Потребни ви се работници, но не се радувате премногу на целиот процес на проаѓање преку сите CV-a и мотивациони писма од апликанти кои многу веројатно не го прочитале описот на работното место? Во најдоброто сценарио, вработениот ќе регрутира збир на таленти од најквалификуваните кандидати со висока способност и желба за работата.
Традиционално, ова вклучува преглед на огромна листа и податоци и одбирање на најдоброто, 10 проценти од оние кои аплицирале. Потоа е остатокот од процесот - телефонски интервјуа, тестови за способност и лице-в-лице интервјуа. Како ќе ги привлечете најдобрите ако е потребно да поминете низ цел овој истоштувачки процес?

Така што ќе започнете да оформувате врски и односи со потенцијални кандидати пред да имате потреба да пополните место во најбрз можен рок. Во продолжение, прочитајте неколку совети од тимот на KARIERA.mk за да ги осигурате најдобрите кандидати за вашата компанија.
1. Искористете ги професионалните и социјалните мрежи
Клучната вештина која ви била потребна за развој на вашата кариера на почетокот е се уште од суштинско значење за вработување на најдобрите таленти. Единствената разлика е дека сега имате цврста мрежа на контакти од индустријата во која работите. Имате мрежа на која може да се обратите кога ви се потребни работници кои ќе се вклопат најдобро во вашата компанија.

Не само тоа, имате пристап и до мрежите на вашите вработени. Да се биде дел од професионална мрежа е помошта кон вашите идни професионални и ширењето на нивниот пристап до работни можбости и ресурси преку препораки. Вработените ќе бидат среќни да ви помогнат да ги привлечете вистинските кандидати. Охрабрете ги вашите вработени да ја градат својата професионална мрежа, да бидат дел од конференции, групи од индустријата во која работите и слично. Одлично би било и ако Вие ги покриете трошоците бидејќи на долг рок, вас ќе ви се исплати.
Охрабрете ги вашите вработени да испратат мејл на потенцијален кандидат во нивната мрежа за кои тие сметаат дека ќе се вклопи добро во културата на вашата компанија. Најголемиот дел од компаниите и регрутерите ги користат социјалните медиуми како алатка за вработување:
- 85 % од регрутерите користат LinkedIn
- 55 % од регрутерите користат Facebook
- 47 % од регрутерите користат Twitter
2. Вашата веб страна е примарната алатка за регрутирање
Работобарателите извршуваат целосно пребарување за компанијата за која аплицираат на ист начин како што тоа го прават регрутерите. Работобарателите, особено ново дипломираните работобаратели, најверојатно го прегледуваат вашиот сајт моментално и вие пропуштате едноставно и ефективно регрутерско решение. Вашата веб страна веќе содржи корисни информации за работобарателите, како што се проекти на кои моментално работите и како вашите вработени се ценети во компанијата и во заедницата. Она што е возможно да ви недостасува е „отворена врата“ за да ги охрабрите талентите да допрат до вашата компанија.

Она што е потребно вие да направите е инвестирање време во презентација на вашиот тим, вашата компанија. Бидете креативни со овој пристап, разговарајте со вашите постоечки вработени, дозволете им да опишат зошто ја сакаат работата и зошто сакаат да работат за вашата компанија и тоа прикажете го на потенцијалните кандидати.
3. Описот на работното место не е листа
Да, можете да ги прикажете основните критериуми и потребни вештини, но дали тоа е доволно за да го привлечете најдобриот кандидат? Помогнете им на кандидатите да се видат себеси во улогата на ваш вработен, на работната позиција. Користете описи како „како изгледа ден во животот на еден наш вработен?“ или „еден ден во животот на наш вработен кој може да бидете вие?“.
Опишете ги дневните задачи детално, како и реалните можности со кои најверојатно ќе се соочи вашиот вработен. Опишете ја културата на компанијата и работната средина, бидете креативни! Описите на работните позиции кои се целосно како листи креираат граници помеѓу компаниите и кандидатите. Наместо тоа, помогнете им на можните кандидати да се видат себеси во улогата и во можната работна позиција.
