Дали сте подготвени да бидете менаџер за прв пат? Можеби сте имале неквалитетни менаџери во минатато и сметате дека сега е вашата шанса за да го направите како што треба. Ова е вашата шанса да го направите правилно, но не можете да го заобиколите патот. Голем број на истражувања покажуваат дека приближно 60% од менаџерите кои се среќаваат со оваа улога за прв пат, не се покажуваат во најдобро светло и често пати ја на напуштаат компанијата.
Во продолжение, прочитајте шест совети од тимот на KARIERA.mk за правилен почеток на оваа работна функција и избегнете ја ситуацијата да се пронајдете себеси сами на работа на бездната.
- Пристапете и на вашата нова улога смирено
Вие може да имате јасна идеја за тоа што всушност работи менаџерот. Можеби и сте имале искуство со лоши менаџери и мислите дека сега знаете како да работите подобро. Вистината е, не е едноставно како што можеби изгледа. Ако изгледате како секогаш да знаете што правите, луѓето нема да ви веруваат или да стекнат доверба во вас. Ќе се здобите многу повеќе со почит доколку сте искрени, барате помош кога ви е потребна и правите промени кога сте надвор од колосек. Препознајте кога правите грешки (тоа е неизбежно) и кога ги правите, признајте ги. Бидете отворени за фидбек и желни за прилагодување.

- Променете го вашиот фокус
Веројатно сте биле унапредени во менаџерската позиција бидејќи сте биле одлични во вашата работа. Но сега имате целосно нова работа. Промената од улога на индивидуален придонесувач и работник до менаџер за прв пат е многу голема и важна промена. Наместо да ја вршите вие работата, вие треба да работите со другите за тие да си ја вршат својата работа. Фокусот треба да ви е на градење на тимот и поддршка за нивната работа. Еден од најголемите предизвици ќе ви биде делегирањето на работата ефективно - да бидете желни за делегирање и да знаете како да делегирате.
- Разберете ја големата слика
Своевремено, ќе трбеа да ги рационализирате вашите директни извештаи. Потребно е да поседувате одлично разбирање за тоа каде оди вашата компанија и колку вашиот тим ги разбира целите на компанијата. Не чекајте вашиот претпоставен да ви ги даде овие информации. Бидете проактивни и читајте ги информациите на страната на компанијата и прашајте го вашиот претпоставен за другите стратешко-лидерски прашања.

- Осознајте ги промените во вашите односи со другите вработени
Еден од најзбунувачките аспекти на унапредувањето во менаџер за прв пат е откривањето на вашите врски и односи со вашите поранешни соработници. Мора да пронајдете место во средината - не премногу оддалечени, но не и најдобри пријатели. Можете се уште да бидете пријатели, да се дружите и смеете со нив, но бидете јасни за границите. Не треба да озборувате или да криете доверливи информации, важно е да ви биде коректен односот со сите и да не дозволите вашите лични врски да влијаат на вашите одлуки.
Во идеални услови, вашиот претпоставен ќе ве подучува во вашата нова улога. Но ако тоа не е случај, пронајдете некого, кој ги знае правилата на компанијата, да ве советува. Да се знае нешто во теорија и пракса е сосема различно. Особено на почетокот, ќе ви биде потребно некого со кој ќе може да разговарате за комплицираните ситуации со кои се соочувате.
