Промовирани огласи »

Како се патува со Emirates во прва класа?

Погледнете како изгледа бизнис класата на Emirates

Погледнете како се патува во прва класа со Emirates. Дефинитивно многу подобро од класичните авионски седишта на кои ни е неудобно и ги чувствуваме сите турбуленции додека сме во воздух.

Промовирани огласи »

PayPal за прием на пари нема да има оваа година

„Пејпал“ сеуште далеку од реалност во Македонија

Компанијата „Логин системи“ поддржана од Министерството за финансии најави дека во Македонија ќе го иницира воведувањето на сервисот за прием на пари на глобалната платформа за онлајн плаќање „Пејпал“, но засега нема напредок.

Во кореспонденцијата со „Пејпал“ не се истакнува некој посебен период кога би започнале подготовките за сервисот – изјави Венко Глигоров, директор на „Логин системи“, пренесува порталот Денар.

Според Глигоров, Македонија е мала земја и е недоволно атрактивен пазар, така што само со лобирање од повеќе страни може да се придобие „Пејпал“ да го воведе овој сервис во Македонија.

Заради евидентните потреби, деловната заедница во Македонија и професионалците во различни области се приклучија на иницијативата со голем елан, која треба да продолжи посилно во наредната фаза како и на повисоко ниво – додава Глигоров.

Тагови: PayPal

Промовирани огласи »

Владата ќе ја укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот

Алкохол да се продава во лиценцирани киосци и покасно

За два месеци Министерството за економија треба до Владата да достави предлог за измени во Законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца.

Министерството за економија на вчерашната владина седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија согласно иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис заедницата“, соопшти владината прес-служба. 

Промовирани огласи »

Ова се 10-те најстари јазици на светот, Македонскиот јазик еден од нив!

Македонскиот јазик се наоѓа во групата 10 најстари јазици во светот

Еволуцијата на јазиците е како биолошката еволуција - таа се случува бавно, генерација по генерација, така што не постои точка од каде еден јазик еволуира во нешто сосема ново или пак се двои на два или повеќе различни јазици. Затоа е невозможно да се каже дека еден јазик е постар од било кој друг, а нормално дека јазиците се стари колку и човештвото. Еве ја листата на 10 најстатри јазици на светот кој ја спроведе Лани Селингер:

1. Хибру - се зборува во Израел и кај сите евреи во светот

2. Тамил - официјален јазик во Индија, Шри Ланка и Сингапур над 78 милиони луѓе го зборуваат

3. Литвански 

4. Фарси - се зборува на териториите на Иран, Авганистан и Таџикистан 

5. Исландски 

6. Македонски - кој потекнува од територијата на античка Македонија, јазик кој е најблизок до старословенски јазик кој е раширен од просветителите Кирил и Методиј низ цела Европа

7. Баскиски - кој се зборува на дел од Шпанија

8. Фински

9. Грузиски  

10. Ирски-Галски - се збоува кај дел од Ирците

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »