Имањето на одличен маркетер во вашиот тим може да биде разликата помеѓу успехот и неуспехот на вашиот бизнис. Неколку индустрии покажаа растечки знаци во последната декада и една од нив е макетингот, креирајќи ги квалитетните маркетери навистина редок кадар. Ако сте на прагот да ангажирате добар маркетер, прашањето „Кои карактеристики треба да ги содржи добриот маркетер?“ e сосема соодветно.
- Способност да се поврзе со публиката
Најпрво, добриот маркетер треба да има разбирање за човековата психологија и интуитивно чувство како и кога да зборува на различната публика и како да формира длабоки емоционални поврзувања со нив. Ако сакате да се поврзете, привлечете и задржете клиенти, потребно е да ги откриете нивните потреби, што е она што ги мотивира и како донесуваат одлуки. Кога ќе знаете што е она што ги води, многу е полесно да го добиете нивното внимание, да го задржите и да ги мотивирате за акција. Важноста на корисничкото пребарување и разбирањето на психологијата на потрошувачот е често неупотребливо во денешно време. Нажалост, без овие клучни елементи, маркетерот е само собирач на податоци кои си игра со бројки.

Одличниот маркетер мора да поседува креативен ум и да биде способен да генерира нови, активни и релевантни идеи за како да го зголеми растот на компанијата. Постои еден цитат кој одлично го опишува соодносот помеѓу креативноста и маркетингот кој вели: „Маркетингот е во основа, екпериментирање против вашата креативност“. Многу е лесно да се биде во тренд и да се имплементираат тактики и стратегии кои функционирале за некој друг во бизнисот, но тоа ретко функционира. Причината зошто успеале е бидејќи биле уникатни за продуктот на таа компанија, публика и ситуација.

Одличниот маркетер, од друга страна, ја поседува креативноста за да смислува „надвор од кутијата“ пристапи за да ги постигне целите како и да развие техники кои се докажани дека ќе ги рефлектираат вашите посебни околности како компанија.
- Информативен пристап до донесувањето одлука
Уште една фундаментална карактеристика на одличниот маркетер е способноста да ги интерпретира податоците и да ги користи при формирањето на одлука.
Маркетингот како дисциплина е многу потехничка во последно време. Со огромниот број на податоци и алатки на располагање, денешните маркетери ја имаат способноста да гледаат преку различните маркетинг канали, како онлајн така и офлајн и да разберат што функционира што не. Она што ги одвојува одличните маркетери од другите е нивната вештина да ги соединат сите информации од различни канали и платформи во една заедничка слика, да го видат значењето на тие информации и да формираат критична одлука веднаш.
- Растечкиот начин на размислување
Успешните маркетери имаат растечки начин на размислување и ориентација. Тие се постојано фокусирани на тоа да стануваат подобри, градат успешни тактики и смислување на подобри тактики наместо постојаното стоење во место. И тие не се исплашени од неуспехот бидејќи тоа го гледаат како можност за да учат и растат.
