Имате ли барем еден колега кој своето работно време го поминува без волја, чекајќи со нетрпение да заврши како би се посветил на своите лични обврски? Нема да верувате, меѓутоа, непродуктивноста на работното место е заразна и наскоро ќе почне да се шири и врз другите колеги.

Ова може да биде сериозен проблем кој ќе се одрази врз работењето и навистина може да ја загрози вашата атмосфера на работното место.
Во последнот време експертите сметаат дека овој проблем всушност е мошне сериозен, а последиците од него веќе се одразуваат на квалитетот на услугите и производите.
Со зголемувањето на продуктивноста на вработените се вложува и во подобрување на производите и услугите, што пак води кон просперитет, а воедно и позадоволни и посреќни клиенти.
Последните бројки укажуваат на тоа дека само мал процент од работниците може да го придвижуваат светот, односно даваат сè од себе за развојот на своите компании.
