
Многу луѓе имаат проблем со јавното говорење кое вообичаено вклучува стоење пред вашата публика, чии очи се вперени во Вас и само Вас и обидувајќи се да ги запомнете клучните точки од вашата презентација. Без разлика за што зборувате, потребна ви е многу подготовка и вежбање за ефективно креирање и постигнување на професионално говорење.
За да биде ситуацијата потешка, самата презентација е само еден дел од процесот. Ако сакате да го задржите вниманието на вашата публика и да спречите да заспијат во текот на вашето зборување, потребно е да вложите дополнителен труд за да се одвоите. Вие ги „бомбардирате“ со многу информации па затоа обидете се да ги држите заинтересирани и приврзани.
Запомнете: Прецизноста е одлична
Презентерите кои ја поседуваат ретката вештина на доаѓање веднаш до поентата за кратко време се најценети. Дури и ако презентацијата содржи одлична содржина, вашата публика нема да има трпение бесконечно долго да седи и да ве слуша Вас додека вие мирно зборувате.
Долгите говори ја црпат енергијата на слушателите и нема да е потребно многу време пред да почнете да ги губите слушателите. Најуспешните говорници во историјата ја разбираат важноста на прецизноста во презентирањето на нивните идеи.
Раскажувајте приказни
Фокусирајте се на главните концепти од вашата презентација и поврзете се со публиката преку приказна која е поврзана. Луѓето го сакаат приказните за создавање успех и преку раскажувањето ги нудите сите информации, како и вашите клучни точки. Избегнувајте да ја раскажете целата приказна на почетокот. Наместо тоа, раскажувајте по делови и водете ги вашите слушатели на патување низ презентацијата. Креирајте природен тек на приказната за да ја држите публиката заинтересирана.

Користете ја визуелизацијата паметно
Не вклучувајте премногу графикони со надеж дека ќе го подобрите вкупниот впечаток за презентацијата. Ако вашата публика не може да ги разбере презентациите веднаш кога ги гледа, тогаш се обидувате пресилно. Она што треба да покажете е што е релевантно за вашата приказна и која е вашата поента. Вие треба да го вршите зборувањето, не вашата презентација.
Користете го 10/20/30 правилото
Многу е едноставно - една презентација не треба да содржи повеќе од 10 слајдови, не треба да трае повеќе од 20 минути и не треба да има фонт помал од големината 30. Ако размислете добро, ќе забележите дека ова правило важи за секој вид на презентација, без разлика за што сакате да зборувате.

Бидете и сериозни, но и пријатни
Ретко се случува една презентација да мора да е 100% сериозна. Додека Вие сакате вашата публика целосно да ги разбере клучните концепти на вашата презентација, што од Вас бара сериозен тон, Вие исто така сакате и да бидете интересни. Вклучувањето на хумор, во правилните дози, како на пример некои интересни слики, може да ја направи вашата презентација лесно запамтлива. Луѓето сакаат да се смеат бидејќи тоа ги опушта повеќе, а тоа ви ги зголемува шансите да биде запаметена вашата презентација.