
Изреката „за секој прст што го вперуваш, три веќе има вперено во тебе“ особено се однесува на менаџментот. Кога моралот на тимот е на ниско ниво, се зголемува бројот на побарани откази и луѓето избегнуваат контакт со очи со Вас, тогаш можеби е време да прифатите дека проблемот е до Вас.
Кое и да е одговорното лице што ја има привилегијата да ја држи титулата менаџер, вашиот прв приоритет е да се биде целосен познавач на најчестите причини зошто вашите најдобри луѓе си одат од вашата фирма.
1. Менаџерите кои ги малтретираат своите вработени
Ефектите од малтретирање на работното место се високи и го чинат многу бизнисот. Како можете со сигурност да кажете дека работите за претпоставен кој ве малтретира? Овој вид на сопственик не е строг менаер кој ви нуди конструктивен критицизам кој има за намера да ви помогне со вашиот перформанс; наспроти тоа, тие користат само деструктивен критицизам кој има за цел да ве исплаши и понижи како човечко суштество (многу често и пред вашите соработници) и ве напаѓа на лично ниво наместо да ја критикува вашата работа.

2. Менаџери кои не даваат позитивни критики
40% од претпоставените, сопствениците и менаџерите никогаш не даваат позитивни критики на своите вработени. Ова е значаен проблем бидејќи желбата на менаџерите да даваат позитивен фидбек е најсилниот показател за тоа дали тие ќе бидат ефективни, искрени комуникатори.
3. Менаџери кои ја земаат заслугата за работата на вработените
Значаен дел од вработените исто така, се изјаснуваат дека земањето на заслугите од страна на менаџерот е нешто за кое вреди да се размислува за отказ. Дел од нив го класифицираат ова однесување како најлош вид на однесување на еден претпоставен.
4. Менаџери кои немаат грижи за балансот работа-личен живот на своите вработени
Иако флексибилните часови и работа од дома се повеќе се присутни во општеството, за најголемиот дел од вработените, менаџерите се тие кои ја диктираат и контролираат количината на работа и работните часови. Како резултат на ова, личните животи на вработените доста често се на мета, прекувременот работење е многу честа појава, работа за време на викенд и 24/7 можност за работна комуникација. Последица на ова е стресот кој го создаваат сите овие фактори и кој е прв причинител за проблеми со здравјето на вработените

Како може да се реши овој проблем?
Платата е важна, меѓутоа добрите работници се суштински мотивирани. Вашата работа како сопственик, претпоставен или менаџер е рационално да се поврзете со нив, да им ги обезбедите ресурсите кои им се потребни за да успеат и да направите да се чувстуваат вредно и почитувано како човечки суштества. Кога ќе го направите ова, ќе им дадете огромен број на причини да се разбудат наутро и да поседуваат желба за да придонесат кон завршување на значајна работа.