Промовирани огласи »

Сертификати за невработени со завршен курс за службеник за сметководство

Курсот е дел од обуките за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот, финансирани од ЕУ

Во Агенцијата за вработување денеска ќе бидат доделени сертификати на невработени лица кои успешно го завршиле курсот „Службеник за сметководство“.

Курсот е дел од обуките за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот, финансирани од ЕУ. Сертификатите ќе ги доделат раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Борче Божиновски и претставник од Конзорциумот на Поли Проект, ЛАРТ и Образовен Центар Визија, кој е спроведувач на проектот. 

Промовирани огласи »

Твитер двојно го зголемува бројот на карактери во пораките

Твитер ја зголеми должината на пораките од 140 на 280 карактери

Твитер одлучи двојно да ја зголеми максималната должина на пораките, односно од 140 на 280 карактери, соопшти американската компанија.

Веста претставува миниреволуција за социјалната мрежа, која спроведе тестирање во септември меѓу своите корисници.

– Наша цел е да го направиме тоа, а истовремено да ја гарантираме брзината и кратката содржина, кои се олицетворение на Твитер. По резултатите од тестирањето со задоволство соопштуваме дека ја постигнавме целта и ќе извршиме промена на сите јазици, каде лимитот од 140 карактери им отежнува на корисниците, напиша компанијата на својот налог на Твитер.

Продолжувањето на твитовите ќе се однесува само за пораките со латински букви, напоменува американската компанија, бидејќи лимитот од 140 знаци веројатно им претставува проблем пред се на корисниците кои пишуваат на англиски, шпански, португалски или француски јазик, за разлика од оние кои пишуваат на јапонски, корејски или кинески јазик.

Промовирани огласи »

Владата го укина „Денот на дрвото“

Владата го укина Денот на дрвото поради слаби ефекти

Владата на вчерашната седница го укина Ден на дрвото поради слаб ефект од досегашното пошумување.

Според првичните анализи, во изминативе години на 13.000 хектари биле засадени 35 милиони садници. Ефектот од нив се движи 0 до само 15 отсто, односно на многу е мал процентот на успешно засадени дрва. Владата го задолжила ЈП „Македонки шуми“ да достави сеопфатна информација за ефектите од оваа акција.

Акцијата Ден на дрво – Засади ја својата иднина, започна во август 2007 година, кога оперскиот пејач Борис Трајанов, поттикна проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Владата го прифати овој предлог на Трајанов и оттогаш секоја година организираше акции за садење дрва, а денот беше неработен.

Промовирани огласи »

Добила отказ од работа кога на Трамп му покажала среден прст

Жената што му покажа среден прст на Трамп остана без работа

Џули Брискман добила отказ од работа поради фотографијата на која таа му покажува среден прст на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се враќал од играње голф недалеку од Вашингтон.

Фотографијата направена од фотографот на Белата куќа предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

На компанијата „Акима“, која е владин изведувач, не ѝ се допаѓала оваа ситуација, па Брикман е отпуштена од работа.

Како што ѝ кажале нејзините работодавци, со објавувањето на фотографијата на своите профили на „Твитер“ и на „Фејсбук“ оваа 50-годишна мајка на две деца ги прекршила правилата на компанијата во врска со социјалните медиуми.

Брискман се јавила во Американската унија за граѓански слободи и, како што вели, повторно би го сторила истото.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »