Промовирани огласи »

ТРАМП НАЈАВИ НОВИ ЦАРИНИ: На лекови, камиони, мебел

🔴Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 октомври САД ќе воведат 100 проценти царини на увоз на брендирани лекови, 25 проценти царини на тешки камиони, 50 проценти царини на кујнски елементи, додека за тапациран мебел тие ќе изнесуваат 30

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 октомври САД ќе воведат 100 проценти царини на увоз на брендирани лекови, 25 проценти царини на тешки камиони, 50 проценти царини на кујнски елементи, додека за тапациран мебел тие ќе изнесуваат 30 проценти.

Тој изјави дека новите царини на тешки камиони имаат за цел да ги заштитат производителите од „нечесна странска конкуренција“ и дека овој потег ќе им користи на компании како Peterbilt, Kenworth и на Freightliner во сопственост на Daimler. Во контекст на заканите за американското производство, Трамп изрази и загриженост за националната безбедност.

Ни требаат финансиски здрави и силни производители на камиони, од многу причини, но пред сè поради националната безбедност, рече Трамп.

Американската стопанска комора апелираше да не се воведуваат нови царини на камиони, нагласувајќи дека петте земји извознички – Мексико, Канада, Јапонија, Германија и Финска – се сојузници или блиски партнери на САД и не претставуваат закана за националната безбедност.

Мексико е најголем извозник на средни и тешки камиони во САД, а царините би можеле да ја погодат и матичната компанија на Chrysler, Stellantis, која во Мексико произведува Ram камиони и комерцијални комбиња. Пример е и шведската група Volvo, која гради фабрика за тешки камиони вредна 700 милиони долари во Монтереј, Мексико, што треба да почне со работа во 2026 година.

Мексико, исто така, е водечки светски извозник на влечни возила, од кои 95 проценти се наменети за американскиот пазар.

Во однос на лековите, Трамп рече дека новата царина од 100 проенти на секој брендиран или патентиран фармацевтски производ ќе се применува на целиот увоз, освен ако компанијата веќе нема почнато изградба на производствен погон во САД.

Претходно, Американската асоцијација на производители на лекови се спротивстави на царините, истакнувајќи дека 53 проценти од состојките во вредност од 85,6 милијарди долари што се користат во лековите консумирани во САД се произведени во земјата, а остатокот во Европа и други американски сојузници.

Во врска со новите царини на кујнски, бањски и дел од друг мебел, Трамп изјави дека тие се предизвикани од огромното ниво на увоз што им штети на локалните производители. 

Тагови: Доналд Трамп царински тарифи

Промовирани огласи »

Од денеска важат новите правила за пешаците, велосипедистите и возачите - нема користење мобилни и слушалки, ова се казните за непочитување!

Нема користење мобилни, слушалки и други електронски уреди. Ова се казните за непочитување!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува  дека од денеска почнува примената на измените и  дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштат. Новите законски решенија се воведуваат во насока на елиминирање на одредени навики кај пешаците и возачите од определени категории возила.

  • Пешакот е должен кога се движи по коловоз под услови утврдени со  овој закон или кога преминува преку коловозот и велосипедската патека или велосипедската лента, да се движи и преминува внимателно, без притоа да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред со кој би му се намалило вниманието додека ги преминува коловозот и велосипедската патека или велосипедската лента.
  • Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред, со кој би му се намалила можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови.
  • Возачот на електричен тротинет за време на управувањето со возилото  не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред со кои би му се намалила стабилноста и можноста за реагирање и сигурно управување со возилото, освен специјализираните  уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови.

Казните за непочитување на овие одредби се до 50 евра.

Со овие законски измени се поставуваат нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, при што, пешаците, велосипедистети, возачите на електрични тротинети и останатите учесници во сообраќајот предвидени со законското решение, се обврзуваат да учествуваат во сообраќајот без да користат електронски уреди кои им го одвлекуваат вниманието, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. „Целта на ваквите законски измени е созадвање на услови за поголема безбедност, намалување на ризиците и заштита на човечките животи. Во таа насока, Советот упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи безбедноста на патиштата е заедничка одговорност,  на сите нас“, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Тагови: казни Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Погледнете ја најновата прогноза

Променливо време во Македонија – дожд и силен ветер на повеќе места

Очекувајте променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а на поединечни места врнежите ќе бидат поинтензивни (над 20 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени дождови, а на некои локации во котлината се можни поројни врнежи и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Зошто е добро да јадете смокви: 5 клучни бенефити

Смоквите се едно од најстарите и најценети овошја во светот.

Смоквите се едно од најстарите и најценети овошја во светот. Богати со хранливи материи, тие се природен извор на енергија и здравје. Еве пет причини зошто вреди да ги вклучиш во твоето дневно мени:

Богати со влакна

Смоквите содржат високо ниво на растителни влакна кои помагаат за подобро варење и регулирање на дигестивниот систем.

Природен извор на антиоксиданси

Ова овошје е преполно со антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од воспаленија.

Поддршка за здраво срце

Редовното консумирање смокви може да помогне во регулирање на крвниот притисок и холестеролот, што придонесува за поздраво срце.

Богати со витамини и минерали

Смоквите изобилуваат со калциум, калиум, магнезиум и витамин Б6 – хранливи материи неопходни за силни коски и добра енергија.

Природен засладувач

Поради својот природно сладок вкус, смоквите можат да бидат здрава замена за индустриските слатки, што е идеално за оние што внимаваат на исхраната.

Смоквите не се само вкусни, туку и вистинска „бомба“ од хранливи материи. Со редовно консумирање можеш да го подобриш варењето, да го зајакнеш имунитетот и да внесеш природна енергија во секојдневието..

Тагови: здрава храна здравје смокви

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »