HR трендови: Дали трудничките права се следни на удар? САД подготвуваат промени што можат да погодат милиони вработени жени

Дали жените ќе изгубат дел од трудничките права? Се подготвуваат нови правила во САД

Правото на бремена работничка да добие соодветни услови за работа може повторно да стане тема на сериозна дебата во САД. Американската Комисија за еднакви можности при вработување (EEOC) најави дека планира да ги измени постојните правила за заштита на бремените работнички, а промените би можеле да опфатат и други прашања поврзани со репродуктивното здравје на жените.

Станува збор за Законот за правична заштита на бремените работнички (Pregnant Workers Fairness Act), кој стапи на сила во јуни 2023 година. Со него, работодавачите се обврзани да обезбедат разумни приспособувања на работните услови за вработените кои се соочуваат со ограничувања поврзани со бременост, породување или одредени здравствени состојби. Тоа може да значи дополнителни паузи, можност за седење, ограничување на кревањето тешки предмети или слободно време за лекарски прегледи.

Но, токму поширокото толкување на тоа кои здравствени состојби треба да бидат опфатени со законот сега е во центарот на вниманието.

Претседателката на EEOC, Андреа Лукас, смета дека досегашните правила ја прошируваат заштитата многу подалеку од самата бременост. Според неа, тие опфаќаат состојби како неплодност, третмани за плодност, менструални проблеми, хормонални нарушувања и менопауза.

Се очекува предложените измени да отворат прашање дали дел од овие состојби и понатаму ќе бидат опфатени со законската заштита.

Што значи ова за работодавачите?

За компаниите, евентуалните промени би можеле да донесат нови обврски во однос на интерните политики, постапките за одобрување приспособувања и начинот на кој менаџерите одговараат на барањата од вработените.

Експертите за работно право предупредуваат дека раководителите и HR тимовите треба да бидат соодветно обучени за препознавање и постапување по ваквите барања. Особено е важно вработените да знаат кому да се обратат и какви можности за поддршка им стојат на располагање.

Сепак, засега нема промена на постојните обврски. Работодавачите и понатаму мора да ги почитуваат важечките правила и да обезбедуваат разумни приспособувања за бремените работнички. Предложените измени допрва треба да поминат низ официјална постапка, која ќе вклучи и можност јавноста да ги коментира. Прашањето што останува е: дали заштитата на жените на работното место ќе биде стеснета или ќе се најде нов баланс меѓу законските обврски на компаниите и потребите на вработените.

Прочитајте и за: Помалку рутина повеќе одговорност: Како ќе изгледа работата во 2027?

Тагови: HR трендови работнички права САД бременост репродуктивно здравје

Луксембург нуди високи плати, но нема доволно кадар: Отворени 20 дефицитарни занимања

Со просечна бруто-плата од над 7.000 евра месечно, Луксембург бара медицински сестри, ИТ-стручњаци, финансиски експерти и градежни работници. Шанса и за кандидати од Македонија.

Луксембург, земјата со највисока просечна плата во Европската Унија, се соочува со сериозен недостиг од квалификувани работници. Иако просечната годишна бруто-плата во 2025 година изнесувала 85.600 евра, односно околу 7.133 евра месечно, работодавачите тешко пополнуваат позиции во повеќе сектори. Поради тоа, државата објави листа на 20 дефицитарни занимања за 2026 година.

На листата се наоѓаат професии од финансии, информатичка технологија, здравство, индустрија и градежништво. Најбарани се медицински сестри, негуватели, социјални работници, програмери, софтверски развивачи, администратори на системи, финансиски аналитичари, ревизори, механичари и градежни работници. Побарувачка има и за правни стручњаци, експерти за финансиска контрола, како и инженери за индустриско истражување и развој.

Недостигот на кадар отвора можности и за кандидати од Македонија. За занимањата од официјалната листа, работодавачите во Луксембург можат да користат поедноставена постапка за вработување странци, при што сертификатот од АДЕМ може да се издаде во рок од пет работни дена. Сепак, тоа не значи автоматска дозвола за престој, па македонските државјани кои планираат престој подолг од 90 дена мора претходно да обезбедат соодветно одобрение. И покрај високите плати, експертите потсетуваат дека конечната заработка зависи од професијата, искуството, даноците и трошоците за живот.

Тагови: професии Луксембург

Пензиите повисоки за 7.000 денари, во септември следува ново зголемување од 3 отсто

Пензионерите во Македонија добија кумулативно зголемување од 7.000 денари до март 2026, а од септември се најавува и дополнително усогласување од 3 проценти.

Пензиите во Македонија од септември 2024 до март 2026 година кумулативно се зголемиле за 7.000 денари месечно по пензионер, соопшти директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, презентирајќи отчет за работата на институцијата во изминатите две години. Тој најави дека во септември 2026 година ќе следува и дополнително усогласување на пензиите од 3 отсто.

За разлика од досегашните линеарни зголемувања, со кои сите пензионери добивале ист износ, септемвриското покачување ќе биде пропорционално. Тоа значи дека процентот ќе биде еднаков за сите, но конечниот износ во денари ќе зависи од висината на поединечната пензија.

Според Мемов, Фондот во 2025 година и во досегашниот дел од 2026 година ги сервисирал обврските навремено и целосно, во рамки на планираните приходи и расходи. Воедно, била отворена и стручна дебата за подобро поврзување на висината на пензиите со реално уплатените придонеси, без нарушување на солидарноста и стекнатите права, додека паралелно се работело и на дигитализација на архивата и побрза електронска размена на податоци со странски пензиски институции.

Тагови: зголемување на пензиите Македонија пензионери

Проверете какви временски услови нè очекуваат денес

Сите детали за денешниот ден

Денот ќе помине со претежно облачно време, а во одделни котлини можни се појави на магла. Дожд се очекува најпрво во западните предели, додека во попладневните часови и кон крајот на денот врнежите ќе се прошират и на други места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој повремено ќе биде засилен долж Повардарието.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

17.11.2026 Вторник   6° / 14° 07:24   17:17
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


7°
7°
7°
7°
6°
6°
7°
8°
9°
10°
12°
13°
14°
14°
13°
11°
10°
9°
9°
8°
8°
8°

1

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
18.11.2026 Среда   8° / 17° 07:25   17:16
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
8°
8°
8°
8°
8°
9°
9°
8°
9°
10°
12°
14°
15°
15°
16°
17°
16°
14°
12°
11°
11°
11°
11°
11°

2

3

3

3

4

3

3

3

3

4

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

3

2
19.11.2026 Четврток   9° / 14° 07:26   17:16
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
11°
11°
10°
10°
10°
10°
9°
9°
9°
11°
12°
14°
14°
14°
13°
13°
13°
13°
13°
13°
12°
12°
12°
12°

2

2

2

2

2

2

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3