Поголемиот дел од луѓето не секогаш се подготвени да го започнат денот со песна, како што многу често гледаме по филмовите. Многу често, ситуацијата е следнава: алармот ви ѕвони подоцна од потребното, главата ве боли уште неразбудени и се чуствувате преморени, а само што се будите. Компјутерот ви се гаси на средина од работата, а немате ништо сочувано. Вашиот претпоставен токму тој ден одбра да ве набљудува дури работите.
Сите имаме еден од овој вид на денови. Можеби да сметате дека е ваша вина, но не е. Најголемито дел од времето, овие стресни ситуации се надвор од наша контрола, но вие може да набљудувате, прифатете и одново да реагирате. Употребете некој од следниве совети за нов почеток на лош, неуспешен работен ден:
- Елиминирајте секаков вид на стрес поврзан со работата
Дали знаете кој е број еден причинител на стрес со САД? Стресот поврзан со работата. 65% од нив се соочуваат со стрес поврзан со работата, а дури една третина се справува со хроничен стрес од работата. Исклучете го стресот, колку и да звучи невозможно. Што е она што е важно? Што е она што не е важно? Започнете со наједноставните задачи, само за да си ја вратите самодовербата и повторно да бидете продуктивни. Создадете крајни рокови кои можете да ги остварите.

- Комуницирајте со вашиот претпоставен
За да го подобрите односот со вашиот претпоставен, обидете се да комуницирате со нивниот стил на комуницирање - постојат четири вида:
- Аналитички - Овој стил на комуницирање преферира статистики и јасни информации. Тука избегнувајте секаков вид на разговори што се поинакви од овој вид и бидете специфични кога разговарате со оваа личност.
- Интуитивен - Овој вид на комуникација се фокусира на големата слика и цели кон избегнување на деталите. Вашиот претпоставен веќе го знае одговорот и сака да го слушне - бидете директни. Прикажете една погенерална слика на ситуацијата и завршете со солиден заклучок.
- Функционална - Вашиот претпоставен сака детали, временски рокови, процеси и добро структуирани планови. Не е пожелно да се испушти некој чекор, за да се осигурате дека се е јасно и прецизно.
- Лична - Овој стил на комуницирање ги вреднува поврзувањето и емоционалниот јазик пред „ладната“ комуникација која е фокусирана на информациите. Вашиот претпоставен сака да ве запознае подобро, исто како и другите ваши соработници и ист е и при работењето - целосно се впушта во проблемот да се најде коренот на истиот.
Не треба да се менувате целосно за да се прилагодите на некој друг бидејќи вашиот стил на комуницирање е оригинален, без разлика каков е, но учењето да разговарате на друг стил на комуницирање е како усовршување на втор јазик и може да биде доста практично.
- Избегнувајте ги политиките на однесување на соработниците
Драмата на вашите соработници и политиките на канцеларијата исто така влијае на вашата продуктивност. Кога ова се случува, можеби најдоброто решение е да го контактирате секторот за човечки ресурси на компанијата за вашите грижи и за влијанието на вашата работа.

Во друг случај, потрудете се да се држите надвор од тоа. Ако вашите соработници се обидуваат да ве повлечат во нивната драма, не им дозволувајте. Држењето на страна од драмата што можеби ја предизвикуваат вашите соработници ви дозволува да се фокусирате на извршување на својата работа, што ве прави да изгледате попрофесионално.
- Кога сте болни, одмарајте
Во поладните годишни времиња, болестите се шират многу почесто. Ако не се грижите за себеси или да паузирате од работата, вашето време на оздравување може да биде многу подолго.
Ако веќе морате да работите, подгответе се од дома и држете се на дистанца од вашите соработници. Известете ги дека можно е да се разболувате. Комуницирањето преку телефон или е-мејл е уште една добра тактика. И најважно, не претпоставувајте дека вашиот шеф нема да ви даде ден слободен или можност да работите од дома - прашајте пред да донесете заклучок.
