Промовирани огласи »

Во Бугарија родители на деца до 12 години преку лето со скратено работно време или ќе можат да работат од далечина

Парламентот на Бугарија изгласа родителите на деца до 12 години за време на летниот распуст да можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина.

Парламентот на Бугарија вчера на прво читање изгласа родителите на деца до 12 години за време на летниот распуст да можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи беше поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а беше едногласно одобрен со 181 глас „за“.

Досега Законот за работни односи предвидуваше можност родителите на деца под осум години да имаат флексибилно работно време. Овој предлог им овозможува на родителите и старателите на деца до 12 години да имаат корист од ова, но само за време на летниот распуст.

Тагови: Бугарија скратено работно време

Промовирани огласи »

Совети за вработените кои работат во три сменски распоред

Како да преживееш три сменски распоред – без да ја изгубиш енергијата

Работата во три смени бара многу повеќе од само дисциплина – таа бара баланс, физичка издржливост и ментална стабилност. Без разлика дали сте во прва, втора или ноќна смена, одржувањето на здрав ритам е клучно за вашата продуктивност и благосостојба.

Во продолжение споделуваме практични совети кои ќе ви помогнат полесно да се прилагодите на сменската работа.

1. Воспоставете рутина

Иако распоредот ви се менува, обидете се да задржите постојана дневна рутина кога е можно. Одете на спиење и станувајте во приближно исто време, дури и кога не сте на работа. Телото сака предвидливост – дури и во хаос од смени.

2. Придајте важност на сонот

Квалитетниот сон е вашата најголема заштита.

  • Исклучете ги телефонот и светлото пред спиење.
  • Користете завеси што затемнуваат и ear plugs ако спиете преку ден.
  • Обидете се да спиете најмалку 7 часа, дури и ако тоа значи да легнете во необично време.

3. Јадете паметно

Сменската работа може да го наруши апетитот и варењето.

  • Избегнувајте тешка храна доцна во ноќната смена.
  • Одберете лесни, енергетски оброци богати со протеини и зеленчук.
  • Пијте многу вода, но избегнувајте кофеин пред спиење.

4. Грижете се за менталното здравје

Променливиот распоред може да влијае на расположението и фокусот. Вежбајте, прошетајте на свеж воздух и одвојте време за активности што ве релаксираат. И најважно – одржувајте контакт со семејството и пријателите, дури и ако времето не се совпаѓа.

5. Комуницирајте со колегите и менаџерите

Ако чувствувате замор или потешкотии со смените, отворено разговарајте со вашиот претпоставен. Можеби ќе се најде флексибилно решение – дополнителен одмор, промена на смена или подобар распоред.

Совет од KARIERA.mk: Сменската работа не мора да значи и нарушен баланс. Со добра организација, правилна исхрана и грижа за себе, можете да ја одржите својата енергија и мотивација – без разлика која смена е ваша денес.

Прочитајте и за: Кариера во раст: стратегии што навистина функционираат

Тагови: HR работа совети за работа трета смена три смени

Промовирани огласи »

ВРЕДИ: Од март минималната плата ќе биде 26.400 денари, носиме реформи во економијата

Од март 2026, минималната плата ќе порасне на 26.400 денари, соопшти коалицијата Вреди, нагласувајќи дека ова е почеток на сериозни економски реформи.

Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март идната година, соопштија од коалицијата Вреди.

Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение на максималната посветеност на министерот за економија, Бесар Дурмиши, и ова е само почеток на реформите што ги носиме во економијата на земјата. Ова зголемување е најсилниот доказ дека владата на ВЛЕН не познава чекање, одложувања и изговори. Нашите ветувања се претвораат во одлуки, а одлуките се претвораат во опипливи придобивки за граѓаните, стои во соопштението.

Велат дека животниот стандард на работниците е нивниот приоритет: „Достоинството на секое семејство е наша одговорност. Градиме економија каде што трудот е праведно награден, каде што младите луѓе гледаат перспектива и каде што секој се чувствува заштитен. ВЛЕН ќе продолжи со смели одлуки и јасни политики во служба на граѓаните, бидејќи довербата што ни ја дадовте на 19 октомври се претвора во работа, развој и достоинство. Ова е владењето што се чувствува во животите на граѓаните“, соопштија од коалицијата Вреди.

Тагови: ВРЕДИ зголемување на плата минимална плата

Промовирани огласи »

Што нè очекува овој викенд? Нови метео промени на повидок

Максималните вредности на многу места ќе достигнат околу или над 15°C

Викендов продолжува периодот на стабилно, сончево и суво време со посвежи утра и значително потопли дневни температури. Максималните вредности на многу места ќе достигнат околу или над 15°C, а во централните и југоисточните региони и до околу 20°C – што претставува повисоки температури од вообичаените за месец ноември.

Од понеделник следува промена на времето: облачноста ќе се засили, а од ноќта кон вторник се очекуваат пообилни врнежи од дожд и силен јужен ветер. Причина за тоа е постепеното слабеење на антициклонот и навлегувањето на нова циклонска активност со центар над Џенова, која ќе донесе поинтензивни врнежи и нестабилни услови

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »