Промовирани огласи »

Нето-платата во јуни 45 468 денари

Иако платата расте, во одредени дејсности се забележува и пад на просечните примања

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3 проценти и Транспорт и складирање за 2.1 процент

Во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68 340 денари.

Тагови: Државен завод за статистика Македонија нето плата

Промовирани огласи »

Одложен новиот систем за влез во ЕУ за Македонците

Новите правила за влез во ЕУ за Македонија се одложени до идната година. Проверете кои се следните чекори за македонските граѓани.

Новите правила за патување во Европската Унија (ЕУ) кои треба да го олеснат влезот во Шенген зоната се одложени за Македонија и ќе стапат на сила идната година. Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој напомена дека Македонија е во активен дијалог со ЕУ за координација на целиот процес.

Николоски на работната средба во Стопанската комора изјави дека новите системи, EES и ETIAS, се два одделни система кои постепено ќе се имплементираат од 2025 и 2026 година. Од Комората укажуваат дека тие ќе претставуваат дополнително оптоварување за транспортните оператори во Македонија поради Шенгенските ограничувања.

Министерот увери дека Македонија ќе направи се што може за македонските граѓани полесно да влегуваат во ЕУ, истакнувајќи дека дигитализацијата на системот е неизбежна. Планирано е целосно да се имплементира EES на 12 октомври 2025 година, додека ETIAS ќе стартува на 10 април 2026 година.

Тагови: EEC ETIAS Александар Николоски

Промовирани огласи »

10 причини зошто вашиот шеф мисли дека не се трудите доволно

Ти даваат повеќе критики отколку пофалби? Ова е причината!

Дури и кога мислите дека вложувате максимален напор, вашиот шеф може да има сосема поинаква слика за вашиот ангажман. Перцепцијата на трудот не секогаш зависи само од резултатите – туку и од однесувањето, комуникацијата и ставот што го покажувате секојдневно.

Еве кои се најчестите причини зошто вашиот шеф може да мисли дека не се трудите доволно:

  • Недоволна комуникација - ако ретко известувате за вашата работа, може да изгледа како ништо да не се случува.
  • Недостиг на иницијатива - чекањето на инструкции наместо предлагање решенија може да остави впечаток дека не сте доволно посветени.
  • Пропуштени рокови - дури и ако причините се оправдани, шефот го гледа како знак на недисциплина.
  • Минимален ангажман - извршување само на „минимумот“ што е побаран може да изгледа како недоволен труд.
  • Слаба енергија и ентузијазам - однесувањето и ставот често се толкуваат како одраз на вложениот труд.
  • Недостаток на тимска работа - ако не соработувате со колегите, може да изгледа како да се дистанцирате од целиот процес.
  • Неизразени резултати - трудот што не е видлив или мерлив лесно се потценува.
  • Отсуство од состаноци или активни дискусии - молчењето може да се протолкува како незаинтересираност.
  • Чести грешки - дури и со многу вложен труд, повторливите грешки го оставаат впечаток дека не сте доволно внимателни.
  • Недостаток на личен развој - ако не учите нови вештини или не покажувате напредок, може да изгледа како стагнација.

Што можете да направите?

  • Бидете проактивни и комуницирајте редовно.
  • Покажете интерес за нови задачи.
  • Докажете ги вашите резултати со конкретни податоци.
  • Работете на личниот развој за да оставите впечаток на континуиран раст.

На крајот, запомнете: понекогаш не е доволно да работите напорно – важно е и како вашиот труд се перцепира.

Прочитајте и за: Ако компанијата не ве цени барајте нова шанса - понекогаш најдоброто решение е промена

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Ќе влезе ли трет мобилен оператор во земјава?

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор.

Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да бидат отворени понудите од тендерот за доделување фреквенции за трет мобилен оператор. Предвиденото јавно наддавање ќе се изврши доколку за исто одобрение за користење радиофреквенции се квалификуваат најмалку двајца понудувачи.

Доколку се заокружи постапката со која што покрај „Македонски Телеком“ и „А1 Македонија“ во државава ќе добиеме нов мрежен оператор, според оценката на експертите од телекомуникациската област, тој ќе цели да преземе дел од пазарот од постоечите мобилни оператори и да навлезе со сервиси кои се помалку достапни на пазарот. Ќе биде клучно да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за изградба на инфраструктура, квалитетот на сервисите и цените. Влезот на новиот оператор е во услови кога од услугите на телекомуикацискиот пазар најниско задоволство има од цените на мобилната телефонија со 55,9 проценти.

Заклучно со првиот квартал од годинава во државава се регистрирани 1.941.996 активни претплатници во мобилната телефонија, во кои удел од 47,69 проценти има А1 Македонија, 46,66 проценти Македонски Телеком, 3,38 проценти на М-ТЕЛ, виртуелниот мобилен оператор што влезе на пазарот во октомври 2022 година, 1,34 проценти на Телекабел, 0,38 проценти Мтелмобајл, 0,10 проценти Греен мобиле.

Новиот оператор треба да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за инфраструктура, квалитетот на сервисите и цените

Влезот на нов мобилен оператор, со сопствена инфраструктура, доколку се реализира ќе биде одлична работа за сите во Македонија, бидејќи може само да ја прошири понудата на телекомуникациски мобилни услуги, да ја зголеми конкуренцијата и дополнително да го раздвижи и да го подобри телекомуникацискиот односно дигиталниот пазар кај нас, изјави за МИА професорор Тони Јаневски, од Институт за телекомуникации на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Според Јаневски, треба да се почека да се види како ќе одвива најавата за влез на нов мобилен оператор, како трет во Македонија, што, потенцира, секако ќе зависи и од стратегијата на АЕК како регулаторно тело, бидејќи новиот оператор ќе треба да добие различни фреквенциски опсези, пред се за 5Г, како за покривање во руралните подрачја, така и за капацитет во урбаните подрачја за работа како мобилен оператор со своја инфраструктура.

Секако генерално пазарот на мобилна телефонија (генерално мобилни услуги, односо сервиси), сега е заситен во секоја земја. Тоа значи дека сите кои сакаат да имаат пристап до мобилни услуги веќе имаат, така што секој нов мобилен оператор ќе цели да преземе дел од пазарот од постоечите мобилни оператори и/или да навлезе на пазарот со сервиси кои се помалку достапни на пазарот, па за евентуалниот нов мобилен оператор клучно ќе биде да обезбеди одличен баланс меѓу трошоците за изградба на инфраструктура, која секако ќе трае со години, а потоа квалитетот на сервисите кои ќе ги понуди (покреност со мобилната мрежа, надежност на мрежата, битски брзини на различни локации во мрежата и нивна одржливост, доценење од крај до крај, итн) и цената на сервисите за даден квалитет на сервисот, за граѓаните и за бизнисите, вели Јаневски.

АЕК, со тендерската постапка што ја објави на 18. минатиот месец, треба да додели одoбренија за три фреквенции, А1 за радиофреквенциски опсег 703-713/758-768 MHz (2×10 MHz) на целата територија, Б1 за радиофреквенциски опсег 1775-1785/1870-1880 MHz (2×10 MHz) и C1 за радиофреквенциски опсег 3.5-3.6 GHz (1×100 MHz). Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надомест за добивање одобрение за користење на радиофреквенции за одобрението А1 изнесува 4.200.000 евра, за В1 1.500.000 евра, а за С1 2.320.000 евра.

Kритериум за избор на најповолен понудувач за доделување на одобренијата е висината на еднократниот надомест.

Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во постапката на јавно наддавање треба да се донесе во рок од 10 дена од отворањето на понудите. Во неа ќе се утврди местото и времето на одржување на јавното наддавање што нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од нејзиното носење.

Понудувачот кој ќе се квалификува за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот износ на пазарната вредност на радиофреквенциите на сметка на АЕК, најдоцна до денот определен за јавно наддавање. Најповолниот понудувач по спроведеното јавно надавање, разликата помеѓу понудената цена на еднократниот надомест за добивање на одобрението за користење на радиофреквенции и уплатениот депозит треба да ја плати на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка во рок од 10 дена од денот на приемот на одлуката за избор на најповолен понудувач. Учесниците на наддавањето, домашно и странско физичко или правно лице, меѓу останатото, не треба да поседуваат јавна радио комуникациска мрежа на територијата на Република Македонија. Треба да дадат писмена изјава дека ќе започне да ги користи радиофреквенциите определени во одобренијата до крајот на 2026 година. Одобренијата A1 и С1 се издаваат за период од 12 години, а одобрението В1 за осум години.

АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаa Писмa за искажување интерес од три заинтересирани страни: ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В.

Во државава има 681.997 резиденцијални при-пеид 1.010.947 пост-пеид претплатници, како и 249.052 деловни пост пеид. Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во првите три месеци од годинава Македонски Телеком има удел од 49,77, А1 Македонија од 47,71 процент, МТЕЛ, 1,34 проценти,Телекабел, 0,81 процент, Мтелмобајл, 0,25 проценти, Греен Мобиле, 0,12 проценти.

Според Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на минатиот месец, најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти. Анкетата покажала дека 68,9 проценти од испитаниците имаат двегодишен договор со некој од операторите, а 23,5 проценти немаат потпишано договор со временска рамка. Мнозинството од корисниците што склучуваат договор доплатиле за телефонски апарат (61 процент) или добиле телефонски апарат бесплатно (24,8 проценти). Најголем дел од испитаниците или 90 проценти користат интернет преку мобилниот телефон. Во врска со оваа услуга најголем степен на задоволство кај испитаниците има во однос на достапноста и брзината на мобилниот интернет (92 проценти), додека понизок во однос на цената на услугата (78 проценти).

Претплатниците во мобилната телефонија во државава, во четвртиот квартал лани, просечно иницирале 107,96 повици месечно, а зборувале 235,9 минути. 

Тагови: Македонија мобилен оператор АЕК

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »