Повеќе компании во државава кои работат за странски клиенти, често имаат работно време прилагодено на временската зона на клиентот. Кога се работи за американски компании, нивните вработени одат на работа подоцна, на пример од 16 до 24 часот. За повеќето млади, самата помисла да функционираат по таков распоред е неприфатлива, без воопшто подлабоко да размислат за тоа што губат а што добиваат.


Ако ги разгледаме реалните импликации на работењето со вакво работно време, прво, најочигледно и најнегативно е влијанието врз социјалниот живот. Во сите работни денови, во времето за вечерни дружби сте на работа. Кафе пиење, кино, искачанки... Секогаш се случуваат без вас. Второ негативно... Второ нема. И првото, како што споменавме е само во работни денови, значи од понеделник до петок. Сабота и недела сте си слободни целодневно. Во работните денови си спиете до колку ви се спие. Имате време за кафе по град, за опуштено пазарување, физички активности, теретана. Исто така, завршување на сите можни обврски по банки, пошти, институции, без стресови. Социјалниот живот всушност добива на квалитет. Ако земете во предвид дека во ваквите компании и пристојно се заработува, дека вработените се одбрани, квалитетни луѓе со кои можете да комуницирате и да се дружите, и дека условите за работа се најчесто за неколку скалила над просекот фирми, секако дека уште еднаш ќе ја разгледате можноста да работите во компанија која функционира по „Америчко време„. А ако веќе размислувате на оваа тема, погледнете ги отворените работни позиции кај нас, во Agile Pro Solutions. Ви нудиме одлична заработка и прекрасна работна атмосфера во центарот на Скопје. Делувајте прогресивно и прифатете го предизвикот. Ве очекуваме!
Тагови: Agile Pro Solutions