внесете повеќе статистики
Една стратегија која може да ја употребите е внесување на поголем број статистики во вашите објави и фокусирање на информирање и едуцирање на вашата публика. Направете истражувања и статистики, како и релевантни податоци кога и да е потребно да го зголемите интересот за вашата содржина, давајќи многу поголема вредност на истата.
Постојано и често објавување
Постојаносте е кличен фактор за 2018. Во свет кој е полн со непостојаност, Вие бидете тие што ќе се разликувате од останатите. Клучната точка за поврзаност во животите на вашата публика нека бидат вашите објави, нешто на кои тие секогаш можат да се потпрат., секогаш пристигнуваат на време и со корисни информации. Бидете постојан креатор кој генерира интересна содржина со секоја објава.
