
Не е секогаш лесно да се биде на одговорна позиција.
Менаџирањето на другите луѓе доаѓа со многу притисок. И кога сте на позиција на менаџер, може да биде тешко да ја евалуирате својата работа.
Да се биде добар шеф, претпоставен, менаџер е од суштинско значење за вашата организација - третина од работниците ги напуштаат своите места поради неквалитетен менаџер. Но, не сте во состојба да шетате по канцеларијата и да барате од вашите вработени да ви кажат како работите. Она што можете да направите е анкета и потоа да смените нешто кај себеси врз основа на фидбекот.
Исто така може да погледнете и на другите, посуптилни знаци дека сте многу успешни на својата менаџерска позиција:
1. Ги третирате вашите вработени како човечки суштества
За жал, некои менаџери сметаат дека делењето навреди и злоупотребата е ефективна мотивациона техника. Во повеќето случаи, ова едноставно не е вистина. Ако ги вреднувате и гледате вашите вработени како обични луѓе, тогаш веќе сте голем чекор напред пред многу други менаџери.
2. Пробувате нови нешта
Добрите шефови адаптираат одредени методи бидејќи ова е најдобриот начин - не затоа што тие се навикнале на еден или друг начин. Тие им даваат простор на своите вработени за експериментирање и внесување иновации.
3. Вие ги отстранувате препреките
Неквалитетните менаџери поставуваат препреки кои им го отежнува успехот на вработените и воопшто, вршењето на својата работа. Одличните менаџери треба активно да работат на олеснување на животот на своите вработени.

4. Вие сте добар тренер
Тренерите не седат на клупа покажувајќи на секој со прст. Тие исто така, не ни влегуваат на теренот да играат место играчите. Добрите менаџери се исти како и добрите тренени - Тие бараат почит и ја овозможуваат вистинската количина на пофалби и конструктивен критицизам за да го разбудат најдоброто во нивните вработени.
5. Вие разговарате со вашите вработени
Разговарањето со вашите вработени, а не на нив, е она што ве одвојува од другите менаџери бидејќи на овој начин, им помагате на вашите вработени да успеат во своите цели и да ги отстранат своите грижи.
6. Вие сте добар слушател
Ова е главната причина зошто интровертите се добри шефови. Многу луѓе имале менаџер кој обожавал да зборува. Почесто и многу попочитувани, се оние претпоставени кои се квалитетни слушатели.
