Промовирани огласи »

Прв еcенски шопинг викенд во „алфи“ – реални клуб попусти до -70%!

Кога велиш ќе купиш само едно нешто, а Алфи дава -70%

🍂 Есента пристигна, а со неа и првиот есенски викенд во АЛФИ, кој ќе биде одбележан со неверојатни клуб попусти до -70%!

Од 26 до 29 септември 2025, само четири дена, сите верни купувачи ќе имаат можност да уживаат во огромни заштеди и да го подноват својот дом со производи по најреални цени.

👉 На акција се вклучени стотици артикли од реномирани брендови како Fabbygo, Beko, Favorit, Trocal и многу други.

Мебел за бања, електрични апарати, куфери, градинарски сетови, пвц столарија, мали апарати, па дури и големи апарати за домаќинство – сè е дел од специјалната есенска понуда.

✨ Некои од најатрактивните производи што ќе ги најдете овој викенд:

  • 1+1 производ, го купуваш првиот производ по ниска клуб цена а вториот го добиваш на дури -70% КЛУБ ПОПУСТ!
  • Сет куфери 3/1 по клуб цена од 3.490 денари
  • Трамполина 6FT со половина клуб цена – само 4.990 денари.
  • Мебел за бања ENTRY со клуб намалување од -40%.
  • Беко машина за перење со заштеда од 4.000 денари.
  • Плус специјални клуб попусти на PVC столарија Trocal и на цел асортиман мебели за бања (-20%)!

    🎁 Дополнително, со секоја сметка над 3.999 денари, купувачите добиваат ГРАТИС АЛФИ шолја – симбол на благодарност и лојалност од брендот.

    💳 Попустите важат исклучиво со АЛФИ клуб картичка, која може да се добие по симболична цена од само 699 денари, а новите членови добиваат и ГРАТИС електрично ѓезве на подарок.

    📍 Посетете ги продажните салони во Скопје и Куманово или пазарете онлајн на alfi.mk со бесплатна достава за нарачки над 3.499 денари.

    🔔 Не ја пропуштајте оваа прва есенска шанса за паметен шопинг – „АЛФИ“ ви носи реални клуб попусти до -70%, но само од 26 септември до 29 септември!

Тагови: АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР

Промовирани огласи »

Ако користите телефон додека преминувате пешачки казна 40 евра, додека возите тротинет 50 евра - новите правила од утре на сила

Од утре почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – преминувањето пешачки со мобилен телефон на уво или во рака ќе ве чини 40 евра.

Од утре почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе не е „ситница“, туку прекршок кој се плаќа.

  • Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
  • Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.

Законот ги обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење уреди кои го намалуваат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека.

Од Нова година ќе следуваат и уште поригорозни казни за возачите – за минување на црвено и непрописно паркирање, а контролата ќе се врши преку камерите од проектот „Сејф сити“.

Во повеќе европски земји ваквите правила одамна се воведени – во Франција казната за користење тротинет на тротоар е 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра.

На Балканот, Македонија сега важи за една од земјите со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети.

Тагови: закон Министерство за внатрешни работи (МВР) Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

ШОК ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Гигантот што го измисли централното заклучување пропадна по 170 години

Вработува 4.500 луѓе на единаесет локации низ целиот свет

Доставувачот на автоделови Кикерт, познат по своите системи за заклучување, прогласи банкрот, според документите од Окружниот суд во Вупертал.

Според нивните официјални податоци, Кикерт вработува 4.500 луѓе на единаесет локации низ целиот свет. Со пазарен удел од 21 процент, Кикерт опремува приближно еден од три автомобили низ целиот свет со своите системи за заклучување.

Јоаким Екснер од Нирнберг е назначен за стечаен управник за Кикерт АГ и Кикерт Холдинг ГмбХ. Самиот Кикерт сè уште не коментирал. Стечајот првпат го објави списанието Виртшафтсвохе, објавува Билд.

Исплати на плати до крајот на ноември

Благодарение на исплатите од стечајната маса, платите и задоволствата на околу 700 работници во Германија треба да бидат обезбедени до крајот на ноември.

Според податоците од осигурителната компанија за кредити Atradius, бројот на големи банкроти во Германија во првата половина од годината достигна рекордни 207 случаи, што е зголемување од 20% во споредба со претходната година.

Добавувачите на автомобилски производи беа особено погодени, со најголем дел од овие банкроти - дури 29 случаи кај компании со годишен обрт од над десет милиони евра.

Федералниот завод за статистика известува дека вкупно 12.000 банкроти на компании се регистрирани во првите шест месеци - околу 12% повеќе отколку во истиот период минатата година.

Успешната приказна на Кикерт

Пред повеќе од 50 години, Кикерт го разви централното заклучување за автомобили - систем што овозможува сите врати на возилото да се заклучат истовремено. Оваа иновација ѝ овозможи на компанијата да се прошири глобално, сè до денешниот финансиски крах.

Компанијата е основана во 1857 година, објавува Telegraf.

Тагови: автомобили

Промовирани огласи »

Ангелика Буровски: Како Stia перничињата носат еко-иновативност и одржливост

Како една идеја ја претвори љубовта кон природата во Stia – еко перничиња за иднината

Која е Ангелика Буровски?

Родена сум во Швајцарија, со македонски корени од малешевијата, во претприемачко семејство – мајка ми ја водеше финансиската страна, татко ми го водеше бизнисот напред. Од мали нозе бев со него низ магацини и производни хали.
Кога го загубив, на само 16 години, преземав дел од семејниот бизнис. Првиот состанок го имав на 17, малце лудо од оваа перспектива.
Мојот едукативен пат потоа продолжи низ Австралија, Швајцарија и Англија, со студии по бизнис, односи со јавноста, гешталт психотерапија, коучинг, развој на лидери и организациски развој. Но сегашната автентична Ангелика се појави по нереќа што ме разбуди и по која се заљубив повторно во животот.
И покрај здравствени предизвици со кои се соочувам, благодарна сум на се што имам, па и на нив, и они се дел од оваа приказна. Се сметам од секаде и од никаде истовремено, го делам моето време меѓу Берово кај што ми е производството, Скопје, Франција и последно време и Загреб каде што често предавам.

Како дојде идејата за Stia перничињата – имаше ли некој конкретен момент или инспирација што те поттикна?

Идејата се роди од фрустрација. Со години гледав исправни производи кои, поради мали дефекти не ги задоволуваа западните стандарди, и најчесто завршуваа во отпад – на инсинерација или ленд фил. Сакав да најдам начин да ги искористам.
Првиот производ што го создадовме беше Lamia, која апсорбира вода при поплави и протекување, и ќе ја пуштиме на пазарот наскоро. Првичната идеа беше да се направи вреќа за абсорпција на влага, али неуспешно. Но,  при еден дождовен ден, кога само што успеавме да направиме првиот прототип на смесата, вреќата беше оставена на скали во подрум, апсорбираше 50 литри вода од невремето. Тогаш знаев дека имаме нешто вредно.
Тоа беше почетокот. Потоа си реков: Ако може да впива – може ли и да дава вода? Ја адаптиравме формулата.
Така се роди Stia.

Кои беа најголемите предизвици во првите чекори – од идеја до прв прототип?

Сѐ беше предизвик. Секој ден беше нов експеримент. Но имав луѓе што веруваа во мене, без разлика дали јас самата знаев каде одам.
Најважното нешто е поддршката – од мојата мајка, од тимот, од луѓе што рекоа „ајде да пробаме“, вклучително и деловни партнери кои се адаптираа за да најдеме оптимален начин за амбалажа, визуален идентитет, маркетинг.
Тоа е всушност нашиот интерен мото: ајде да пробаме. Па така кога не успевавме со формули за смесата, материјали за перничињата- продолжувавме со ‘ајде да пробаме’
Првичната формула ни беше перничињата да се закопуваат при пресадување, но увидовме дека луѓето немаат време за тоа, па така почнавме да ја развиваме сегашната формула.

Што е за тебе „еко-иновативност“ и како успеваш тоа да го преточиш во конкретен производ?

За мене, „еко“ значи одговорност кон ресурсите што веќе ги имаме и почит кон нашата планета исто колку и луѓето и живите суштества што живеат во неа.
Нашите перничиња се направени од апциклирани материјали (upcycling).
Не се биоразградливи, но затоа спасуваат вода, спасуваат растенија, и спасуваат од грижа на совест кај оние кои не можат секогаш да се грижат за цвеќињата.

Може ли да споделиш некоја интересна ситуација или експеримент додека ги тестираше перничињата на растенијата?

Летото 2024 беше страшно суво и топло. Идеално за да тестираме Stia. И покрај дрвцата кај што немав достапност на вода успеавме да ги спасиме со Stia, сакавме да засадиме и нови. Но земјата беше толку сува, што ниту со сврдел, ниту со копач не можевме да направиме дупки. Еден колега копаше со секира  (можете да замислите која посветеност), резултатите  беа секогаш исти, растенијата остануваа зелени со Stia. Искрено мислам што не водеше беше хуморот во тимот, музиката, посветеноста и желбата да креираме нешто ново. На сликата е тимот (Дани, Горан, Здравко, Адријана, Тања, Ленка, Лидија и јас) со првата вреќа Ламиа. А малото доматче е првата Stia 2 недели без вода на 35c.

Како гледаш на иднината на Stia – дали размислуваш за нови варијанти или производи?

Моментално фокусот ни е на финализирање на производите за извоз. Веќе сме во разговор со партнери во повеќе држави и со нетрпение го очекуваме првиот извоз.

Каква е врската меѓу грижата за растенијата и грижата за себе?

Од моето искуство како гешталт терапевт и коуч, знам дека ратенијата имаат неворајтна моќ да го подобрат менталното здравје, подобрат сонот и многу други бенефити.
Но денес, со обврски, патувања и динамично темпо, многу луѓе – особено мајки и татковци – се чувствуваат виновни што не можат да одржат цвеќе живо.
Stia не е само производ – таа е потсетник дека не мора да бидеш совршена, само треба да ја имаш адекватната поддршка. Stia се грижи кога ти не можеш.
Ова прашање го додадов, ставаме акцент на придобивките на растенијата за нашето ментално здравје. Видете како ви се чини и дали прави смисла да остане.

Кој момент ти донесе најголема гордост досега со Stia?

Најмногу сум горда што не се откажавме, и покрај сите пречки. Што мојот тим не се откажа од мене.
Горда сум што од една идеја, создадовме производ што може да биде дел од решението – не дел од проблемот – во кризата со климатските промени.

Што би им порачала на младите кои имаат идеја што звучи „невозможно“ или премногу амбициозно?

Да се осмелат да пробаат. Да веруваат во својата визија, да ги најдат луѓето што ќе ги поддржат – и да не чекаат совршен момент.
Ништо големо не почнува како совршено. Но ако чекориш со љубопитност, љубов и одлучност – патот ќе се отвори.
Дај еднакво значење на твојата интуиција, емоциите, телесната мудрост и разумот.
Јунг зборуваше за четирите вида на интелигенција што ги носиме – и верувам дека кога ги слушаме сите четири, се отвораат сосема нови можности. И ќе завршам со цитат од Simone de Beauvoir "Change your life today. Don't gamble on the future, act now, without delay". 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »