Работата од дома не е повеќе табу тема. Всушност, станува се почесто за многу луѓе - благодарение на технологијата која ја прави возможна комуникацијата и соработката со било кого во светот.
Додека работењето од дома може да биде многу добро, може да биде особено негативно искуство доколку не сте подготвени. Тоа е разбирливо ако овој стил на живот ви е нов. Прочитајте во продолжение неколку совети за зголемување на продуктивноста доколку работите од дома.
1. Бидете свесни кога сте најпродуктивни - Тајната во работењето од одма лежи во сознанието кога сте најпродуктивни. Не секој е подготвен да праќа мејлови и целосно да работи пред 8 часот наутро. Оваа информација за себеси ќе ви осигура поголема продуктивност и поквалитетна работа.

2. Денот нека ви биде како традиционален работен ден - Ова не значи дека морате да почните да работите во 9 наутро и да завршите во 5 попладне. Сепак, заклучивме дека можеби ова да не е најпродуктивното ваше време. Ова значи дека ќе е потребно да одржувате постојан распоред кога започнувате со работа и кога завршувате.
3. Научете вистински да работите со вашата тастатура - Ова може да ви се чини како мал проблем, но може да ви заштеди време, да ја зголеми вашата продуктивност, да ја подобри вашата ефикасност и да го намали уморот во вашите раце. Ова е значаен факт кога пишувате секојдневно.

4. Користете алатки кои функционираат најдобро за вас - Комплетирање на листа за работи кои треба да ги завршите, комуницирање со клиентите па дури и блокирање на секој вид на дистракција може да ви биде од помош. Трикот е да го пронајдете вистинскиот микс на алатки кои функционираат за вас.
5. Поставете временски рок за социјалните медиуми и проверката на мејл - Освен ако вашата работа не вклучува постојано присуство на социјалните медиуми, одберете конкретно време за да ги проверите вашите социјални медиуми и мејлови. Ако не, постојано ќе бидете деконцентрирани кога ќе примете нотификација. Најголемиот дел од успешните луѓе ги проверуваат своите профили на социјалните медиуми во одредено време. Прегледувајте ги наутро, за време на вашата пауза за ручек и на крајот од денот.

6. Закажување состаноци - Во реалноста, закажувањето на состаноци може да биде многу корисно бидејќи тие се брз и ефективен начин или за да се реши еден проблем или да се креира еден процес. Наместо да комуницирате постојано преку мејл или преку телефон со клиентот, организирајте едночасовен состанок. На овој начин, ќе го завршите вашиот проект порано.
7. Следете го правилото на две минути - Ако постои задача која може да биде завршена во две минути или помалку, тогаш извршете ја веднаш. Не го трошете вашето време или енергија да ги запишете овие задачи. Направете ги веднаш за вашето време и енергија да биде искористено за поважна работа.
8. Користете соодветни паузи - На вашиот мозок му се потребни микро паузи во текот на денот. На овој начин ќе си го добиете фокусот назад за потребната работа. Подобрите паузи вклучуваат активности во кои луѓето уживаат.
