Од туризам до сезони на празнични шопинзи, многу мали бизниси искусуваат еден вид на сезона во нивните бизниси. Всушност, близу половина од сопствениците на мали бизниси пријавиле дека имаат предвидливи периоди од годината каде нивниот бизнис е значајно подобар или не од останатите периоди во годината. Разликите во сезоните го прават тежок за менаџирање профитот низ цела година. Многу често, во случај на огромни варијации во приходите, моменталниот профит може да биде погрешно менаџиран.
Постојат повеќе стратегии за успешно менаџирање на сезонскиот профит и различните стратегии функцнионираат различно за секој бизнис, но постои една која е прифатлива за сите - одржување на прогноза за дотокот на пари. Оваа прогноза ќе води сметка за текон на одливите и приливите на пари за да може да се предвиди колку пари ќе се има од месец за месец во текот на наредната година.

Четири карактеристики кои треба да ги имате во предвид кога се работи за прогнозата:
1. Знаете ги вашите сезони на работење
Ако сте сопственик на сезонски бизнис, првиот чекор е идентификување на вашите успешни и слаби сезони. Важно е да бидете реални со вашите предвидувања, затоа осигурете се дека нема да ги прецените или потцените приходите или расходите. Ако веќе имате сигурен бизнис, најдоброто место за почеток е поглед во архивата и изолирање на месеците со високи приходи и ниски трошоци и обратно.
2. Водете сметка за варијабилните трошоци

Фиксните трошоци, како плаќањето на киријата или сметките, се лесни за паметење и вклучени во вашата прогноза, но варијабилните трошоци не секогаш ни се на ум. Од даноци, до осигурувања, до различни непредвидливи трошоци, постојат многу важни варијабилни трошоци кои потребно е да бидат дел од вашата прогноза. Планирањето за овие трошоци само ќе ви помогне на долг рок.
3. Активно менувајте ја прогнозата
За да го оддржите вашиот прилив на пари и прогнозата за истиот на стабилно ниво, креирајте 12 месечен план и обврзете се да го менувате на крајот на секој месец. Додавајте нов месец на крајот на секој месец за да имате целосна слика за финансиското здравје на вашиот бизнис. На овој начин, сопствениците може да ги предвидат сите регуларности или нерегуларности во бизнисот и да го искористат периодот кога е успешен бизнисот и да паузираат ако статистиките кажуваат друго.
